ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/2 стр. 17-19
  • Зошто да се гради со дрво?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто да се гради со дрво?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Најстарата дрвена зграда
  • Јапонските домови
  • Убавината на дрвото
  • Дарот на дрвото
  • Традиционална руска уметност на дрво
    Разбудете се! 2011
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Разбудете се! 1996
g96 8/2 стр. 17-19

Зошто да се гради со дрво?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЈАПОНИЈА

НА ВРВОТ на една дрвена црква, 22 кромидовидни куполи блескаат како сребренкасти крлушки на риба на свежото сонце на северозападна Русија. Еден поглед одблизу открива дека куполите се покриени со илјадници дрвени ќерамиди, сега веќе истрошени од времето. На еден остров на езерото Онега, оваа дрвена градба скоро триста години се спротивставувала на суровите зими во оваа земја. Таа немо сведочи за зачудувачката издржливост на дрвото.

Други градби даваат уште посилно сведоштво. Низ северна Европа се распрснати дрвени градби кои се користеле далеку подолго време. На пример, ракотворбите на Норвежаните кои околу XII век се оддале на градење со дрво, сѐ уште можат да се видат распрснати по селските предели. На другата страна во Англија, во близината на Онгар (Есекс) се наоѓа една дрвена зграда изградена околу 1013 година, која сѐ уште јуначки се соочува со немилосрдните временски прилики. Но се чини дека дедо на сите нив е еден дрвен храм во Јапонија кој е со векови постар од нив.

Најстарата дрвена зграда

Како е можно овој дрвен Хорјуџи храм да опстане толку долго? Во основа, поради врвното познавање на дрвото од страна на првите дрводелци. Тие знаеле какво дрво да изберат и кои делови да ги користат за посебни намени. Нивниот избор во овој случај било дрвото хиноки (јапонски чемпрес), кое растело најмалку илјада години пред да биде пресечено.

Врвниот дрводелец Цунеказу Нишиока, кој неодамна почина, поголем дел од својот живот го поминал во реновирање на храмот. Тој тврдел дека клиновите — кои биле направени на ист начин како самурај мечевите, користејќи техники на повторливо ковење и загревање — исто така одиграле важна улога во долговечноста на храмот. При реновирањето се користеле стари клинови затоа што, како што тој рекол, „модерните клинови не траат ни 20 години“.

Некои можеби се прашуваат дали Хорјуџи храмот навистина е стар 1.300 години со оглед на тоа што 35 проценти од храмот е реновиран во овој век. Меѓутоа, многу важни столбови, главни греди и настрешници се од првобитното дрво. Нишиока рекол: „Мислам дека храмот ќе трае уште 1.000 години“.

Со оглед на тоа што насекаде околу нив растело дрво од ваков квалитет, не е никакво чудо тоа што древните Јапонци развиле љубов спрема дрвениот материјал. Дури и денес нивните домови покажуваат дека таа љубов била пренесувана од генерација на генерација.

Јапонските домови

Во домовите, дрвото има широка примена, но тоа не се обојува. На столбовите, вратите, намештајот и така натаму, им се става глазура што овозможува на природниот год и боја да се гледа со восхит. На дрвените штици на верандата воопшто не се става глазура. Недовршеното дрво овозможува една природна врска со дрвјата и грмушките во градината. Тоа дава повеќе хармонија и спокојство наместо стимулација.

Многу Јапонци велат дека сонуваат за тоа да поседуваат една ваква куќа. Меѓутоа, едно квалитетно градежно дрво за градење на таква куќа сега е многу скапо за обичниот работник. Но сепак, Јапонците сакаат да го користат дрвото таму каде што можат затоа што историјата ги научила дека, освен тоа што добро изгледа, дрвото одговара на нивните услови, кои вклучуваат чести земјотреси, тајфуни, жешки и влажни лета и студени зими.

Дрвото е благодат за земјите кои се подложни на земјотреси, затоа што се свиткува и искривува под притисок наспроти материјалите како каменот кои во такви ситуации би пукнале. Дрвото ги има и прекрасните својства да ја задржува влажноста и да врши изолација. И покрај дождот и влажноста што ја зафаќаат Јапонија од јуни до август, куќите не скапуваат. Дрвото се прилагодува и во тоа време дава одредена мера на удобност затоа што може да ја апсорбира влажноста од воздухот, а потоа да се исуши. Сепак, дрвото е привлечно за обичниот човек од многу поинакви причини.

Убавината на дрвото

Низ целиот свет повеќето луѓе го избираат дрвото поради неговиот изглед. Во својата книга Collins Good Wood Handbook (Колинсонов прирачник — добро дрво), Алберт Џексон и Дејвид Деј објаснуваат: „Бидејќи дрвото е производ на природата, секое парче е единствено. Секое делче дрво земено од едно стебло, или од истата даска, ќе биде различно. Може да ја има истата јачина или боја, но не и истата шара на годот. Токму оваа разновидност во карактерот, јачината, бојата, употребливоста, па дури и мирисот, го прави дрвото толку привлечно“.

Зошто може да се види толкава разновидност во годот на дрвото? Па, како прво, додека кај некои дрвја растат прави годови, други создаваат годови со јазли, а трети, пак, создаваат брановидни или дури извиткани годови. Потоа, додека дрвјата растат тие често се виткаат или го менуваат својот правец на растење, пуштаат гранки, а тука доаѓаат и си заминуваат инсекти. Сето тоа придонесува за интересните шари. Освен тоа, шарата е поинаква во зависност од правецот во кое дрвото е пресечено. Едно црвенкасто-кафеаво дрво кое е пресечено за да има изразита шара со црти кои се скоро црни, во некои земји го добило името зебрино дрво, додека во други — тигрово дрво.

Понатаму, убавината на дрвото ја зголемува и големата разновидност на бои. Не се сите дрвја кафеави. Црната срцевина на абоновината доаѓа од Индија и Шри Ланка, црвената до виолетово-кафеавата камбаловина од Западна Африка, а темно-црвената махагонија од Централна и Јужна Америка. Светло-портокаловото црвено бразил-дрво, кое со стоење се претвора во јако црвено-кафеаво, потекнува од Бразил. Некои дрвја се зелени, а некои розови. Алјаска го дава бледо-жолтото дрво на жолтата кедровина, а европскиот јавор е уште поблед. На крајот на спектарот се белите дрвја, толку бледи што се скоро безбојни.

За многумина е многу привлечна и миризбата на дрвото. Едно миризливо дрво е смреката, која дрводелците на Соломон ја употребиле за да го покријат подот на храмот (3. Царства 6:15, НС). Можеби миризбата на смрековината се ширела во воздухот и понекогаш се мешала со мирисот на темјанот (2. Летописи 2:4). Смреката е позната не само по тоа што има мирис туку и по тоа што е долговечна и отпорна на гниење.

Би можело да се каже уште многу, многу повеќе како пофалба за дрвото. Има толку многу доблести, што само би се прашувале што би можеле да кажеме против него.

Дарот на дрвото

Точно, секое дрво не е отпорно на штетници, нити секое е отпорно на распаѓање нити, пак, трае стотици години. Главниот проблем при градењето со дрво е огнот. Сепак, на големи жештини масивното дрво полека согорува, полека ја губи својата јачина и му треба подолго време да падне отколку на челикот. Меѓутоа, малку куќи денес, ги имаат старинските столбови и греди од масивно дрво. Според тоа, треба колку што е можно побрзо да се избега од куќа што гори.

Дрвото не е евтин неквалитетен градежен материјал. Напротив, дрвото кое е избрано и со кое исправно се ракува може да стане добро изолирана зграда која ќе се користи стотици години. Некои стручњаци тврдат дека никогаш не би изгнило кога исправно би се грижеле за него. Без разлика на тоа, дрвото секако е еден од најдобрите градежни материјали што Творецот ни ги дал.

[Слика на страница 17]

Кромидовидните куполи се наоѓаат на врвот на една дрвена црква на еден остров на езерото Онега

[Извор на слика]

Tass/Sovfoto

[Слики на страница 18]

Дрвениот Хорјуџи храм во Јапонија

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели