ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/8 стр. 3-4
  • Можно ли е во некого да се има доверба?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можно ли е во некого да се има доверба?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Довербата насекаде уништена
  • Довербата е од пресудна важност за среќен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Можеме ли да имаме доверба во некого?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Можеш да имаш доверба во твоите браќа
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Како да ја стекнам довербата на родителите?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/8 стр. 3-4

Можно ли е во некого да се има доверба?

„Тој беше еден од малкуте луѓе надвор од фамилијата во кого моите родители имаа апсолутна доверба . . . Се прикажуваше себеси како добар и грижлив човек кој никогаш не би направил нешто за да нѐ повреди . . . Тој беше еден од малкуте луѓе во мојот живот во кого безрезервно имав доверба.“

ЕДНА млада жена на тој начин ја опишала довербата што ја имала во својот фамилијарен лекар. За жал, таа доверба била сериозно ставена на погрешно место. Од нејзината 16-та година, овој лекар сексуално ја злоупотребувал. „Тој ме излажа и ме измами“, им кажала на судските власти, кои тогаш доделиле правда (The Toronto Star).

Довербата насекаде уништена

Довербата, како едно прекрасно а сепак нежно цвеќе, може лесно да се искорне и под нозе да се изгази. Насекаде се згмечува! Мајкл Гејн, кој бил секретар на двајца кардинал⁠-​надбискупи во Англија, рекол: „Постоеше време кога секој веруваше во свештеникот; кога семејствата му ги доверуваа своите деца во негова грижа. Сега не би го очекувал тоа. Отсечени сме од таа доверба засекогаш“ (The Guardian Weekend).

Деловните луѓе ги лажат конкурентите. Лукавите рекламери ги заведуваат и експлоатираат потрошувачите. Еден бездушен службеник ги опљачкал пензиските фондови на сопствените фирми, ограбувајќи ги заштедите на своите вработени. Вработените редовно ги ограбуваат своите работодавачи. На пример, еден извештај забележал дека „канадските бизниси годишно губат пресметана вредност од 20 милијарди долари од интерни кражби“ (Canadian Business).

Не се сите политичари недоверливи. Но малкумина луѓе се изненадени од извештаите како следниов: „Две седмици после атентатот на една од најконтраверзните женски политичарки во Франција, полицијата ги распарчила закрилата на политичката измама и криминалната завера која долго време ја маскирала областа на владата на медитеранскиот брег“ (The Sunday Times, London).

Честопати, довербата е разнишана во блиските односи. Сопрузите и сопругите ги изневеруваат своите сопружници. Родителите ги злоупотребуваат децата. Децата ги лажат родителите. Кога биле отворени архивите на Stasi, тајната полиција во поранешна Источна Германија, откриле „продорен систем на измама“ од страна на луѓе кои се сметале за пријатели. Во една мрежа на предавство, вели еден извештај, „пипките на Стаси се протегале до училницата, проповедницата, спалната соба, па дури и исповедницата“ (Time).

Еден колумнист во Ирска, напишал: „Нѐ лажеле, нѐ завеле, нѐ искористувале и злоупотребувале и нѐ презирале оние кои ги поставивме на положба, на моќ“ (The Kerryman). Затоа што толку често биле изневерувани, многу луѓе немаат доверба во никого. Што можеме да сториме за да се увериме дека нашата доверба не е ставена на погрешно место? Следните две статии ќе го испитаат ова прашање.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели