ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/1 стр. 3
  • Подемот и падот на сатанизмот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Подемот и падот на сатанизмот
  • Разбудете се! 1995
  • Сличен материјал
  • Денешната младина — лесен плен за сатанизмот?
    Разбудете се! 1995
  • Сатана
    Разбудете се! 2013
  • Внимавај, Сатана сака да те проголта!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Деновите на сатанизмот се одброени
    Разбудете се! 1995
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/1 стр. 3

Подемот и падот на сатанизмот

Облечени во црни мантии во темни подруми, изговарајќи молитви над врзаните жртви поставени на олтар, свештеници изведуваат сатански ритуали, а треперливите свеќи фрлаат страшни сенки по ѕидовите додека се одвива обожавањето на нивниот бог, Сатана. Зближени преку тајното спознание на некоја заедничка мистерија со нишка на натприродното, младите учесници на ова патување во окултните работи уживаат во чувството на возбуда што го исполнува воздухот. Тие се приближуваат кон олтарот со едно таинствено чувство на посебност што само тие го поседуваат.

Безопасно, минливо модно лудило? Или демонско зло раширено во денешното општество?

ЗА МРАЧНИТЕ дела на сатанистичките култови се пишувани купишта работи во весниците, во списанијата и во книгите. На телевизијата и на радиото често се прикажуваат детали за раширената активност на насилните сатанистички групи. Сатанизмот станал голем проблем за полицијата како во малите така и во големите градови во Америка, Канада и Европа.

Сатанизмот е особено примамлив за денешната младина. Основачот на Црквата на Сатана ја објаснува причината, како што известува списанието ’Teen од јуни 1993: „Наместо да ги учиме членовите да ги потиснуваат своите природни нагони, ние ги учиме да ги задоволуваат. Во тоа се вклучени физичката сласт, желбата за одмазда и копнежот по материјални работи“.

Колку само се радува Сатана на оваа ѓаволски инспирирана идеологија, бидејќи е спротивна на христијанските начела кои се инспирирани од Бог!

Сатанизмот е во подем. Тој претставува напаст која расте, но сепак, неговата пропаст е близу. Неговиот бог е осуден на смрт, а со тоа и Сатановиот свет и оние кои го поддржуваат се осудени на смрт, бидејќи „целиот свет лежи во [власта на злобниот, НС] зло“ (1. Јованово 5:19; Римјаните 6:16). За обожавателите на Сатана и за сите други кои свесно или несвесно им служат на Сатановите цели, Јеховината порака гласи: „Бог на мирот наскоро ќе го сотре сатаната под нозете ваши“ (Римјаните 16:20).

Тогаш, каква иднина подготвува „Бог на мирот“ за човечкиот род кој страда? Следните три статии ќе го покажат подемот и падот на сатанизмот и условите кои ќе владеат на Земјата наместо него.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели