ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/1 стр. 9-12
  • Деновите на сатанизмот се одброени

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Деновите на сатанизмот се одброени
  • Разбудете се! 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Деновите на рајската Земја ќе немаат крај!
  • Премногу добро за да биде вистинито?
  • Владетели во духовното подрачје
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Каква е Божјата намера со Земјата?
    Што навистина учи Библијата?
  • Побуна во духовниот свет
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Живеј засекогаш на рајска земја
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/1 стр. 9-12

Деновите на сатанизмот се одброени

ЈЕХОВА БОГ ги создал Адам и Ева, ги сместил во рајска градина и им рекол да се размножуваат и да ја наполнат Земјата со праведно потомство. Требало да се грижат за градината, да ја одгледуваат, да ја одржуваат и да живеат вечно, но само под еден едноставен услов: ‚Да не јадат од едно одредено дрво среде рајот. Ако јадат од него, ќе умрат‘ (1. Мојсеева 1:27, 28; 2:8, 9, 15-17; Исаија 45:18).

Еден моќен ангел се побунил против Бог и станал Сатана, што значи „Противник“, бидејќи сакал да приграби власт. Сакал да биде обожаван од човечкиот род. Ја навел Ева да јаде од забранетиот плод, тврдејќи дека е добро за јадење и дека таа нема да умре туку ќе стане како Бог и ќе може самата да одлучува што е добро, а што лошо. Нејзината прва одлука била лоша; таа заклучила дека ќе биде добро да јаде од забранетиот плод. Ева јадела, му дала од плодот на Адам па јадел и тој, и така на крајот обајцата умреле. На тој начин Адам донел грев и смрт врз своето потомство и оттогаш сите мораат да умираат (1. Мојсеева 3:1-6; Римјаните 5:12). Првата човечка двојка избрала да го следи Сатана и така тие станале првите преобратеници во обожавањето на Сатана. До ден-денеска милиони луѓе заклучуваат дека религијата на овие прародители била и е доволно добра за нив. „Кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате“ (Римјаните 6:16; Јован 17:15, 16; 1. Јованово 5:19).

Јехова го најавил конечното уништување на Сатана, но му дозволил да постои уште некое време. Тоа би му дало прилика на Сатана да го докаже своето тврдење дека Бог не би можел да има луѓе на Земјата кои ќе докажат дека Му се верни под испит — предизвик кој бил толку драматично прикажан во првите две поглавја од библиската книга Јов и на кој било одговорено во Јеховина корист. Под суровите и опасни напади од Сатана, Јов доброволно избрал да ја зачува својата беспрекорност спрема Бог, докажувајќи со тоа дека Сатана е лажливец (1. Мојсеева 3:15; 2. Мојсеева 9:16; Јов 42:7). Исто така, во Евреите, 11. поглавје се наоѓа еден долг список на Сведоци кои застанале на Јеховината страна во спорното прашање за универзалната сувереност.

Христос Исус е извонредниот пример кој за сите времиња дал комплетен одговор во корист на Јеховината страна во големото спорно прашање за универзалната сувереност и за човечката беспрекорност спрема Бог. Тоа било еден уништувачки пораз за Сатана. Исус без двоумење ја одбил Сатановата понуда да му даде власт над целиот свет во замена за само еден чин на обожавање на Сатана. Исто така, Исус непоколебливо поднел страшно искушение додека умирал на маченичкиот столб. Тој го победил Сатана и Сатановиот свет, а со тоа ни оставил совршен пример што треба да го следиме (Матеј 4:8-10; 27:50; Јован 16:33; Евреите 5:7-10; 1. Петрово 2:21).

Со оглед на тешките времиња во кои живееме, можеби се чини дека Сатана станува посилен од кога и да било порано и дека самиот сатанизам е во подем. Меѓутоа, библиската книга Откровение прикажува една сосема поинаква слика во 12. поглавје, стихови 7-9, 12:

„Настана војна на небото: Михаел [Христос Исус] и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; но не устојаа, и за нив веќе не се најде место на небото. И беше исфрлен големиот змев — старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше соборен на земјата, и заедно со него и ангелите негови беа исфрлени. Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегнал при вас со голем гнев, оти знае дека му останува малку време!“

Деновите на рајската Земја ќе немаат крај!

Сатана ја забрзува својата демонска активност во овие ‚последни дни‘ „оти знае дека му останува малку време“ (Јаков 5:1-3). Сепак, постои и една светла страна во овие тешки времиња. Откровение 21:1, 3-5 открива што е тоа: „Видов ново небо и нова земја, зашто поранешната земја помина, и морето го немаше веќе. И чув висок глас од небото како зборува: ‚Ете ја скинијата на Бога меѓу луѓето, и Он ќе живее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив — нивни Бог. И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.‘ И Седнатиот на престолот рече: ‚Ете, сѐ ново создавам.‘ И ми рече: ‚Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни‘.“

Значи, Христос Исус ќе владее илјада години, а во текот на тој период Јехова ќе ја изврши својата првобитна намера заради која ја создал Земјата и го поставил човештвото на неа (Откровение 20:1, 2, 6). Ќе се присетите дека човештвото во почетокот требало да ја наполни Земјата со праведно потомство, да се грижи за Земјата, да ги одгледува нејзините растенија и животните, да живее во мир и во меѓусебна љубов. Исполнувањето на таа намера е одложено за да му се дозволи на Сатана да се обиде да го докаже својот предизвик дека може да ги одврати од Јехова Бог сите луѓе. Тој заробил милијарди луѓе, но не успеал кај милиони чувари на беспрекорноста (Римјаните 6:16).

За време на обновата, Јеховината милосрдност преку Христос Исус ќе ги опфати дури и гробовите на милијарди луѓе кои умреле во текот на изминатите илјадници години, за да им се даде прилика за вечен живот на рајска Земја: „Не чудете се на ова, зашто иде часот кога сите, кои што се во гробовите, ќе го чујат гласот на Синот Божји, и ќе излезат: кои правеле добро — ќе воскреснат за живот, а кои правеле зло, ќе воскреснат за осудување“ (Јован 5:28, 29).

Секој кој тогаш нема да сака да се прилагоди на праведните околности на таа нова Земја, нема да остане да ја загадува или да ја уништува, ниту нејзините растенија и животни, ниту мирот на човештвото ниту вистинското обожавање на Јехова Бог. Псалм 36:10, 11, 29 го потврдува тоа: „Уште малку, и грешникот ќе го нема; ќе го побараш местото негово и нема да го најдеш. А кротките ќе ја наследат земјата и ќе се насладуваат во изобилен мир. Праведниците ќе ја наследат земјата и ќе живеат на неа вечно“.

Михеј 4:2-4 ветува вистински мир и сигурност: „Ќе тргнат многу народи, и ќе речат: ‚Дојдете да се искачиме на гората Господова и да влеземе во домот на Јакова — и Он ќе нѐ научи на Своите свети патишта, и ќе одиме по патеките Негови; зашто од Сион ќе излезе Законот, и од Ерусалим — словото Господово. Он ќе им суди на многу народи и ќе изобличи многу племиња во далечни краишта; па ќе ги прековаат мечевите свои во плугови и копјата свои — во српови; и народ против народ нема да крене веќе меч, и нема веќе да се учат да војуваат; секој ќе седи под лозата своја и под смоквата своја, и никој нема да ги плаши, зашто устата на Господа Саваот го изрекла тоа“.

Таа мирољубивост исто така ќе се одрази и на животните, како што вели Осија 2:18: „Во тоа време поради нив [јас Јехова] ќе склучам сојуз со животните полски, со птиците небески и со лазачите по земјата; а лак, и меч, и војна ќе истребам од таа земја, и ќе им дозволам да живеат во безопасност“. Језекиил 34:25 исто така зборува за еден сојуз кој го исклучува постоењето на било какви „лути ѕверови“.

Понатаму, Исаија 11:6-9 ветува мир меѓу животните во Рајот: „Волк ќе живее со јагне, леопардот ќе лежи заедно со јаре; теле, лавче и вол ќе бидат заедно, и мало дете ќе ги води. Крава ќе пасе со мечка, нивните млади ќе лежат заедно; лавот ќе јаде слама како волот. Новороденче ќе игра над змиина дупка, дете ќе протега рака кон змиино гнездо. Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа, како што водите го полнат морето“.

Кротките ќе ја наследат Земјата. Тие ќе се грижат за воздухот, за водата и за почвата. Извори и потоци со вода ќе ја натопат исушената земја. Шумите ќе ги облечат планините кои биле соголени поради себична добивка. Горите ќе се шират и поранешните пустини ќе процутат како ружа. Слепите ќе прогледаат, глувите ќе слушаат, сакатите ќе проодат, а немите ќе прозборуваат (Исаија 35:1-7). Ценењето за Јеховините величествени планини и долини и крајбрежјата кои ги опколуваат разбранетите мориња и океани, никогаш нема да дозволи човечката алчност повторно да се појави за да ја уништува Земјата. На совршеното човештво, кое ќе биде исполнето со плодовите на Јеховиниот дух, ќе му биде лесно и нормално да се радува меѓусебно, да го љуби ближниот како самиот себе, а пред сѐ, да го љуби Јехова со цело срце, душа, ум и сила. Да, целото човештво ќе ги донесува плодовите на духот: ‚љубов, радост, мир, долготрпеливост, доброта, милосрдност, вера, кротост, воздржливост‘ (Галатјаните 5:22, 23).

Премногу добро за да биде вистинито?

Некои читатели можеби веќе коментираат: ‚Сето ова звучи премногу добро за да биде вистинито‘. Но, всушност, денешните услови се премногу лоши за да останат и понатаму. Нашето време Библијата го нарекува ‚последни денови‘. Погледни наоколу и ќе видиш дека тоа е така. „Во последните денови ќе настанат времиња тешки. Зашто луѓето ќе станат саможиви, среброљупци, самофалци, горди, хулители, непокорни спрема родителите, неблагодарни, неправедни, недружељубиви, непомирливи, клеветници, невоздржливи, нескротливи, недоброљупци, предавници, пребрзи, надуени, повеќе сластољупци отколку богољупци, на изглед побожни, а од силата на Бога се одрекле. И од нив одвратувај се! А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси“ (2. Тимотеј 3:1-5, 13).

Сепак, дури и со оваа живописна слика на нашето време, многумина ќе се исмејуваат. Но, тоа треба да се очекува. Самото нивно исмејување претставува уште едно делче кое се вклопува во сликата дека живееме во последните денови: „Во последните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе живеат според своите желби и ќе велат: ‚Каде е ветувањето на Неговото доаѓање? Оти, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така, како од созданието на светот.‘ . . . Сегашните небеса и земјата, . . . се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечестивите луѓе. . . . Ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се настани правда“ (2. Петрово 3:3, 4, 7, 13).

Јехова ветува дека во неговиот нов свет на праведност, овој злобен стар систем на Сатановиот свет нема воопшто да ни доаѓа на ум: „Ете, Јас создавам ново небо и нова земја, а поранешните нема повеќе да се спомнуваат, ниту на ум ќе доаѓаат. А вие ќе се веселите и ќе се радувате довека за она што Јас го создавам“ (Исаија 65:17, 18). Деновите на сатанизмот се одброени и, во време одредено од Бог, самиот Сатана ќе биде засекогаш уништен (Откровение 20:1-3, 7-10).

Навистина, благословените услови кои ќе владеат на рајската Земја не се премногу добри за да бидат вистинити; Јехова смета дека моменталните услови на овој стар систем под власта на Сатана се премногу лоши за да останат и понатаму.

[Слика на страница 10]

Благословените услови кои ќе дојдат на рајската Земја не се премногу добри за да бидат вистинити

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели