ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/10 стр. 11-14
  • Крајот на една ера — надеж за иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крајот на една ера — надеж за иднината?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Гласност и перестројка
  • Почнува да се тетерави
  • Политичката перестројка води до револуција
  • Окончување на студената војна
  • Темни облаци на хоризонтот
  • Човечки планови за меѓународна безбедност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Дали работите навистина се поправаат?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Советскиот напад на религијата
    Разбудете се! 2001
  • Во фокусот на советскиот напад
    Разбудете се! 2001
Разбудете се! 1996
g96 8/10 стр. 11-14

Крајот на една ера — надеж за иднината?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ГЕРМАНИЈА

ПОМЕЃУ 1987 и 1990 година, земјотреси со сила од 6,9 степени или повеќе по Рихтеровата скала потресоа делови од Еквадор, Ерменија, Иран, Кина, Соединетите Држави и Филипините. Отприлика 70.000 луѓе биле убиени и уште десетици илјади биле ранети, додека стотици илјади останале без дом. Штетата била во износ од милијарди долари.

Сепак, ниеден од овие потреси не затресе толку многу луѓе нити го стори тоа толку силно како еден друг земјотрес кој го разниша светот во истото време. Тоа беше еден политички земјотрес кој стави крај на една ера. Со тоа, ја промени иднината на милиони.

Што довело до еден таков истакнат настан? Кои би биле неговите последици?

Гласност и перестројка

Михаил Горбачов бил именуван генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, на 11 март 1985 година. Советските граѓани, како и повеќето светски посматрачи, не очекувале поголеми политички промени во текот на неговото раководење.

Помалку од една година после тоа, Аркади Шевченко, поранешен политички советник на советскиот министер за надворешни работи и пет години генерален подсекретар на Обединетите нации, коментирал со особен увид кога напишал: „СССР се наоѓа на крстопат. Ако итните економски и социјални проблеми не се ублажат во блиска иднина, неизбежна е натамошна ерозија во неговиот економски систем, а со тоа загрозувајќи го долгорочно самиот негов опстанок . . . Горбачов дефинитивно воведе еден нов стил . . . Но, дали неговото водење ќе отвори нова ера за СССР, останува да се види . . . Тој се соочува со проблеми кои се скоро несовладливи“.

Положбата на Горбачов тогаш му го даде политичкото влијание кое му беше потребно за да воведе во советското општество една политика за која зборувал уште во 1971 година. Тоа беше гласност, што значи „јавно информирање“, и претставуваше политика на службена отвореност на советските проблеми. Таа се повикуваше на поотворено општество, општество во кое советските граѓани и печатот ќе имаат поголема слобода на изразување. На крајот, гласноста го отвори патот за јавно критикување на владата и на некои нејзини постапки.

Еден друг термин кој Горбачов долго го користел беше „перестројка“, збор што значи „реструктуирање“. Во еден есеј, издаден 1982 година, тој зборувал за „потребата од соодветно психолошко реструктуирање“ на полето на земјоделството.

Откако станал водач на Советскиот Сојуз, Горбачов се уверил дека реструктуирањето на економското управување е, исто така, неопходно. Тој знаел дека нема така лесно да се постигне — можеби дури е и невозможно ако не е придружено со политичка промена.

Ревноста на Горбачов за спроведување на политиката на гласност и перестројка не значела дека тој е со намера да го уништи комунизмот. Напротив, The Encyclopædia Britannica објаснува: „Негова цел беше да започне револуција контролирана одозгора. Тој не сакаше да го поткопа советскиот систем, туку само да го направи поделотворен“.

Намалувањето на рестрикциите кои дошле како резултат на овие насочници било причина за вознемиреност меѓу некои членови од раководството на Советскиот Сојуз. Истото важело и за водачите на некои од земјите на источниот блок. Додека многу од нив ја увиделе потребата од економско реструктуирање, сите не се согласувале со тоа дека политичките промени се неопходни или пожелни.

Сепак, Горбачов им даде до знаење на своите источноевропски сојузници дека се слободни да експериментираат со свои програми на перестројка. Во меѓувреме, Горбачов ја предупреди Бугарија — а всушност и сите земји на источниот блок — дека иако реформите се неопходни, треба да се внимава да не ослабне доминантната улога на комунистичката партија.

Почнува да се тетерави

Критикувањето на комунизмот, како во Советскиот Сојуз така и во земјите на источниот блок, низ годините се зголеми. На пример, од раните 1980-ти години наваму, унгарското седмично новинско списание HVG (Heti Világgazdaság) грубо ги оспорувало ортодоксните комунистички гледишта, иако избегнувало директно да ја критикува самата комунистичка партија.

Солидарност, првата независна работничка унија која постоела во источниот блок, била формирана во Полска во 1980 година. Меѓутоа, нејзиното потекло датира уште од 1976 година, кога една група дисиденти формирале Одбор за одбрана на работниците. До почетокот на 1981 година, унијата Солидарност имала членство од околу десет милиони работници. Таа се напрегала за економски реформи и слободни избори, понекогаш поткрепувајќи ги своите барања со штрајкови. Подлегнувајќи на заканувањето на можната советска интервенција, полската влада конечно ја распуштила унијата, иако таа продолжила да работи илегално. Штрајковите кои барале признание од владата довеле до повторното легализирање на унијата во 1989 година. Во јуни 1989 се одржале слободни избори и биле избрани многу кандидати на Солидарност. До август, првпат во период од околу 40 години, еден некомунистички премиер служел во Полска.

Гласноста и перестројката, заедно со проблемите на кои беше наидено во комунистичкиот свет, очигледно го преобликуваа целиот источен блок.

Политичката перестројка води до револуција

„До јули 1987 година“, пишува Мартин Меколи од лондонскиот универзитет, „изгледаше дека сѐ оди како што сака Михаил Горбачов.“ Дури и во јуни 1988 година, на 19-тата Конференција на комунистичката партија во Москва, Горбачов наводно стекнал „широка, иако понекогаш и слаба поткрепа на неговите програми“. Но било очигледно дека се среќава со потешкотии во реструктуирањето на комунистичката партија и на советската влада.

Во 1988 година, уставните промени допуштиле постоечкиот Врховен совет да се замени со Конгресот на народните пратеници на СССР, чии 2.250 членови една година подоцна биле избрани во слободните избори. Овие пратеници, пак, од своите редови избрале дводомно законодавно тело, секое составено од 271 член. Борис Елцин се покажал како проминентен член на ова законодавно тело. Тој наскоро истакнал дека на перестројката ѝ недостига успех и го насочил вниманието на реформите за кои чувствувал дека се неопходни. На тој начин, иако во 1988 година Горбачов бил издигнат до функција на претседател — положба која тој сакал да ја измени и зајакне, опозицијата против него продолжила да расте.

Во меѓувреме, двете суперсили, Советскиот Сојуз и Соединетите Држави, постигнуваа значителни успеси во редуцирањето на воените сили и смирувањето на нуклеарната закана. Секоја спогодба која беше направена разгори обновена надеж дека може да се постигне светски мир — до тој степен што писателот Џон Елсон, во септември 1989, забележа: „Последните денови на 80-тите години, за многу коментатори претставуваат еден вид збогум на оружјето. Студената војна изгледа дека е скоро завршена; мирот како да избива во многу делови од светот“.

Тогаш дојде 9 ноември 1989 година. Иако сѐ уште физички целосен, берлинскиот ѕид беше пробиен после отприлика 28 години, и наеднаш престана да претставува симболична бариера помеѓу Истокот и Западот. Едни по други, во брз редослед, народите на Источна Европа го напуштија социјалистичкото владеење. Во својата книга Death of the Dark Hero​—Eastern Europe, 1987-​90 (Смртта на темниот херој — Источна Европа, 1987—1990), Дејвид Селбурн го нарече тоа „една од најголемите историски револуции: демократска и, воглавно, антисоцијалистичка револуција чии последици ќе продолжат уште долго време откако нејзините актери и нејзините набљудувачи ќе исчезнат од сцената“.

Штом го достигна својот врв, мирната револуција бргу заврши. Еден натпис во Прага (Чехословачка), накратко го изрази тоа вака: „Полска — 10 години; Унгарија — 10 месеци; Источна Германија — 10 седмици; Чехословачка — 10 дена. А потоа, после една седмица ужас, Романија — 10 часа“.

Окончување на студената војна

Авторот Селбурн вели: „Образецот на падот на системот на Источна Европа беше невообичаено еднообразен“. Тој потоа додава: „Катализаторот јасно беше Горбачововото присвојување на власта во Москва во март 1985 година и неговото окончување на ‚Брежневовата доктрина‘, што фатално ги лиши источноевропските режими од уверувањето на советската помош и интервенција во случај на широко распространета побуна“.

The New Encyclopædia Britannica го нарекува Горбачов „единствениот најважен зачетник на серија настани кон крајот на 1989 и 1990 година, кои ја трансформираа политичката структура на Европа и го означија почетокот на крајот на студената војна“.

Се разбира, Горбачов не можел сам да ја оконча студената војна. Како показател на она што наскоро требало да се случи, после првата средба со него, британската премиерка Маргарет Тачер рекла: „Ми се допаѓа г-н Горбачов. Можеме да соработуваме заедно“. Освен тоа, необичниот личен однос кој го имаа Тачер и американскиот претседател Реган ѝ овозможи да го убеди дека е мудро да се работи со Горбачов. Гејл Шехи, авторка на книгата Gorbachev​—The Making of the Man Who Shook the World (Горбачов — Одликите на човекот кој го затресе светот), заклучува: „Тачер би можела да си честита затоа што, ‚во вистинската смисла на зборот, била кума на односот Реган—Горбачов‘ “.

Како што честопати се случувало во историјата, во вистински момент на позиција се нашле клучни луѓе за да влијаат врз промените кои инаку можеби не би се случиле.

Темни облаци на хоризонтот

Во моментот кога Исток и Запад се радуваа дека студената војна доаѓа до својот крај, на друго место се појавуваа заканувачки облаци. Светот обрна малку внимание кога во 1988 година се слушна од Африка дека неколку илјади луѓе во Бурунди биле убиени во избувнувањето на етничкото насилство. Нити се обрнало поголемо внимание на извештаите кои доаѓале од Југославија во април 1989 — дека таму се случува најлошото избувнување на етничко насилство од 1945 година наваму. Во меѓувреме, поголемата слобода која била очигледна во Советскиот Сојуз довела до раширен граѓански немир. Некои од републиките дури правеле обиди за да постигнат независност.

Во август 1990 година, ирачки трупи се преместиле во Кувајт, освојувајќи го за 12 часа. Додека Германците, помалку од една година од падот на берлинскиот ѕид, ја славеле германската обединетост, ирачкиот претседател се фалел: „Кувајт му припаѓа на Ирак и никогаш нема да се откажеме од него дури и 1.000 години да мораме да се бориме за него“. Во ноември, Обединетите нации се покажаа дораснати на ситуацијата и се закануваа со воена акција ако Ирак не се повлече од Кувајт. Светот повторно се клацкаше на работ на можна несреќа, а контролирањето на нафтените залихи беше основното спорно прашање.

Според тоа, дали надежите за мир и безбедност кои беа разгорени со крајот на студената војна требало да згаснат пред да бидат остварени? Прочитајте за тоа во нашето следно издание во статијата „Новиот светски поредок — тргнува со несигурен почеток“.

[Слика на страница 14]

Берлинскиот ѕид одеднаш престана да претставува симболична бариера помеѓу Исток и Запад

[Извор на слика на страница 11]

Горбачов (лево) и Реган: Robert/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели