ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Немој да заспиеш во духовен поглед кога ќе ти се сменат околностите
Промените се составен дел од животот, посебно во овие последни денови (1Ко 7:31). Сеедно дали се очекувани или неочекувани, на подобро или на полошо, промените може да нѐ успорат во духовен поглед и да нѐ оддалечат од Јехова. Што ќе ни помогне да не заспиеме во духовен поглед кога доживуваме промени? Гледај го видеоклипот Остани духовно јак и покрај преселбата, а потоа одговори на следниве прашања:
Каков совет му даде еден брат на таткото?
Како начелото од Матеј 7:25 му помогна на ова семејство?
Како сите во семејството однапред го планираа селењето, и како ова им помогна?
Што им помогна да се прилагодат на собранието и на подрачјето?
Кои покрупни промени ги доживеав неодамна?
Како можам поуките од овој видеоклип да ги применам во мојата ситуација?