ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w21 Јули стр. 30-стр. 31 пас. 4
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Сличен материјал
  • Бракот — дар од Бог
    Зачувај ја Божјата љубов
  • Како можеш да најдеш брачен другар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
w21 Јули стр. 30-стр. 31 пас. 4
Два мобилни телефони со екраните свртени еден кон друг. Од едниот екран излегува машка рака во која има букет цвеќе, а од другиот екран излегува женска рака која посегнува по букетот.

Прашања од читателите

Дали е мудро Јеховините сведоци да користат интернет-страници за запознавање за да си најдат брачен другар?

Јехова сака бракот да биде трајна заедница во која сопружниците ќе бидат среќни и блиски еден со друг (Мат. 19:4-6). Доколку сакаш да стапиш во брак, што може да ти помогне да најдеш добар брачен другар? Како наш Творец, Јехова знае што е потребно за да имаме среќен брак. Затоа, ако ги применуваш начелата што тој ни ги дал, тоа ќе биде за твое добро. Да разгледаме некои од тие начела.

Прво, треба да бидеме свесни за оваа вистина: „Срцето е поизмамливо од сѐ друго и е готово на сѐ“ (Ерем. 17:9). Кога двајца што сакаат да стапат во брак ќе почнат да се запознаваат, можат брзо да развијат силни чувства еден кон друг. Поради тоа, може да им биде тешко да носат мудри одлуки. Оние што избрзано решаваат да стапат во брак само на темел на своите чувства, на крајот обично се повредени и разочарани (Изр. 28:26). Затоа не е мудро оние што се во врска прерано да си изразуваат романтични чувства или, пак, да си даваат некакви ветувања за нивната иднина доколку сѐ уште не се запознале добро.

Во Изреки 22:3 пишува: „Паметниот човек го гледа злото и се трга, а глупавите одат понатаму и ја трпат казната“. Кои се некои опасности во врска со користењето на интернет-страници за запознавање? За жал, некои што започнале врска со непознато лице на интернет горко се разочарале бидејќи тоа лице си поиграло со нивните чувства. Освен тоа, некои нечесни луѓе прават лажни интернет-профили за да извлечат пари од некој што е наивен. Понекогаш таквите лица тврдат дека се Јеховини сведоци.

Еве уште еден ризик. Некои интернет-страници за запознавање користат математички алгоритми за да одредат кои луѓе меѓусебно би си одговарале. Сепак, нема никакви докази дека таквите методи се успешни. Дали би било мудро да имаш доверба во компјутерска програма направена од човек кога станува збор за една толку важна одлука како што е изборот на брачен другар? Зарем таквите програми воопшто можат да се споредат со библиските начела? (Изр. 1:7; 3:5-7).

Едно такво начело е запишано во Изреки 14:15, каде што стои: „Лековерниот верува на секој збор, а паметниот внимава на своите чекори“. Пред да заклучиш дека некој ќе ти одговара за брачен другар, треба добро да го запознаеш. Но, тешко дека ќе успееш во тоа ако користиш интернет-страници за запознавање. Дури и ако си ги гледате профилите еден на друг и комуницирате доста време преку интернет, дали можеш да кажеш дека добро се познавате? Некои што мислеле дека ја пронашле љубовта на својот живот крајно се разочарале кога го сретнале тоа лице во живо.

Псалмистот рекол: „Не седам со луѓе што зборуваат невистина и не одам кај оние што прикриваат какви се“ (Пс. 26:4). За многу луѓе е сосема нормално да ставаат неточни информации на своите интернет-профили за да се претстават во што поубаво светло. Тие можеби кријат какви личности се или, пак, нивните лоши особини едноставно не доаѓаат до израз кога комуницираат со другите преку интернет. Некој можеби тврди дека е Јеховин сведок, но дали е крстен? Дали е духовно зрела личност? Дали има близок однос со Јехова? Дали браќата и сестрите од неговото собрание имаат убаво мислење за него или можеби не го сметаат за добар пример, па дури и гледаат на него како на лошо друштво? (1. Кор. 15:33; 2. Тим. 2:20, 21). И, според библиските начела, дали тоа лице е слободно да стапи во брак? Многу е важно да ги знаеш овие работи, но тешко дека ќе ги дознаеш ако не разговараш со некои Јеховини сведоци кои добро го познаваат (Изр. 15:22). И, се разбира, еден верен слуга на Јехова нема ни да помисли да стапи во брак со некој што не е во вистината, и така да се впрегне „во нееднаков јарем“ (2. Кор. 6:14; 1. Кор. 7:39).

Навистина има многу опасности поврзани со користењето на интернет-страници за запознавање. Сепак, има далеку подобри начини да најдеш и да запознаеш некој со кого ќе можеш да стапиш во брак. Каде можеш да најдеш соодветен брачен другар? Доколку е дозволено слободно да се собираме, можеме лично да запознаеме други Јеховини сведоци, на пример, додека присуствуваме на нашите состаноци, собири, конгреси или на некои други настани.

Дечко и девојка седат заедно во кафуле и уживаат во заеднички разговор.

Тоа што ќе поминувате време заедно ќе ви помогне појасно да видите дали имате слични цели и вредности

Доколку не можеме заедно да се собираме, на пример, како за време на пандемијата со КОВИД-19, се приклучуваме на состаноците со помош на електронски уреди, и така имаме можност да запознаеме други Јеховини сведоци кои не се во брак. Тоа ќе ти даде можност да видиш како ги изнесуваат своите задачи и да ги слушнеш нивните коментари со кои ја изразуваат својата вера (1. Тим. 6:11, 12). По состанокот, кога присутните се делат на помали групи, можеби ќе можеш да зборуваш со личноста за која си заинтересиран. Исто така, кога се организираат виртуелни дружења со други Јеховини сведоци, можеш да видиш како тоа лице се однесува со другите. Така ќе можеш да забележиш какви особини има (1. Пет. 3:4). Со текот на времето, откако подобро ќе се запознаете, ќе може да видите дали имате слични цели и вредности и дали вистински си одговарате.

Кога некој се потпира на библиските начела додека бара соодветен брачен другар, поголема е веројатноста да има среќен брак. Тогаш на своја кожа ќе ја почувствува вистинитоста на оваа изрека: „Кој нашол добра жена [или добар маж] нашол добро, и кон него Јехова покажува наклоност“ (Изр. 18:22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели