ДА ЖИВЕЕМЕ КАКО ХРИСТИЈАНИ
Млади — разговарајте искрено и отворено со вашите родители
Зошто е важно отворено да зборувате со вашите родители? (Из 23:26). Бидејќи Јехова им дал одговорност да се грижат за вас и да ви го даваат потребното водство (Пс 127:3, 4). Ако не им кажувате што сѐ ве мачи, нема да можат да ви помогнат. Освен тоа, така нема да учите од искуството што го стекнале во животот. А дали е во ред некои работи да не им ги кажете на родителите? Да, сѐ додека не ги наведувате на погрешни заклучоци и не криете од нив информации што треба да ги знаат (Из 3:32).
Што ќе ви олесни да зборувате со вашите родители? Одберете време кое ќе биде погодно и за вас и за нив. Ако тоа е предизвик, би можеле на едниот од нив да му напишете писмо во кое ќе опишете како се чувствувате. Но, што ако тие сакаат да зборуваат за нешто за кое вие не сакате? Имајте на ум дека тие навистина сакаат да ви помогнат. Гледајте на нив како на сојузници, а не како на непријатели. Тоа што ќе се трудите отворено да разговарате со родителите ќе ви користи понатаму во животот, и тоа во сета вечност! (Из 4:10-12).
ГЛЕДАЈ ГО ВИДЕОКЛИПОТ МОИТЕ ТИНЕЈЏЕРСКИ ГОДИНИ — КАКО ДА ЗБОРУВАМ СО РОДИТЕЛИТЕ?, А ПОТОА ОДГОВОРИ ГИ СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Што сфатиле Естер и Партик за себе?
Што можеш да научиш од примерот на Исус?
Како твоите родители покажуваат дека се грижат за тебе?
Твоите родители сакаат да успееш во животот
Кои библиски начела би можеле да ти помогнат да зборуваш со родителите?