ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/9 стр. 18-20
  • Какви се вашите телефонски манири?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Какви се вашите телефонски манири?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Телефонот и Вие
  • Промислена обѕирност спрема другите
  • Квалитетот на говорот
  • Бидете добар слушател
  • Заклучни размислувања
  • Успешно сведочење по телефон
    Нашата служба за Царството 2001
  • Сведочењето преку телефон може да биде ефикасно
    Нашата служба за Царството 2009
  • Сведочење по телефон — начин да се достигнат мнозина
    Нашата служба за Царството 1993
  • Да се однесуваме учтиво како Божји слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/9 стр. 18-20

Какви се вашите телефонски манири?

„Веднаш по семејството, наклоноста, здравјето и љубовта спрема работата, дали нешто друго толку многу придонесува за пријатноста на животот, обновувањето и подигнувањето на нашето самопочитување, како што е размената на љубезни зборови?“

ПОСТАВУВАЈЌИ го тоа прашање, покојната американска авторка и педагог Луси Елиот Килер им придала висока вредност на личното задоволство и исполнетост кои можат да се извлечат од размената на усната комуникација, способност која со љубов му е дадена на човекот во времето на неговото создавање (2. Мојсеева 4:11, 12).

Изумот на телефонот од Александер Греам Бел во голема мера придонел за подобрување на текот на човековиот говор во изминатите 12 децении. Денес, за милијарди жители на Земјата, телефонот обезбедува витална врска помеѓу луѓето, без разлика дали се користи за работа или за задоволство.

Телефонот и Вие

До кој степен употребата на телефонот го подобрува квалитетот на Вашиот живот? Зарем нема да се согласите дека Вашиот одговор на тоа прашање повеќе зависи од луѓето кои се вклучени отколку од самиот инструмент? Навистина, прикладно е да го поставиме прашањето: Какви се Вашите телефонски манири?

Телефонските манири опфаќаат подрачја како што се умствениот став, квалитетот на говорот и способноста на слушање. Тие се однесуваат и на процедурите на користење на телефонот и начините на справување со непријатните повици.

Промислена обѕирност спрема другите

Како што е вистинито во сите човекови размени, добрите телефонски манири произлегуваат од чувството кон ближниот. Апостол Павле напишал: „Гледајте за интересите на другите, а не само за сопствените“ (Филипјаните 2:4, The New English Bible).

Кога ѝ го поставиле прашањето: „Кои највообичаени примери на лоши телефонски манири сте откриле?“ една искусна телефонистка на телефонска централа одговорила дека на врвот на нејзиниот список бил „јавувачот кој вели: ‚Маре овде‘ (Колку Мариња познавате?) или уште полошо ‚Јас сум‘ или ‚Погоди кој е‘ “. Таквите непромислени, можеби добронамерни пристапи можат да предизвикаат срам и нетрпеливост. Телефонистката продолжила: „Зошто јавувањето да нема среќен почеток со тоа што јасно ќе се идентификувате и, освен тоа, од обѕирност спрема оној кого го барате, да прашате дали е погодно време за разговор?“

Запомнете, иако Вашиот израз на лицето не може да се види, Вашиот став ќе биде очигледен. Како тоа? Преку тонот на гласот. Нетрпеливост, досада, лутина, рамнодушност, искреност, веселост, услужливост и топлина — сѐ се открива. Точно, вознемиреноста може да биде природна реакција кога некој е прекинат. Во прилог на добрите манири, обидете се во оваа ситуација да застанете и во Вашиот глас да вметнете „насмевка“ пред да одговорите. Возможно е да не се согласувате без да користите тон на несогласување.

Комбинацијата на промислена обѕирност и пријатен тон на гласот можат да придонесат за зборови кои се ‚добри, за издигање каде што треба‘ и за принесување „благодат на оние што слушаат“ (Ефесјаните 4:29).

Квалитетот на говорот

Да, важно е каков вид говор користиме. Дали се согласувате со следниве правила и дали се придржувате за нив? Зборувајте природно, чисто и јасно. Немојте да мрморите. Не викајте — дури ни при далечен повик. Немојте да ги слевате зборовите. Избегнувајте немарен говор кој ги скратува или ги прескокнува слоговите; исто така, избегнувајте употреба на „излишни зборови“ и да се враќате на почетокот што може да биде обеспокојувачки и да создаде раздразнетост. Одбегнувајте ја употребата на здодевен едноличен звук. Исправниот смисловен акцент и модулацијата прават говорот да има значење, да биде разнообразен и освежувачки. Исто така, имајте на ум дека да се јаде додека се разговара на телефон нема да го зголеми квалитетот на разговорот нити одразува добри манири.

Исто така, вреди да се размисли за изборот на зборовите. Потребна е остроумност. Користете јасни и едноставни зборови кои се разбираат без тешкотија. Зборовите имаат конотации. Тие можат да бидат љубезни или сурови, утешителни или остри, охрабрувачки или обесхрабрувачки. Освен тоа, човек може да биде духовит без да биде раздразлив, отворен без да биде нечувствителен или суров и тактичен без да обиколува. Учтивите изрази како што се „молам“ и „благодарам“ секогаш се добредојдени. Зборови кои се љубезни, обѕирни и вкусни — се она на што мислел апостол Павле кога напишал: „Зборот ваш секогаш да биде благодатен, зачинет со сол, за да знаете како треба на секого да му одговарате!“ (Колосјаните 4:6).

Бидете добар слушател

Постои приказна за еден млад човек кој го прашал својот татко да му каже која е тајната да се биде добар соговорник. „Слушај, сине“, бил одговорот. „Слушам“, рекло момчето. „Кажи ми уште.“ „Нема што уште да се каже“, одговорил таткото. Навистина, да се биде заинтересиран, сочувствителен слушател е витална состојка во рецептот за добри телефонски манири.

Пропустот да се придржувате за едно едноставно правило може да доведе до тоа да Ве гледаат како телефонска досада. Што е тоа? Немојте да го монополизирате разговорот. На пример, немојте да заглибите во бескраен извештај, од збор до збор, за некој безначаен разговор во кој сте биле вклучени или некоја лична историја, надолго и нашироко, за мали болести и болки. Повторно, имаме едно применливо, концизно библиско правило, овој пат од ученикот Јаков. ‚Бидете брзи во слушањето, а спори во зборувањето‘ (Јаков 1:19).

Заклучни размислувања

Ајде сега да обратиме внимание на две конечни прашања кои доаѓаат во контекстот на телефонските манири. Што може да се каже за процедурите на употреба на телефонот? Постојат ли некои предложени упатства за справување со непожелните повици?

Додека сте на телефонот, дали некогаш сте откриле дека на другата страна на жицата гласот повремено избледува во далечината? Тоа треба да Ве потсети дека треба да зборувате во микрофонот, држејќи го околу 2 сантиметра од усните. Освен тоа, учтиво е да ја контролирате буката во позадината. Кога се јавувате, внимателно вртете ги броевите на телефонот за да избегнете да добиете погрешен број; и кога ќе завршите со Вашиот повик, нежно ставете ја слушалката во нејзиното лежиште.

Дали некогаш сте биле жртва на непријатни повици? За жал, изгледа дека таквите се во пораст. Непристојниот, сугестивен или безобразен јазик заслужува само еден одговор — прекинување на повикот. (Спореди Ефесјаните 5:3, 4.) Истото би важело кога оној што се јавува одбива да се идентификува. Ако имате причина да се сомневате во повикот, публикацијата How to Write and Speak Better (Како да пишувате и да зборувате подобро) препорачува да „не одговарате ако некој непознат глас ве праша: ‚Кој е на телефон?‘ “ и да не дискутирате за Вашите планови со непознат човек.

Колку е добро да се знае дека, на крајот на краиштата, користењето на добри телефонски манири не бара долга листа на правила или прописи! Како во сите постапки меѓу луѓето, пријатните и наградувачки односи доаѓаат од применувањето на она што вообичаено се нарекува Златното правило. Исус Христос рекол: „Сѐ она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие“ (Матеј 7:12). За христијанинот постои уште и желбата да Му угоди на Оној кој го обдарил човекот со дарбата за говор. Псалмистот се молел: „Зборовите на устата моја и помислите на срцето мое нека бидат благоугодни пред Тебе, Господи, помошнику мој и избавителе мој!“ (Псалм 18:14).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели