ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/7 стр. 18
  • Метузалем на планината

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Метузалем на планината
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Дрвја што го издржуваат испитот на времето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали навистина живееле толку долго?
    Разбудете се! 2007
  • Дали луѓето во библиски времиња живееле толку долго?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Создадени за да живееме вечно
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
Разбудете се! 2004
g04 8/7 стр. 18

Метузалем на планината

НА БЕЛИТЕ ПЛАНИНИ во западниот дел на Соединетите Држави, на надморска височина од 3.000 метри живее, како што се мисли, најстарото дрво во светот — глуждовитиот бор наречен Метузалем, познат и како Старец. Се проценува дека со својата старост од над 4.700 години, Метузалемот е најстариот жител на една шумичка од древни глуждовити борови позната како Метузалемова шумичка.a

Овие дрвја можат да издржат во сурова средина. „Просечниот воден талог изнесува помалку од 300 милиметри годишно, и најчесто е во вид на снег, така што има многу малку влага“, вели еден извештај во списанието New Scientist. „Освен тоа, овие дрвја растат на доломит, еден облик на варовник што содржи многу малку хранливи материи.“ Исто така, „температурите се екстремни и дуваат силни ветришта“.

Сепак, токму овие услови придонесуваат за долговечноста на овие дрвја. „Средината е толку сува што дури и вирусите и бактериите тешко преживуваат. А стеблото [на глуждовитиот бор] е толку компактно и богато со смола што во него не можат да продрат штетни инсекти. Громовите можат да бидат една опасност, но овие дрвја се доволно оддалечени едно од друго за да не се прошири пожарот“, се објаснува во New Scientist.

Сезоната на растење на овие дрвја трае околу 45 дена. Тие ги чуваат своите ограничени резерви на енергија со тоа што растат многу бавно. Обемот им се зголемува само за 2,5 сантиметри во 100 години, а игличките (лисјата) живеат по 30 години. Највисокото дрво е високо околу 18 метри. Истражувачите проценуваат дека најстарите борови можеби ќе живеат уште пет века.

Во последниве години, луѓето што сакаат да го продолжат човечкиот животен век покажуваат голем интерес за глуждовитиот бор, надевајќи се дека ќе ги откријат неговите тајни. Меѓутоа, до вистинскиот клуч за долговечноста може да се дојде многу полесно отколку тој да се бара високо на некоја планина, во некое старо дрво полно со глуждови. Најстарата книга во светот, Библијата, вели: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Тоа спознание им е достапно на сите. Зошто не истражите сами за што станува збор?

[Фуснота]

a Метузалем, дедото на Ное, живеел 969 години — најдолго од сите луѓе спомнати во библискиот извештај (Битие 5:27; Лука 3:36, 37).

[Слика на страница 18]

Еден глуждовит бор во Метузалемовата шумичка

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели