ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Мудро избирај ги пријателите
Она што им се случило на Израелците во моавските рамници служи како предупредување за христијаните денес (1Ко 10:6, 8, 11). Израелците кои почнале да се дружат со жените од Моав што биле неморални и обожавале лажни богови направиле сериозни гревови. Тоа имало страшни последици (4Мо 25:9). Ние денес сме опкружени со колеги, соученици, соседи, роднини и други луѓе кои не му служат на Јехова. Што учиме од овој библиски извештај за тоа колку е опасно да бидеме пријатели со оние што не му служат на Јехова?
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРИМЕРИ ЗА НАШЕВО ВРЕМЕ — ИЗВАДОК, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Кои погрешни ставови можеа да се забележат кај Зимриј и другите од она што му го кажуваа на Јамин?
Како Финес му помогна на Јамин да гледа исправно на работите?
Која е разликата меѓу тоа да се однесуваш пријателски со некој што не му служи на Јехова и да му бидеш пријател?
Зошто треба дури и во собранието да избираме кои ќе ни бидат блиски пријатели?
Зошто не треба да учествуваме во групи за допишување на социјалните мрежи со луѓе кои не ги познаваме?