ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/10 стр. 25-27
  • Возбудливи спортови — дали да се обидам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Возбудливи спортови — дали да се обидам?
  • Разбудете се! 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто е привлечно?
  • Дали е навистина опасно?
  • Дали е за христијаните?
  • Погледни, па скокни!
  • „Екстремни спортови“ — дали да се ризикува?
    Разбудете се! 2001
  • Трагачи по возбуда — зошто таа фатална привлечност?
    Разбудете се! 2003
  • Оддаденоста на Бог наспроти телесното вежбање
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2019)
  • Треба ли да се зачленам во некој спортски тим?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1994
g94 8/10 стр. 25-27

Младите прашуваат . . .

Возбудливи спортови — дали да се обидам?

„ОВА ќе ти биде најужасниот момент од животот“, ти велат додека се тресеш на еден насип. Одбројувањето започнува: „Пет, четири, три, два, еден — СКОКАЈ!“ Падот ти го одзема здивот. Со огромна брзина паѓаш удолу во наизглед сигурна смрт, но одеднаш го чувствуваш ненадејното тргање на едно еластично јаже. Те обзема чувство на олеснување. Си преживеал!

Банги џампинг.a Се проценува дека овој спорт привлекува еден до два милиона учесници само во Соединетите Држави. Тоа е еден од многуте спортови кои неодамна со вртоглава брзина стекнаа популарност — качување на карпи, параглајдинг, пловење по брзи води и серфување во воздух, да споменеме само некои. „Деведесеттите се деценија на возбудливи спортови“, вели еден организатор на банги џампинг.

Опасните активности не се привилегија само на влијателните. Градските трагачи по возбудливости се ангажираат во опасни (и незаконски) смели подвизи како што се: серфување на лифт (возење на кровот од лифт кој се движи), тунелирање (трчање низ систем со цевки во големите згради), серфување на вагони од метро (возење на крововите на подземните вагони кои се движат), и лизгање по подмачкани скали.

Зошто е привлечно?

„Би пробал сѐ што ќе ме преплаши“, вели младиот Норберт. „Ги сакам сите спортови — бејзбол, кошарка — но скокањето од мостови со јаже ме преплаши до смрт“. Младиот Даглас се согласува со тоа. „Обичните спортови се забавни, но тука сѐ е однапред пресметано“, вели тој. „Секогаш си ограничен. Ми се допаѓа чувството на паѓање. И брзината при паѓањето . . . Никогаш не можете да го имате тоа чувство со другите спортови.“

Возбудливите спортови претставуваат повеќе отколку само предизвик на твојата атлетска способност — тие те соочуваат лице в лице со смртта! На учесниците им се допаѓа кога ќе почувствуваат како им се покачува адреналинот. Некои експерти тврдат дека одредени луѓе се генетски програмирани да бидат од типот-Т, или личности кои бараат возбуди. Меѓутоа, повеќето млади се впуштаат во некаков вид на ризик; на тој начин ги тестираат своите граници и ја развиваат самодовербата.

За жал, младите не користат секогаш добро расудување кога го прават тоа. „Слава за младите е нивната сила“ стои во Изреки 20:29. Но некои како да мислат дека нивната сила е неограничена. Д-р Дејвид Елкајнд вели дека тинејџерите честопати мислат дека „се посебни и единствени — исклучоци од законите на веројатноста кои важат за другите. Токму тоа верување дека се посебни и дека се завиткани во наметката на неранливоста, најмногу придонесува за одлуките на тинејџерите да ризикуваат“. Д-р Роберт Батерворт слично забележува: „Кога правиш нешто како скајдајвинг, тоа ти дава чувство дека пркосиш на веројатноста нешто да се случи, контролирајќи ја сопствената судбина“.

Меѓутоа, ризикувањето може да биде поттикнато и од помрачни мотиви. Во својата книга Childstress! (Стрес кај детето!), авторот Мери Сузан Милер покажува дека многу млади вратоломци се впуштаат во луди ризици затоа што едноставно не можат да се борат со животните притисоци. Според тоа, возбудливите спортови можеби откриваат самоуништувачки или дури самоубиствени склоности. „Намерно се изложуваат на опасни ситуации“, вели Милер, „како да ѝ пркосат на судбината“.

Дали е навистина опасно?

Без оглед на нивната привлечност, возбудливите спортови можат да бидат опасни. Некои оспоруваат: ‚Па и преминувањето преку улица може да биде опасно‘. Но некој кој ја преминува улицата не бара намерно опасност или возбудливости. Иако многу спортови, како што е банги џампингот, имаат прилично добри статистики за нивната сигурност, сепак може да се случи нешто. Марк Брекер, лекар, се изразил на следниов начин: „Кај многу вакви високоризични спортови, кога ќе се случи нешто погрешно, може да биде катастрофално. Обично, колку е поголема возбудата, толку е поголем ризикот, сеедно дали е тоа скокање од авион, летање со делта план или мотоциклизам“. Едно 20-годишно момче скокнало со банги јаже од балон на топол воздух кој лебдел на височина од 58 метри. Кој бил проблемот? Јажето му било долго 79 метри! Скокнал во една грозна смрт.

Се разбира, во некои активности, како што е мотоциклизмот, може да се ужива на еден релативно безбеден и умерен начин. Но еден стручњак од областа на спортската медицина, за оние кои бараат возбудливости, рекол: „Додека нивните вештини стануваат сѐ подобри, тие избираат нешто уште потешко, и на крајот претрпуваат некоја повреда“. Еден младинец признал: „Јас сум зависник. Сега ми е потешко да го доживеам чувството на страв и еуфорија“.

Дали е за христијаните?

Дали Библијата категорично ги забранува сите спортови? Не. Таа ги осудува лудите крајности. Како што е запишано во Проповедник 7:17, Соломон прашал: „Зошто да умреш предвреме?“

‚Животот е краток. Играј на сѐ или ништо‘ поттикнува една реклама за атлетски обувки. Ние имаме одговорност спрема самите себе, спрема оние кои нѐ сакаат и спрема нашиот Творец, да го цениме нашиот живот. Животот е дар од Бог (Псалм 35:9). Во библиско време биле пропишани сериозни казни ако поради несреќен случај бил одземен живот (2. Мојсеева 21:29; 4. Мојсеева 35:22-25). Затоа, Божјиот народ бил охрабруван да избегнува непотребни ризици. (Спореди 5. Мојсеева 22:8.)

И христијаните денес имаат обврска да покажуваат почитување спрема животот. Дали би било исправно да тежнееш по спортски активности кои би можеле да те изложат на непотребни ризици? Кога Сатана Ѓаволот се обидел да го искуша Исуса, тврдел дека ангелите ќе го фатат ако се фрли од покривот на храмот. Исус одговорил: „Не искушувај Го Господа, Твојот Бог“ (Матеј 4:5-7).

Освен тоа, колку и да си јак и здрав, едноставно ти не си неповредлив. Неразумно е да мислиме: ‚Мене не може тоа да ми се случи‘. Библијата нѐ предупредува дека ‚времето и непредвидениот настан нѐ погодуваат сите‘ (Проповедник 9:11, НС).

Погледни, па скокни!

Логично е сериозно да размислиме за можните последици ако скокнеме од некој кран, од авион, или ако правиме нешто што би можело да биде премногу ризично. Немој едноставно да имаш доверба во она што ќе го чуеш ниту на ентузијастичките извештаи од другите млади (Изреки 14:15). Испитај ги фактите.

На пример, која е стапката на несреќни случаи за одреден вид спорт? Кои мерки на безбедност се преземени? Еден стручњак во врска со длабинското нуркање вели: „[Луѓето мислат дека] преминувањето од воздушна во водена средина е опасно. . . . Но опасно е само ако го правиш тоа без соодветни упатства“. Затоа, треба да прашаш: каква обука и каква опрема се потребни за тој и тој спорт? Дали постојат некакви оправдани бенефиции, како што е тренирањето? Дали ризиците се случајни, или тоа е главната цел на спортот, пркосење на смртта?

Ако се работи за второво, можеш да се запрашаш зошто ризикот толку многу те привлекува. Дали е тоа едноставно од досада или поради стрес? Тогаш, зошто да не најдеш побезбеден, поздрав начин да се справиш со ваквите чувства?b Книгата Teenage Stress (Тинејџерски стрес) нѐ потсетува дека ризикот е „опасна и на крајот неделотворна метода во борбата со негативните страни на стресот“. (Спореди Изреки 21:17.)

Откако темелно ќе ги испиташ работите, и отворено ќе поразговараш со твоите родители, би можел да заклучиш дека би било подобро да избегнуваш екстремни возбудливи спортови. Твоите родители ќе сакаат да тежнееш по активности кои изгледаат помалку опасни по живот, како што е возење велосипед, лизгање, скијање и нуркање, да споменеме само неколку. Се разбира, дури и релативно сигурните активности можат да бидат опасни ако не се преземат соодветни мерки на претпазливост.

Тоа ѝ се случило на една мала група христијански млади кои одлучиле да одат на излет. Залутале од патеката и почнале да се качуваат по тесниот раб на една стрмна карпа. За кратко време откриле дека практично биле фатени во стапица, не можејќи да одат безбедно ниту напред ниту назад. Одеднаш младичот кој ја водел групата слушнал некаков звук. Двајца од неговите придружници паднале и загинале. Колку трагично!

Затоа, те молиме биди претпазлив! „Весели се во младоста своја“, и радувај се на силата и на енергијата со кои си благословен (Проповедник 11:9). Но, пред да прифатиш некоја покана да направиш нешто ризично, постапи онака како што тоа го прави Брајан. Тој вели: „Се прашувам самиот себе: ‚Што би помислил Јехова за тоа? Како тоа ќе се одрази на мојот став спрема дарот на животот што тој ми го дал?‘“ Да, одмери ги ризиците, преиспитај си ги мотивите. Животот е премногу скапоцен за да постапуваме поинаку.

a „Банги џампинг“ е спорт во кој скокачите, врзани за едно долго еластично јаже наречено банги, скокаат од мостови, кранови, па дури и од балони на топол воздух. Тоа овозможува скоро слободен пад сѐ додека не се растегне јажето, прекинувајќи го така паѓањето.

b Ако си депримиран или се бориш против самоуништувачки нагони, зошто не разговараш со некого и не побараш помош, наместо непотребно да се изложуваш на ризик? (Види „Младите прашуваат . . . Дали одговорот лежи во самоубиството?“ во нашето издание на Разбудете се! од април-јуни, 1994.)

[Слика на страница 26]

Дали треба младите христијани да тежнеат кон возбудливи спортови како што е банги џампинг?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели