ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • foa статија 2
  • Описменување на луѓето низ целиот свет

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Описменување на луѓето низ целиот свет
  • Од нашата архива
  • Поднаслови
  • Неписменоста го отежнува учењето
  • Се организираат курсеви за описменување
  • Програма која им помага на луѓето
Од нашата архива
foa статија 2

ОД НАШАТА АРХИВА

Описменување на луѓето низ целиот свет

„Пораснав на фарма во едно село. Бевме многу сиромашни. Морав да го напуштам училиштето и да работам за да можам финансиски да помагам дома“, вели Агостињо кој живее во Бразил. Тој научил да чита и да пишува дури на возраст од 33 години. Агостињо вели: „Тоа што научив да читам и да пишувам, ми помогна да имам поголемо достоинство и поголема самопочит“.

Во изминатите 70 години, Јеховините сведоци им помогнале на повеќе од 250.000 луѓе да научат да читаат и да пишуваат. Агостињо е еден од нив. Зошто Јеховините сведоци се трудат да им помогнат на луѓето во овој поглед? Како на некои им користела таквата помош?

Неписменоста го отежнува учењето

До средината на 1930-тите, Јеховините сведоци проповедале во 115 земји. За да им сведочат на луѓето кои зборуваат некој друг јазик, мисионерите им пуштале снимки од преведени библиски говори, а понекогаш им давале и литература на нивниот јазик. Иако многу луѓе се интересирале за Библијата, на многумина од нив неписменоста им отежнувала да учат за неа.

Бидејќи не можеле самите да ја читаат Библијата, на тие луѓе им било тешко да научат да ги применуваат библиските начела (Исус Навин 1:8; Псалм 1:2, 3). Исто така, не им било лесно да ги исполнат своите одговорности како христијани. На пример, на родителите кои не знаеле да читаат им било многу потешко да ги поучуваат своите деца за Библијата (5. Мојсеева 6:6, 7). Освен тоа, оние кои станале Јеховини сведоци, а не знаеле да читаат не можеле добро да ја користат Библијата додека ги поучувале другите.

Се организираат курсеви за описменување

За време на 1940-тите и 1950-тите, Натан Нор и Милтон Хеншел, двајца од оние кои предводеле помеѓу Јеховините сведоци, патувале во различни земји за да помогнат околу организирањето на проповедничкото дело. Во земјите во кои имало голем процент на неписменост, тие ги поттикнале браќата од локалните подружници да организираат курсеви за описменување во собранијата.

Група браќа на собир во Замбија, во 1954, во рацете држат брошура за описменување на јазикот чињанџа.

Објавена брошура за описменување на јазикот чињанџа на еден покраински собир во Чингола (Замбија, 1954)

Подружниците им дале упатства на собранијата за тоа како да ги водат курсевите. Во некои земји, властите веќе имале методи на поучување и книги кои Сведоците можеле да ги користат. На пример, во Бразил, подружницата добила од владата основни помагала и прирачници кои потоа им ги доставила на собранијата. Во други земји, Сведоците морале сами да осмислат своја програма.

На тие курсеви за описменување можело да присуствува секој без разлика на полот или возраста. Целта на Јеховините сведоци била да ги научат луѓето да читаат на нивниот мајчин јазик, дури и ако тоа значело дека во едно собрание требало да се организираат курсеви на неколку јазици.

Програма која им помага на луѓето

Како оваа програма за описменување им користела на некои? Една жена од Мексико, која е Јеховин сведок, вели: „Сега подобро ја разбирам Библијата и нејзините зборови ме допираат до срце. Тоа што научив да читам, ми помогна послободно да зборувам со другите и добрата вест да им ја пренесувам на повеќе луѓе“.

Освен што им помогнале да ја разберат Библијата, овие курсеви им помогнале на луѓето да научат и многу други работи. Исак од Бурунди, вели: „Тоа што научив да читам и да пишувам, ми помогна да научам некои градежни вештини. Сега, градежништвото е моја професија и надгледувам големи градежни проекти“.

Слики: Курсеви за описменување во Малави во 2014. 1. Еден брат поучува група луѓе да читаат и да пишуваат на јазикот чичева во сала за состаноци. 2. Една жена пишува на табла во сала за состаноци.

Еден брат поучува група луѓе да читаат и да пишуваат на јазикот чичева во салата за состаноци во Лилонгве (Малави, 2014)

Хесуса од Перу имала 49 години кога почнала да присуствува на курс за описменување. Таа вели: „Како домаќинка, треба да знам да ги прочитам цените и имињата на производите во продавниците. Порано, тоа ми беше многу тешко. Но курсот за описменување ми помогна да имам поголема самодоверба и сега ми е полесно да пазарувам за моето семејство“.

Низ годините, властите во некои земји ги пофалиле Јеховините сведоци затоа што им помагаат на луѓето да научат да читаат и да пишуваат. Јеховините сведоци и понатаму одржуваат курсеви за описменување во кои користат програми и алатки кои низ годините биле подобрувани. Исто така, тие осмислиле и отпечатиле речиси 224 милиони брошури на 720 јазици за да ги научат луѓето да читаат или за да им помогнат на оние со ниско образование.a

a На пример, брошурата Научи да читаш и пишуваш е достапна на 123 јазици, а брошурата Запознај го Бог на 610 јазици.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели