27 АПРИЛ — 3 МАЈ
ИСАИЈА 56 — 57
Песна 12 и молитва | Воведни зборови (1 мин.)
1. Среќни сме што Јехова е наш Бог
(10 мин.)
Идолите не можат да ги спасат оние што ги повикуваат за помош (Иса 57:13; ip-2 269-270, пас. 14-16)
Луѓето кои не му служат на Јехова се поделени и немаат мир (Иса 57:20; w18.06 7, пас. 16)
Нема мир за злите (Иса 57:21; w07 15/1 10, пас. 11)
ПРАШАЈ СЕ: Како тоа што сум близок со Јехова ми помага да имам подобар живот?
2. Духовни бисери
(10 мин.)
Иса 56:6, 7 — Како се исполнува ова пророштво? (w07 15/1 10, пас. 3; w06 1/11 27, пас. 1)
Кои духовни бисери од читањето на Библијата за оваа седмица би сакал да ги споделиш?
3. Читање на Библијата
(4 мин.) Иса 56:4-12 (th лекција 5)
4. Започнување разговори
(3 мин.) НЕФОРМАЛНО СВЕДОЧЕЊЕ. Кажи му на лицето нешто што си научил на неодамнешен состанок. (lmd лекција 2: точка 4)
5. Објасни ги своите верувања
(5 мин.) Говор. ijwbq статија 90 — Тема: Дали мора да припаѓаме на некоја религија? (th лекција 16)
6. Водење библиски курсеви
(4 мин.) lff лекција 19: точка 4 (lmd лекција 11: точка 3)
Песна 58
7. Никогаш немој да престанеш да зборуваш за Јехова
(15 мин.) Дискусија.
Луѓето кои не му служат на Јехова немаат сигурно водство, немаат смисла во животот ни надеж за подобра иднина. Сепак, многумина ја отфрлаат пораката за Царството без да се свесни колку ќе им користи вистината. Подолу се наведени некои причини зошто не се обесхрабруваме ниту откажуваме дури и кога луѓето не нѐ слушаат (Про 11:6).
Нашето подрачје постојано се менува. Станарите кои не биле заинтересирани можеби се отселиле, и новите станари можеби ќе сакаат да слушаат
На врата може да излезе некој друг. Можеби ќе ни отвори родител кој е на постара возраст, некој нов цимер, некој гостин или некој што кога претходно сме биле на таа врата сѐ уште бил дете
Луѓето се менуваат (1Ти 1:13). Луѓето може да се сменат и да бидат поспремни да слушаат затоа што условите во светот стануваат сѐ полоши или затоа што доживеале некоја трагедија
Нашата истрајност покажува дека го сакаме Јехова (Лк 6:45; 1Јо 5:3).
Пушти го ВИДЕОКЛИПОТ Јехова „не е далеку“. Потоа, прашај ги присутните:
Што научи во врска со тоа колку е важно да продолжиме да проповедаме без оглед на околностите?
8. Собраниско проучување на Библијата
(30 мин.) lfb поглавја 80-81