ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/1 стр. 3
  • Една книга го изненадува светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Една книга го изненадува светот
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Несогласувања во врска со еволуцијата — зошто?
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Последици од еволуционата теорија
    Разбудете се! 1996
  • Еволуцијата пред суд
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Католичката црква и еволуцијата
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/1 стр. 3

Една книга го изненадува светот

Книгата: Потекло на видовите. „После Библијата“, рекол антропологот Ешли Монтагју, „ниедно друго дело не било толку влијателно како ова.“

Авторот: Чарлс Дарвин кој во тоа време некои го нарекувале „најопасниот човек во Англија“.

Темата: Теоријата на еволуција. Зборовите и фразите, како на пример: „природна селекција“, „опстанок на најспособните“ и „еволуција“, сега се добро утврдени. Но дали теоријата извршила влијание само на твојот јазик?

ПО НЕЈЗИНОТО објавување во 1859, книгата Потекло на видовите, од Чарлс Дарвин, разгорела една бурна дебата во научните и религиозните кругови.a Дебатата извршила силно влијание и врз економските и општествените сфери, а продолжува дури и ден-денес, после околу 136 години.

Во делото A Story Outline of Evolution (Краток историски преглед на еволуцијата), во врска со Дарвиновото Потекло на видовите, Ч. В. Грајмс напишал: „Ниедна друга книга, досега печатена, не подбудила толкава полемика меѓу луѓето кои размислуваат. Ниедна друга тема во човечката историја не претставувала предизвик за традиционалните верувања ниту извршила револуција во светот на Природата ниту, пак, ја обликувала и искристализирала човечката мисла, како што сторила Еволуцијата“.

Точно, Дарвин не ја основал теоријата на еволуција; концептот влече корени уште во древна Грција. Исто така, имало и повеќе Дарвинови претходници од XVIII век кои го пробиле патот за книгата Потекло на видовите да биде нашироко прифатена.

Меѓутоа, Дарвиновата книга била таа која станала темел за современата еволуциона мисла. Таа го изненадила, односно шокирала светот, затоа што неговата теорија на еволуција предизвикала повеќе отколку револуција во биологијата. Како бура ги погодила самите темели на општеството — религијата, науката, политиката, економијата, друштвениот живот, историјата и погледот на иднината.

Како теоријата извршила влијание врз светот веќе повеќе од еден век? Како влијае на твојот живот? Што точно ни оставила? Следните статии ќе ги разгледаат овие прашања.

[Фуснота]

a Целосниот наслов на Дарвиновата книга гласи За потеклото на видовите преку природна селекција или опстанок на повластените раси во борбата за живот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели