Здравјето и околината
Од дописникот на Разбудете се! во Нигерија
Во целиот свет секоја година умираат 49 милиони луѓе. Според еден извештај на Светската здравствена организација (WHO), околу 75 проценти од овие смртни случаи се предвремени, а причината била поврзана со лошата околина и начин на живот. Разгледај некои примери:
◼ Ракот убива пет милиони луѓе секоја година. Многу од овие случаи, известува WHO, „можат директно да се припишат на масивниот пораст во пушење цигари во последниве 30 години“.
◼ Дијареата, која годишно убива повеќе од три милиони деца, честопати е предизвикана од загадена храна и вода, како и поради недостиг на соодветни санитарни услови.
◼ Туберкулозата, убиец на три милиони лица годишно, се развива во услови на сиромаштија и пренатрупаност, особено онаму каде што има лоши санитарни услови.
◼ Инфекциите на дишните патишта, главно пнеумонија, секоја година убиваат три и пол милиони деца на возраст под пет години. Многу од нив се жители на градовите и се изложени на висок степен на загаденост на воздухот.
Освен овие смртни случаи, секоја година околу две и пол милијарди луѓе — речиси половината од светското население — страдаат од болести кои потекнуваат од недостиг на вода или, пак, загадена вода и лоши санитарни услови. Освен тоа, моменталните проблеми како што се киселите дождови, намалувањето на озонскиот слој и глобалното затоплување, WHO ги доведува во врска со влошувањето на здравјето кај многумина. Извештајот на WHO забележува дека сѐ на сѐ повеќе од две милијарди луѓе живеат во околина која е опасна за живот и за здравјето.
Д-р Хироши Накајима, генерален директор на WHO, предупредува: „Ако не преземеме нешто сега, кризата за Земјата и за нејзините жители ќе стане неподносливо голема, со околина која повеќе не може да се поднесе“.
Библијата ветува дека ќе дојде време кога „ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘ “ (Исаија 33:24). Ова ќе се исполни, но не со човечки напори, туку преку Божјето Царство, кое ќе ги искорени болестите и сето она што ги предизвикува (Откровение 21:3, 4).
[Извор на слика на страница 16]
Godo-Foto