20-26 АПРИЛ
ИСАИЈА 54 — 55
Песна 86 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Колку си спремен да платиш?
(10 мин.)
Јехова ветил дека ќе ги поучува своите синови (Иса 54:13; w09 15/9 21, пас. 3)
Мора да ја купуваме вистината со нашето време (Иса 55:1, 2; w18.11 4-5, пас. 6-7)
Треба да вложиме труд за да слушаме внимателно, но тоа може да ни го спаси животот (Иса 55:3; be 14, пас. 3-5)
ПРАШАЈ СЕ: „Како можам да ги подобрам моите навики на проучување?“
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 54:17 — На кои три важни работи нѐ потсетува првиот дел од овој стих? (w19.01 6, пас. 14-15)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 54:1-10 (th лекција 11)
4. Започнување разговори
(2 мин.) ОД КУЌА ДО КУЌА. Разговарај со станарот за некоја од вистините кои се наведени во додатокот А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 1: точка 4)
5. Започнување разговори
(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Разговарај со лицето за некоја од вистините кои се наведени во додатокот А од брошурата Сакај ги луѓето. (lmd лекција 2: точка 3)
6. Правење повторни посети
(2 мин.) СВЕДОЧЕЊЕ НА ЈАВНИ МЕСТА. Дај му на лицето визит-картичка. (lmd лекција 9: точка 3)
7. Говор
(5 мин.) be 28, пас. 3 — 31, пас. 2 — Тема: Како се проучува. (th лекција 14)
Песна 97
8. Не дозволувај ништо да те спречи редовно да проучуваш
(15 мин.) Дискусија.
Многу работи можат да ни отежнат редовно да ја проучуваме Библијата. Замисли дека се обидуваш да охрабриш некој соверник кому не му е лесно секој ден да ја чита Библијата и редовно да проучува. Тој спомнува неколку тешкотии со кои се соочува. За секоја од нив, запиши барем еден практичен предлог, библиско начело, видеоклип или статија што може да му помогне.
„Не знам добро да читам“
„Не уживам во проучувањето“
„Не знам од каде да почнам да ја читам Библијата и колку материјал да читам секој ден“
„Има толку многу материјал за проучување. Не знам што да проучувам секоја седмица“
„Многу сум зафатен и тешко ми е да најдам време за да проучувам“
„Тешко ми е да се концентрирам и понекогаш не можам да го запомнам она што сум го прочитал“
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Како длабоко да проучуваш. Потоа, прашај ги присутните:
Кои предлози од видеоклипот сметаш дека ќе ти користат при твоето лично проучување?
9. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 78-79