ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/10 стр. 31
  • Туберкулозата повторно напаѓа!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Туберкулозата повторно напаѓа!
  • Разбудете се! 1996
  • Сличен материјал
  • Нова одбрана во борбата против туберкулозата
    Разбудете се! 1999
  • Смртоносен сојуз
    Разбудете се! 1998
  • Пророштва за нашево време
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/10 стр. 31

Туберкулозата повторно напаѓа!

ОД 1950-тите, бројот на случаи на туберкулоза (TBC) во Соединетите Држави се намали на стапка од 5 проценти годишно. Меѓутоа, од 1985 година има 18-процентен пораст во известените случаи на TBC. Дури и уште повознемирувачко е присуството на еден нов вид на оваа болест, кој не реагира на лекување со медикаменти. Се проценува дека TBC сега убива три милиони луѓе секоја година. Зошто борбата против TBC преминува во изгубена битка?

Една причина е тоа што многу пациенти едноставно пропуштаат да ги земаат своите лекови онолку време колку што се бара — честопати шест до девет месеци. На пример, во Њујорк Сити еден извештај открил дека 89 проценти од една група од околу 200 пациенти со активна TBC не го довршиле своето лекување. „Тоа е ужасно“, вели д-р Ли Рикман, претседател на Американското белодробно здружение, „бидејќи тие луѓе а) нема да се излечат и б) веројатно ќе развијат TBC која е отпорна на лековите кои вообичаено се користат.“ Но, влијанието што можат да го имаат овие носители не е само врз нивното здравје. „Со тоа што не ги земаат своите лекови“, додава д-р Рикман, „тие можат да инфицираат и други луѓе.“ Без сомнение, тоа е еден фактор кој придонесува за проценетите осум милиони нови случаи кои секоја година се дијагностицираат ширум светот.

Оние кои ја проучуваат Библијата увидуваат дека тоа што ‚на некои места ќе има помори‘ е дел од знакот дека живееме во „последните денови“ на овој систем на ствари (Лука 21:11; 2. Тимотеј 3:1). Што ќе следи потоа? Една нова Земја, на која „ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘ “ (Исаија 33:24). Да, Јехова Бог ветува не само привремено олеснување туку и трајно ослободување од болеста и од смртта (Откровение 21:1—4).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели