ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w21 Октомври стр. 14-17
  • Повторно изгради го своето пријателство со Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повторно изгради го своето пријателство со Јехова
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КОИ СЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ?
  • ПОСТАВУВАЈ СИ ЦЕЛИ КОИ ЌЕ МОЖЕШ ДА ГИ ОСТВАРИШ
  • НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!
  • Имитирај ја Божјата милост денес
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Јехова навистина те сака!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Старешини — продолжете да го следите примерот на апостол Павле
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Со Јехова никогаш не си сам
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
w21 Октомври стр. 14-17
Еден брат е загрижен и уплашен додека размислува колку време и труд се потребни за повторно да го изгради својот разрушен дом.

Повторно изгради го своето пријателство со Јехова

СЕКОЈА година, голем број скапоцени овчички се враќаат во христијанското собрание. Замисли колкава радост има на небото кога некој што бил исклучен ќе се врати кај Јехова! (Лука 15:7, 10). Ако тоа е случај и со тебе, биди уверен дека Исус, ангелите и самиот Јехова многу се радуваат што повторно си дел од собранието. Сепак, додека повторно го градиш своето пријателство со Јехова, можеби ќе се соочиш со предизвици. Кои се некои од нив и што може да ти помогне?

КОИ СЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ?

Откако ќе се вратат во собранието, многумина се борат со негативни чувства. Можеби и ти се чувствуваш како цар Давид. Дури и откако гревот му бил простен, тој рекол: „Ме стигнаа моите престапи... моето срце снеможе“ (Пс. 38:4; 40:12). Откако некој ќе се врати кај Јехова, можеби со години ќе има чувства на вина или срам. Изабел била исклучена повеќе од 20 години.a Таа рекла: „Ми беше тешко да верувам дека Јехова би можел да ми прости“. Ако се обесхрабриш, може повторно духовно да ослабиш (Изр. 24:10). Не дозволувај да ти се случи такво нешто.

Други се загрижени дека не би можеле да го направат сето она што е потребно за повторно да бидат блиски пријатели со Јехова. Откако повторно бил примен во собранието, Антоан рекол: „Имав чувство дека сум заборавил многу од работите кои ги знаев и ги правев претходно кога бев Јеховин сведок“. Поради ваквите чувства, некои можеби се колебаат да прават сѐ што можат за Јехова.

На пример, да речеме дека домот на некој човек бил сериозно оштетен од силна бура. Кога ќе помисли колку време и труд ќе биде потребно за повторно да го изгради својот дом, тој може да се чувствува загрижено и уплашено. Слично на тоа, ако твојот однос со Јехова бил нарушен бидејќи си направил сериозен грев, можеби имаш чувство дека ќе биде потребно да вложиш огромен труд за повторно да си го изградиш пријателството со него. Но, не си оставен сам на себе.

Јехова нѐ повикува: „Дојдете да расчистиме и јас ќе ви помогнам да се помирите со мене“ (Иса. 1:18). Ти веќе си вложил голем труд за да се помириш со Јехова, и тој многу те сака поради тоа. Секогаш имај го ова на ум: Бидејќи си се вратил кај него, тој може да те посочи тебе како пример за да одговори на лажните обвиненија на Сатана! (Изр. 27:11).

Со тоа што си се вратил кај Јехова, ти веќе си се приближил кон него, и тој ветува дека и тој ќе ти се приближи тебе (Јак. 4:8). Се разбира, убаво е тоа што другите знаат дека повторно си дел од собранието. Но, потребно е и нешто друго. Треба и понатаму да си ја продлабочуваш љубовта кон твојот Татко и Пријател, Јехова. Како можеш да го правиш тоа?

ПОСТАВУВАЈ СИ ЦЕЛИ КОИ ЌЕ МОЖЕШ ДА ГИ ОСТВАРИШ

Труди се да си поставуваш разумни цели. Веројатно сѐ уште се сеќаваш на основните работи што си ги научил за Јехова и на неговите ветувања за иднината. Но, сега е потребно повторно да стекнеш добри духовни навики, на пример, редовно да проповедаш, да одиш на состаноците и да поминуваш време со браќата и сестрите. Размисли за следниве цели.

Често зборувај со Јехова. Твојот Татко знае дека, ако постојано се измачуваш со чувства на вина, може да ти биде тешко да му се молиш (Рим. 8:26). Сепак, многу е важно да истраеш во молитвата и да му кажуваш на Јехова колку многу ти е потребно неговото пријателство (Рим. 12:12). Андреј вели: „Чувствував огромна вина и срам. Но, секогаш кога ќе се помолев, ми беше подобро и имав внатрешен мир“. Доколку не знаеш за што да се молиш, разгледај ги молитвите во Псалм 51 и 65, кои ги напишал цар Давид откако се покајал за гревовите што ги направил.

Редовно проучувај ја Библијата. Тоа ќе те зајакне во духовен поглед и ќе ти помогне да си ја продлабочиш љубовта кон Јехова (Пс. 19:7-11). Фелипе вели: „Поради тоа што немав навика редовно да ја читам и проучувам Библијата, станав духовно слаб и го повредив Јехова. Не сакав повторно да ја направам истата грешка, па затоа решив да си ја чувам духовноста така што редовно ќе проучувам“. И ти можеш да го правиш истото. Ако не ти е лесно да одбереш соодветни теми за лично проучување, би можел да побараш помош од некој зрел христијанин.

Обнови си го пријателството со браќата и сестрите. Кога повторно ќе бидат примени во собранието, некои се плашат дека другите ќе гледаат негативно на нив. Лариса признава: „Ми беше многу срам. Имав чувство дека го изневерив собранието. Долго време се борев со ваквите чувства“. Биди уверен дека старешините и другите зрели браќа и сестри сакаат да ти помогнат повторно да си го изградиш пријателството со Јехова. (Види ја рамката „Што можат да прават старешините?“) Тие се радуваат што повторно си дел од собранието и сакаат да бидеш среќен (Изр. 17:17).

Што може да ти помогне да се зближиш со собранието? Биди потполно вклучен во собраниските активности — присуствувај на состаноците и редовно учествувај во службата на проповедање. Како ова ќе ти помогне? Феликс вели: „Браќата и сестрите од собранието се радуваа што се вратив. Се чувствував сакано и ценето. Сите тие ми помогнаа да чувствувам дека повторно сум дел од собранието, дека Јехова ми простил и дека можам да продолжам да му служам“. (Види ја рамката „Што можеш да правиш?“)

Што можеш да правиш?

Повторно стекни добри духовни навики

Еден старешина се моли со еден брат кој се вратил кај Јехова.

ЧЕСТО ЗБОРУВАЈ СО ЈЕХОВА

Кажи му на Јехова колку многу сакаш да бидеш негов пријател. Старешините ќе се молат за тебе и со тебе

Старешината проучува со братот со помош на книгата „Приближи му се на Јехова“.

РЕДОВНО ПРОУЧУВАЈ ЈА БИБЛИЈАТА

Зајакнувај се во духовен поглед — тоа ќе ти помогне да си ја продлабочиш љубовта кон Јехова

Братот разговара со други од собранието на едно дружење.

ОБНОВИ СИ ГИ ПРИЈАТЕЛСТВАТА

Биди потполно вклучен во собраниските активности така што ќе присуствуваш на состаноците и ќе проповедаш

НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈ!

Сатана ќе продолжи да ти предизвикува „бури“ во животот за да те ослаби додека се трудиш повторно да си го изградиш пријателството со Јехова (Лука 4:13). Биди подготвен така што уште сега ќе се зајакнуваш во духовен поглед.

Во врска со своите овчички, Јехова ветува: „Ќе ги побарам изгубените, ќе ги вратам заскитаните, ќе ги преврзам ранетите и ќе ги закрепнам болните“ (Езек. 34:16). Јехова им помогнал на голем број браќа и сестри да си го поправат односот со него. Биди уверен дека тој сака да ти помага и тебе додека градиш сѐ поцврсто пријателство со него.

Што можат да прават старешините?

Старешината му помага на братот повторно да го изгради својот разрушен дом.

Старешините можат да направат многу за да им помогнат на објавителите кои биле вратени во собранието повторно да си го изградат своето пријателство со Јехова. Да видиме како може да се прави тоа.

Уверете ги дека другите ги сакаат. Апостол Павле знаел дека некој што се вратил кај Јехова може да се измачува со преголема жалост (2. Кор. 2:7). Можеби честопати е обесхрабрен и има чувства на вина. Павле го советувал собранието: „Спремно простете му и утешете го“. На оние што повторно биле примени во собранието им е потребно некој да ги увери дека Јехова и нивните браќа и сестри многу ги сакаат. Кога старешините редовно ги пофалуваат и им помагаат, тоа може да придонесе да не се чувствуваат обесхрабрено.

Молете се со нив. „Сесрдната молитва на праведникот има голема сила“ (Јак. 5:16). Лариса, која беше спомната претходно, вели: „Им кажав на старешините за моите сомнежи и стравови. Тие се молеа за мене. Тогаш сфатив дека не ми се лутат. Тие сакаат да ми помогнат да си го обновам пријателството со Јехова“. Тео вели: „Од молитвите на старешините се уверив дека Јехова навистина ме сака и дека го гледа доброто во мене, а не само лошото“.

Спријателете се со нив. На оние што се вратиле кај Јехова им се потребни пријатели во собранието. Еден старешина по име Џастин вели: „Секогаш кога е можно, оди во служба заедно со нив и, што е најважно, посетувај ги дома. Неопходно е да им бидеш пријател!“ Еден друг старешина по име Хенри вели: „Кога другите браќа и сестри ќе видат дека старешините се спријателуваат со оние што биле вратени во собранието, и тие ќе се трудат да го прават истото“.

Помагајте им да проучуваат. Еден зрел пријател може да му помогне на некој што се вратил кај Јехова да стекне навика редовно да проучува. Еден старешина по име Дарко вели: „Сакам да споделувам со нив духовни бисери кои сум ги нашол при моето лично проучување и да им покажам колку уживам да ја проучувам Библијата. Исто така, се трудам заедно да проучуваме некои охрабрувачки статии“. Клејтон, еден друг старешина, вели: „Ги поттикнувам да наоѓаат библиски извештаи за луѓе кои доживеале нешто слично и да размислуваат што можат да научат од нив“.

Покажувајте им пастирска грижа. Оние што се вратени во собранието ги гледале старешините во улога на судии. Но сега, повеќе од кога и да било порано, важно е да ги гледаат како пастири (Ерем. 23:4). Внимателно слушај и спремно пофалувај ги. Редовно комуницирај со нив. Забележи што прави еден старешина по име Маркус на пастирски посети. Тој рекол: „Споделуваме некоја библиска мисла, ги пофалуваме и ги уверуваме дека се гордееме што толку силно се напрегале да се вратат во собранието, а и дека Јехова се гордее со нив. На крајот на секоја посета, договараме датум за следната“.

a Имињата во оваа статија се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели