ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/10 стр. 7-8
  • Ѕвездите навистина имаат порака за вас!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ѕвездите навистина имаат порака за вас!
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што можеме да научиме од ѕвездите
  • Ѕвездите и човекот — постои ли некаква врска?
    Разбудете се! 1994
  • Дали ѕвездите влијаат врз твојот живот?
    Разбудете се! 2012
  • Творештвото ја објавува Божјата слава!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Моето хоби е астрономија
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/10 стр. 7-8

Ѕвездите навистина имаат порака за вас!

КАКО што беше покажано во претходните статии, и покрај славата што ѕвездите ја манифестираат, човекот требало да ги смета за она што всушност се — неживи предмети поставени на небото од страна на Творецот за негова намера. Тие не требало да бидат обожавани. Како составен дел од Јеховиното прекрасно творештво, подложно на неговите закони, ѕвездите требало да „ја објавуваат славата на Бога“ и истовремено да служат како извор на светлина за човекот додека тој ја извршува намерата на Творецот во врска со него (Псалм 18:1; 5. Мојсеева 4:19).

Во Библијата читаме: „Да не се најде пред тебе човек . . . да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10-12). Исаија рекол: „Нека излезат оние, што го набљудуваат небото, ѕвездобројачите . . . Ете, тие се како слама“ (Исаија 47:13, 14).

Што можеме да научиме од ѕвездите

Меѓутоа, неживите ѕвезди можат да ни кажат нешто ако сме спремни да слушаме. Едвин Веј Тил напишал: „Ѕвездите зборуваат за безначајноста на човекот во долгата вечност на времето“. Да, кога ќе сфатиме дека огромното мноштво од ѕвезди што ги гледаме со голо око во јасна ноќ ги гледале и нашите претци пред многу векови, зарем тоа не нѐ понизува? Зарем не чувствуваме почит спрема Величествениот, кој ги создал „во почетокот“, а подоцна го создал човечкиот род? Израелскиот цар Давид, со полно почитување напишал: „Кога ќе ги погледам небесата, дела на прстите Твои, па месечината и ѕвездите, што си ги поставил Ти: Што е тоа човек, та се сеќаваш на него, или синот човечки, па го посетуваш?“ Небесата треба да нѐ понизат и да нѐ натераат да се запрашаме што правиме со нашиот живот (1. Мојсеева 1:1; Псалм 8:3, 4).

Во една прилика Давид се молел: „Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог“ (Псалм 142:10). Извештајот од Давидовиот живот покажува дека неговата молитва била услишена. Тој научил да ја врши Божјата волја онака како што е прикажана во Неговиот Закон. Тој исто така научил која е намерата на Творецот со човештвото и пишувал во врска со тоа. „Уште малку, и грешникот ќе го нема . . . А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. . . . Клони се од зло и прави добро, па ќе живееш вечно; . . . Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“. Спознанието за таа намера со себе носело одговорност: „Клони се од зло и прави добро“ (Псалм 36:10, 11, 27-29).

Ѕвездите имаат иста порака за целото човештво. Без да ги обожаваме или да се „консултираме“ со нив, можеме да ја видиме љубовта, мудроста и силата на Творецот кои што се одразуваат во нив. Проучувањето на астрономијата, за разлика од астрологијата, треба да влее почит во нашите срца. Но, уште повеќе, зарем тоа не всадува во нас желба да научиме повеќе за Бог? Тој ја дал својата Реч, Библијата, токму за таа цел. Ако сте ја разбрале таа порака од ѕвездите, можете да научите што подготвува Јехова за човечкиот род, и, што е уште поважно, како можете да имате удел во благословите што тој ги подготвил за нив. Ако имате прашања во врска со Бог и неговата намера со животот, слободно обратете се кај Јеховините сведоци во вашиот крај или пишете до најблиската адреса на страница 5.

[Слика на страница 8]

Ѕвездите можат да нѐ научат на понизност

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели