ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/6 стр. 25-27
  • Божјиот дар — рамнотежата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјиот дар — рамнотежата
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е тоа? Како функционира?
  • Нарушување на вестибуларниот систем
  • Причини и лекување
  • Вашиот слух — дар што треба високо да се цени
    Разбудете се! 1998
  • Човекот — чудо
    Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање?
  • Цени ги своите прекрасни дарби
    Разбудете се! 2011
  • Колку само си уникатен!
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/6 стр. 25-27

Божјиот дар — рамнотежата

„ТОА е само поради брановите“, ми рекоа пријателите, „и може да потрае неколку дена.“ Тоа беше во октомври 1990 година, а јас тукушто излегов на копно од еден брод за крстарење после едно седумдневно патување на Карибите. Меѓутоа, она што мислев дека ќе биде само неколкудневно искуство, траеше со месеци. Се чувствував како воопшто да не сум се симнал од тој брод. Нешто не беше во ред со мојот вестибуларен систем, тој сложен систем за рамнотежа во внатрешното уво, со неговите централни врски во мозокот.

Што е тоа? Како функционира?

Центарот што ја координира твојата рамнотежа се наоѓа во подножјето на твојот мозок, наречено продолжен мозок. Кога си здрав, ти одржуваш рамнотежа бидејќи од твоите очи, мускули и од твојот вестибуларен систем се примаат безброј импулси.

Твоите очи го снабдуваат продолжениот мозок со непрекинати сензорни податоци за твојата надворешна околина. Сензорните рецептори во твоите мускули, наречени проприорецептори, дотураат информации во твојот мозок за видот на површината по која одиш или што ја допираш. Но, твојот вестибуларен систем е оној што дејствува како внатрешен систем за управување кој му кажува на твојот мозок каде се наоѓа твоето тело во просторот во однос на Земјата и нејзината тежа.

Вестибуларниот систем е составен од пет дела кои ја регулираат рамнотежата: три полукружни канали и две вреќички. Полукружните канали се наречени преден канал, латерален канал и заден канал. Двете вреќички се наречени мешница и ќесичка.

Полукружните канали лежат во просторни рамнини под прав агол еден со друг, како што се спојуваат ѕидовите и подот на ќошот од една соба. Каналите претставуваат ходници кои сочинуваат еден лавиринт кој е скриен во тврдата коска на черепот, наречена слепоочна коска. Во овој коскен заплет се наоѓа уште еден лавиринт, наречен мембранозен лавиринт. На крајот на секој мембранозен полукружен канал се наоѓа нешто што изгледа како проширување, кое е наречено ампула. Од внатрешната страна на мембранозниот лавиринт се наоѓа една посебна течност, наречена ендолимфа. А од надворешната страна на мембраната се наоѓа една друга течност со поинаков хемиски состав, наречена перилимфа.

Овој испакнат дел од каналот, наречен ампула, содржи посебни клеточни влакна во облик на снопчиња кои се всадени во една желатинозна маса, наречена купула. Кога правиш движење со главата во кој и да е правец, ендолимфната течност малку заостанува зад движењето на самите канали — затоа течноста ја навалува купулата и влакнестите снопчиња што ги содржи таа. Движењето на влакнестите снопчиња предизвикува промени во електричните својства на клеточното влакно, а со тоа се пренесуваат пораки до твојот мозок преку нервните клетки. Не само што пораките патуваат од овие поединечни клеточни влакна до мозокот преку таканаречените аферентни нервни патишта туку и назад од мозокот до секое клеточно влакно преку еферентните нервни патишта за да му даде на клеточното влакно соодветна информација кога тоа е потребно.

Полукружните канали го откриваат праволиниското или кружното движење на твојата глава во кој и да е правец, како на пример кога ја наведнуваш напред или назад, кога ја навалуваш на едната или на другата страна или кога ја вртиш лево или десно.

Од друга страна, пак, мешницата и ќесичката го откриваат праволиниското забрзување — затоа се наречени гравитациони сензори. И тие содржат клеточни влакна во таканаречената макула. На пример, кога се качуваш со лифт, ќесичката ќе испрати до твојот мозок информација која ќе ти даде чувство на забрзување нагоре. Мешницата е главен детектор кој реагира кога се возиш со автомобил и наеднаш забрзуваш. До твојот мозок таа испраќа информација која ти дава чувство дека некој те турка напред или назад. Потоа, твојот мозок ги комбинира овие информации со другите импулси за да донесува одлуки, на пример како да мрдаш со очите и со екстремитетите за да реагираш на твоето очигледно движење. Тоа ти помага да го задржиш твоето чувство за ориентација.

Тоа е еден чудесен систем кој му донесува чест на неговиот Конструктор, Јехова Бог. Дури и научните истражувачи не можат а да не бидат импресионирани од неговата конструкција. Во списанието Scientific American‚ професорот по биологија и психологија А. Ј. Хундспет напишал: „Меѓутоа, натамошната работа може само да го зајакне чувството на восхит кон сензитивноста и комплексноста на ова минијатурно делче од биолошкиот апарат“.

Нарушување на вестибуларниот систем

Во мојот случај, проблемот со внатрешното уво беше дијагностициран како отоспонгиоза или отосклероза. Тоа е едно заболување при кое коската во која се наоѓа вестибуларниот систем станува мека или сунѓереста. Нормално оваа коска е многу тврда, дури и потврда од коскениот материјал на останатиот дел од телото. Се смета дека во процесот на смекнување се создава еден ензим кој протекува во течноста на внатрешното уво и го нарушува неговиот хемиски состав, односно ја труе течноста. Ова може да го предизвика необичното чувство дека постојано се движиш, иако можеби стоиш или мирно лежиш.

Кај мене тоа предизвикуваше да имам чувство дека улицата под моите нозе се ниша со брановидни движења кои понекогаш се високи и по триесетина сантиметри. Кога ќе легнев, имав чувство како да лежам на дното на некој чамец среде океански бранови од еден метар. Чувството не се појавуваше и не исчезнуваше како во случајот на некаков напад на вртоглавица, туку доаѓаше и остануваше по 24 часа на ден, без да престане со месеци. Единствено олеснување ми беше кога не бев свесен додека спијам.

Причини и лекување

Причината за отоспонгиоза/отосклероза сѐ уште не се знае, иако можеби има некаква врска со наследниот фактор. За медицинската наука беше тешко да го проучи ова заболување бидејќи изгледа дека тоа е својствено само за луѓето. Ретко, ако и воопшто, се јавува и кај животните. Отоспонгиозата може да предизвика зуење (шум во увото), чувство на преполнетост, замаеност, чувство на немање рамнотежа или различни облици на вртоглавица (зашеметеност). Истото заболување може да предизвика заглавување на узенгијата во средното уво и да предизвика кондуктивна наглувост. Ако отоспонгиозата дојде до полжавот, таа може да предизвика сензороневролошка наглувост, пореметувајќи ја функцијата на нервите.

За ова заболување постојат начини на лекување. Во некои е вклучен хируршки зафат (види Разбудете се! од 8 јули 1988, 19. страница, англ.); други, пак, се со обид да се прекине распаѓањето на коските со земање калциум и флуор. Понекогаш се препорачува и исхрана без шеќер бидејќи внатрешното уво е многу желно за гликоза од крвта. Всушност, на внатрешното уво му е потребно трипати повеќе шеќер за да може да функционира отколку што му е потребно на ист толкав волумен од мозокот. Здравото уво сосема добро излегува на крај со нормалната флуктуација на гликоза од крвта, но штом увото ќе се поремети, овие флуктуации можат да предизвикаат да ти се врти. Изгледа дека кофеинот и алкохолот се исто така штетни откако твоето внатрешно уво ќе престане да функционира правилно. Иако возењето со бродот за крстосување, споменато на почетокот на оваа статија, не беше вистинската причина за проблемот, промените во температурата, влажноста и навиките во исхраната веројатно го поттикнаа губитокот на рамнотежа.

Твоето внатрешно уво извршува нешто многу повеќе отколку само да слуша за тебе. На еден чудесен и прекрасен начин, тоа ти помага да ја одржуваш својата рамнотежа. Неговата конструкција треба да нѐ наведе да се воодушевуваме на делото на нашиот Творец, а тоа треба да го продлабочи нашето ценење за неговото творештво (Приложено).

[Графикон/слика на страница 26]

(Види во публикацијата)

Твојот зачудувачки вестибуларен систем

Надворешен поглед

ПРЕДЕН КАНАЛ

ОВАЛНО ПРОЗОРЧЕ

ПОЛЖАВ

КРУЖНО ПРОЗОРЧЕ

ЗАДЕН КАНАЛ

ЛИНЕАРЕН КАНАЛ

Внатрешен поглед

СЛЕПООЧНА КОСКА

МЕМБРАНОЗЕН ЛАВИРИНТ

АМПУЛА

ЌЕСИЧКА

Детектор на вертикални движења

ПОЛЖАВ

Орган за слушање

МАКУЛА

МЕШНИЦА

ГРЕБЕН

Детектор на хоризонтални движења

Мери праволиниски движења

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели