ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w24 Мај стр. 20-25
  • Како можеш да најдеш брачен другар

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можеш да најдеш брачен другар
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАКО МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ СООДВЕТЕН БРАЧЕН ДРУГАР
  • ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ ЗА ДА НАБЉУДУВАШ
  • КАКО МОЖЕШ ДА ЗАПОЧНЕШ ВРСКА
  • КАКО МОЖАТ ДРУГИТЕ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК?
  • Како да имаш успешна врска
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Подготовка за успешен брак
    Тајната на семејната среќа
  • Бидете верни еден на друг
    Твоето семејство може да биде среќно
  • Бракот — дар од Бог
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
w24 Мај стр. 20-25

СТАТИЈА ЗА ПРОУЧУВАЊЕ 21

ПЕСНА 107 Да покажуваме љубов како Бог

Како можеш да најдеш брачен другар

Кој ќе најде вредна жена? Таа вреди многу повеќе од бисери (ИЗР. 31:10)

ЦЕЛ НА СТАТИЈАТА

Да разгледаме библиски начела кои можат да му помогнат некому да најде соодветен брачен другар и да видиме како можат другите во собранието да им помогнат на оние кои сакаат да стапат во брак.

1-2. а) Пред да започне врска, за што треба внимателно да размисли еден христијанин кој не е во брак? б) На што се мисли со зборот „врска“ во оваа статија? (Види во „Појаснување“.)

ДАЛИ би сакал да стапиш во брак? Иако бракот не е неопходна работа за некој да биде среќен, многу христијани кои не се во брак — без разлика дали се млади или стари — имаат желба да најдат брачен другар. Се разбира, пред да започнеш врска со некого, треба да имаш добар однос со Јехова, добро да се познаваш себеси и да бидеш во состојба да се грижиш за финансиските одговорности кои ги носи бракотa (1. Кор. 7:36). Ако тоа е случај со тебе, постои поголема веројатност дека ќе имаш среќен брак.

2 Сепак, не е секогаш лесно да се најде соодветен брачен другар (Изр. 31:10). Па дури и ако најдеш некого кого би сакал подобро да го запознаеш, можеби нема да биде лесно да започнеш врска.b Во оваа статија ќе разгледаме што може да им помогне на оние христијани кои не се во брак да најдат некој за кој сметаат дека би им бил добар брачен партнер и да започнат врска. Исто така, ќе дознаеме како можат другите во собранието да им помогнат на оние кои сакаат да стапат во брак.

КАКО МОЖЕШ ДА НАЈДЕШ СООДВЕТЕН БРАЧЕН ДРУГАР

3. За кои работи треба да размисли еден христијанин кој сака да најде брачен партнер?

3 Ако сакаш да стапиш во брак, пред да започнеш да се запознаваш со некого треба да знаеш кои особини сакаш да ги има твојот брачен партнер. Во спротивно, би можел да не забележиш некој што би ти бил добар брачен партнер или да започнеш врска со некој што не е соодветен за тебе. Се разбира, оној со кого сакаш да започнеш врска треба да биде крстен Јеховин слуга (1. Кор. 7:39). Но, не значи дека секој крстен слуга ќе биде добар брачен другар за тебе. Затоа, би можел да се прашаш: „Кои се моите цели во животот? Кои особини ми е важно да ги има мојот брачен партнер? Дали моите очекувања се разумни?“

4. За што се молат некои додека се обидуваат да најдат брачен другар?

4 Ако сакаш да стапиш во брак, сигурно се молиш во врска со тоа (Фил. 4:6). Се разбира, Јехова не ветува дека секој негов слуга ќе најде брачен партнер. Но тој се грижи за твоите потреби и чувства и може да ти помогне додека се обидуваш да најдеш брачен партнер. Затоа, продолжи да му кажуваш кои се твоите желби и како се чувствуваш (Пс. 62:8). Моли се за стрпливост и за мудрост (Јак. 1:5). Џон,c еден неженет брат од САД, објаснува што вклучува во своите молитви: „Му кажувам на Јехова какви особини сакам да има мојата сопруга. Се молам да ми се пружат прилики во кои ќе запознаам некоја сестра која би можела да биде добра сопруга за мене. Исто така, го молам Јехова да ми помогне да развијам особини кои ќе ми помогнат да бидам добар сопруг“. Тања, една сестра од Шри Ланка, вели: „Додека барам потенцијален брачен другар, го молам Јехова да ми помогне да му останам верна и да бидам позитивна и радосна“. Дури и ако не најдеш веднаш некој кој би можел да ти биде брачен другар, Јехова ветува дека ќе продолжи да се грижи за твоите физички и емоционални потреби (Пс. 55:22).

5. Во кои прилики оние што не се во брак можат да запознаат некој што го сака Јехова? (1. Коринќаните 15:58; види ја и сликата).

5 Библијата нѐ поттикнува да бидеме „зафатени во делото на Господарот“. (Прочитај 1. Коринќаните 15:58.) Ако си зафатен во службата за Јехова и ако поминуваш време со различни браќа и сестри, не само што ќе уживаш во добро друштво туку и ќе имаш прилики да запознаеш други браќа и сестри кои не се во брак и кои, исто како тебе, се посветени на службата за Јехова. А додека даваш сѐ од себе за да го радуваш Јехова, ќе бидеш вистински среќен.

Слики: 1. Една немажена сестра радосно разговара со една постара сестра додека се во служба на проповедање. 2. Немажената сестра послужува храна за време на изградба на теократски објект. 3. Еден неженет брат придружува еден старешина на пастирска посета во домот на еден брачен пар. 4. Неженетиот брат работи со моторна пила за време на изградбата на истиот теократски објект.

Ако си зафатен во службата за Јехова и минуваш време со различни браќа и сестри, ќе имаш можност да запознаеш други кои се заинтересирани за брак (види во пасус 5)


6. Додека се трудат да најдат брачен партнер, што треба да имаат на ум оние кои не се во брак?

6 Сепак, внимавај на следново: Додека се трудиш да најдеш брачен другар, не дозволувај тоа да стане најважното нешто во твојот живот (Фил. 1:10). Вистинската среќа не зависи од тоа дали си во брак, туку од твојот однос со Јехова (Мат. 5:3). А додека си самец, имаш поголема слобода и можеш да правиш повеќе во службата за Јехова (1. Кор. 7:32, 33). Затоа, добро искористи го тоа време. Џесика, една сестра од САД која се омажила кога имала речиси 40 години, вели: „Пред да стапам во брак, бев зафатена во службата и тоа ми помогна да бидам задоволна и покрај тоа што сакав да се омажам“.

ОДВОЈ СИ ВРЕМЕ ЗА ДА НАБЉУДУВАШ

7. Зошто е мудро да одвоиш време да набљудуваш некого пред да му кажеш дека чувствуваш нешто за него? (Изреки 13:16).

7 Што ако за некого мислиш дека би ти бил добар брачен партнер? Дали треба веднаш да му кажеш што чувствуваш? Библијата вели дека една мудра личност стекнува знаење пред да направи нешто. (Прочитај Изреки 13:16.) Затоа би било мудро, пред да покажеш дека се интересираш за некого, дискретно да го набљудуваш. Ешвин, еден брат од Холандија, вели: „Чувствата можат брзо да се развијат, но и брзо да исчезнат. Значи, со тоа што ќе си дадеш време за да набљудуваш некого, нема да започнеш врска која се темели само на моментални чувства“. Освен тоа, додека ја набљудуваш другата личност, можеби ќе сфатиш дека не е вистинската личност за тебе.

8. Како може некој што не е во брак да набљудува некого за да види дали би му одговарал како брачен партнер? (Види ја и сликата.)

8 Како можеш дискретно да ја набљудуваш другата личност? На собраниските состаноци или додека се дружите со други браќа и сестри, можеби ќе забележиш некои работи во врска со духовноста, особините и однесувањето на тоа лице. Кои се негови пријатели и за што зборува? (Лука 6:45). Дали имате слични цели? Можеш да зборуваш со старешините од неговото собрание или со други зрели браќа и сестри кои добро го познаваат (Изр. 20:18). Можеш да прашаш на каков глас е и какви особини има (Рут 2:11). Додека го набљудуваш лицето, внимавај да не предизвикаш да се чувствува непријатно. Почитувај ги неговите чувства и неговата приватност, и немој да го следиш на секој чекор.

Слики: Немажената сестра и неженетиот брат, кои беа прикажани на сликите претходно, дискретно се набљудуваат еден со друг на собраниските состаноци. 1. Сестрата набљудува како братот се однесува со еден постар брачен пар. 2. Братот ја набљудува сестрата додека изнесува задача на еден собраниски состанок.

Пред да кажеш некому дека ти се допаѓа, дискретно набљудувај го некое време (види во пасуси 7-8)


9. Пред да пристапиш некому за кого мислиш дека би ти одговарал за брачен другар, во што треба да бидеш сигурен?

9 Колку долго треба да набљудуваш некого пред да му кажеш дека си заинтересиран за него? Ако му пристапиш пребрзо, тој би можел да заклучи дека носиш одлуки непромислено (Изр. 29:20). Од друга страна, ако чекаш премногу долго, другиот би можел да си помисли дека си неодлучен, особено ако сфатил дека се интересираш за него (Проп. 11:4). Имај на ум дека, пред да пристапиш некому, не мора да бидеш сигурен дека ќе стапиш во брак со него. Но, треба да бидеш сигурен дека си спремен за брак и дека другата личност би можела да ти одговара за брачен другар.

10. Што треба да правиш ако сфатиш дека некој е заинтересиран за тебе, но ти не си заинтересиран за него?

10 Но, што ако сфатиш дека некој е заинтересиран за тебе? Ако ти не си заинтересиран за него, обиди се јасно да го покажеш тоа со твоите постапки. Не би било љубезно да оставиш впечаток дека сакаш да започнеш врска со некого ако, всушност, немаш таква намера (1. Кор. 10:24; Еф. 4:25).

11. Ако посредуваш за врска или за брак, што треба да земеш предвид?

11 Во некои земји, се очекува родителите или некое друго возрасно лице да одберат брачен другар за некој свој роднина кој не е во брак. Во други земји, семејството или пријателите наоѓаат потенцијален брачен другар за оној што не е во брак, и потоа договараат средба за момчето и девојката да видат дали си одговараат. Ако си замолен да посредуваш за врска или за брак, земи ги предвид желбите и потребите на двете страни. Ако сметаш дека некој би бил добар брачен другар за твојот пријател или роднина, обиди се добро да ја запознаеш личноста за да видиш какви особини има и, што е најважно, дали е духовна личност. Блискиот однос со Јехова е многу поважен од парите, образованието или социјалниот статус. Но, не заборавај дека братот и сестрата кои се самци треба да ја донесат конечната одлука дали ќе стапат во брак (Гал. 6:5).

КАКО МОЖЕШ ДА ЗАПОЧНЕШ ВРСКА

12. Ако си заинтересиран да започнеш врска со некого, како можеш да му го кажеш тоа?

12 Ако сакаш да започнеш врска со некого, како можеш да му го кажеш тоа?d Би можел да се договориш со тоа лице да разговарате — или на некое јавно место или преку телефон. Јасно дај му до знаење кои се твоите намери (1. Кор. 14:9). Ако е потребно, дај му време за да размисли што да ти одговори (Изр. 15:28). Ако лицето не е заинтересирано за врска, тогаш почитувај ги неговите чувства.

13. Што можеш да направиш ако некој ти каже дека сака да започне врска со тебе? (Колошаните 4:6).

13 Што ако некој ти каже дека е заинтересиран за тебе? Веројатно му била потребна храброст, и затоа покажи љубезност и почит. (Прочитај Колошаните 4:6.) Ако ти е потребно време за да размислиш дали се согласуваш да стапиш во врска, кажи го тоа. Но, потруди се да одговориш што е можно побрзо (Изр. 13:12). Ако немаш намера да започнеш врска со тоа лице, кажи му го тоа љубезно и јасно. Забележи како Ханс, еден брат од Австрија, ѝ одговорил на една сестра кога таа му кажала дека сака подобро да го запознае. Тој вели: „Ѝ ја кажав мојата одлука тактично, но јасно. Го направив тоа веднаш бидејќи не сакав да ѝ дадам лажна надеж. Од истата причина, после тој разговор внимавав како се однесувам со неа“. Од друга страна, ако се согласиш да започнеш врска со тоа лице, кажи му го тоа, и потоа отворено разговарајте како очекувате да се одвива вашата врска. Твоите очекувања можат да бидат поинакви од очекувањата на другиот во зависност од разликите во културата или од други фактори.

КАКО МОЖАТ ДРУГИТЕ ДА ИМ ПОМОГНАТ НА ОНИЕ КОИ НЕ СЕ ВО БРАК?

14. Како можеме со нашите зборови да им помогнеме на оние христијани кои се самци?

14 Како можеме да ги охрабриме и да им помогнеме на оние кои сакаат да стапат во брак? Еден начин е така што ќе внимаваме што зборуваме (Еф. 4:29). Би можеле да се прашаме: „Дали правам шеги на сметка на оние кои сакаат да стапат во брак? Кога ќе видам дека разговараат еден брат и една сестра кои се самци, дали си претпоставувам дека има нешто меѓу нив?“ (1. Тим. 5:13). Освен тоа, никогаш не треба да придонесеме оние што не се во брак да се чувствуваат дека се за жалење или дека се помалку вредни од другите. Ханс, кого го спомнавме претходно, вели: „Некои браќа и сестри ми велат: ’Зошто не се ожениш? Не си веќе толку млад‘. Поради ваквите коментари, оние што не се во брак можеби ќе се чувствуваат дека не се ценети, и тоа само им го зголемува притисокот што можеби го чувствуваат да стапат во брак“. Многу подобро е да бараме прилики да ги пофалиме оние христијани кои се самци! (1. Сол. 5:11).

15. а) Според начелото од Римјаните 15:2, што треба да земеме предвид пред да му помогнеме некому да си најде брачен партнер? (Види ја и сликата.) б) Кои важни поуки ги научи од видеоклипот?

15 Што ако мислиме дека некој брат и некоја сестра би биле добар пар? Библијата вели да ги земаме предвид чувствата на другите. (Прочитај Римјаните 15:2.) Многу браќа и сестри кои не се во брак не сакаат другите да ги запознаваат со некој потенцијален брачен другар, и ние треба да го почитуваме тоа (2. Сол. 3:11). Други можеби би сакале таква помош, но ние не треба да преземеме нешто доколку самите не ни кажатe (Изр. 3:27). Некои сакаат да започнат врска на начин кој не е толку формален. Лидија, една немажена сестра од Германија, вели: „Би можел да ги поканиш братот и сестрата на дружење во поголема група. Едноставно, создај прилика за тие да поминат време заедно, а останатото остави им го ним“.

Немажената сестра и неженетиот брат разговараат на едно дружење.

Дружењето во поголема група им дава можност на двајца христијани кои се самци да поминат време заедно (види во пасус 15)


16. Што треба да имаат на ум оние кои не се во брак?

16 Сите ние, без разлика дали сме во брак или не, можеме да имаме среќен и исполнет живот! (Пс. 128:1). Затоа, ако сакаш да стапиш во брак, но сѐ уште не си нашол некого, остани посветен на твојата служба за Јехова. Една сестра од Макао, по име Син Ји, вели: „Во споредба со времето што ќе го поминеш со твојот сопружник во рајот, времето што ќе го поминеш како самец е релативно кратко. Уживај во тоа време и добро искористи го“. Но што ако си нашол некој што би можел да ти биде брачен другар и сте започнале врска? Во следната статија ќе видиме како можеш да имаш успешна врска во која ќе донесеш мудра одлука.

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што можеш да правиш ако сакаш да најдеш брачен другар?

  • Зошто е мудро, пред да започнеш врска со некое лице, да го набљудуваш?

  • Како другите во собранието можат да им помогнат на оние кои сакаат да стапат во брак?

ПЕСНА 137 Жените верно му служат на Бог

a За да процениш дали си спремен за брак, на jw.org види ја статијата „Романтична врска — Дел 1: Дали сум спремен за врска?“

b ПОЈАСНУВАЊЕ: Во оваа и во следната статија, зборот „врска“ се однесува на периодот во кој еден маж и една жена подобро се запознаваат за да увидат дали ќе си одговараат како брачни партнери. Врската започнува кога еден маж и една жена ќе си кажат дека имаат романтични чувства еден кон друг, и продолжува сѐ додека не одлучат да стапат во брак или да ја прекинат врската.

c Некои имиња се сменети.

d Во некои култури, обично братот е тој што ѝ пристапува на сестрата за да ја праша дали сака да започнат врска. Но, не е погрешно ни сестрата да му пристапи на братот (Рут 3:1-13). За повеќе информации, види ја статијата „Младите прашуваат... Како да му кажам дека ми се допаѓа?“ во Разбудете се! од 8 февруари 2005.

e На jw.org, гледај го видеоклипот Тие силно се борат за својата вера — оние што не се во брак.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели