ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g96 8/11 стр. 28-29
  • Треба ли да се плашите од мртвите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Треба ли да се плашите од мртвите?
  • Разбудете се! 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Стравот од мртвите раширен
  • Можат ли мртвите да Ви наштетат?
  • Треба ли да се плашиш од мртвите?
    Разбудете се! 2009
  • Спиритизам
    Разбудете се! 2014
  • Треба ли да им се оддава чест на умрените?
    Разбудете се! 1999
  • Во каква состојба се мртвите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 1996
g96 8/11 стр. 28-29

Гледиште на Библијата

Треба ли да се плашите од мртвите?

СПОМЕНЕТЕ ја темата за мртвите и многу луѓе се повлекуваат понатаму да зборуваат за тоа. Меѓутоа, некои не само што чувствуваат неугодност поради темата туку се погодени и од страв. Затоа, не е необично да се најдат обичаи и ритуали во културите низ светот, кои се поврзани со стравот од мртвите. На пример, ајде да ги погледнеме обичаите кои се наоѓаат во супсахарска Африка.

Една жена во еден град во Западна Африка живо се сеќава што се случило откако умрел еден член на нејзиното семејство. Таа раскажува: „Една роднина редовно подготвуваше чинија со храна за покојниот и внимателно ја ставаше во неговата спална соба. Кога не беше тука, јас одев и си јадев од храната. Кога роднината ќе се вратеше, таа беше многу среќна! Веруваше дека покојниот ги добил добрите работи. Тоа се одвиваше некое време сѐ додека не се разболев. Го изгубив апетитот и не можев да јадам никаква храна. Тоа во мене создаде паника! Многу од роднините заклучија дека мојата болест ја предизвикал нашиот покоен роднина. Тој сигурно е лут на некого во семејството, си мислеа тие“.

Во истиот тој град, ако некое семејство има близнаци и едниот умре, никој не смее да зборува за починатиот во домот. Ако некој праша за близнакот кој умрел, семејството вообичаено ќе одговори: „Тој или таа излезе да купи сол“. Тие цврсто веруваат дека животот на преживеаниот близнак ќе биде одземен ако се каже вистината.

Потоа, претставете си ја оваа сцена: Некој човек кој имал три жени умрел. На денот после погребот, за жените се прави специјална бела облека. Во истото време, во близината на куќата се гради едно посебно место од дрво и сламен покрив, каде што овие жени ќе се капат и ќе се облекуваат во белата облека. Никој не смее да влезе внатре освен нив и уште една жена која е одредена да им помага. Откако ќе излезат од ова посебно купатило, лицата на жените се покриени. Жените, исто така, носат себе — ѓердан од коноп кој служи за „заштита“. Ова церемонијално миење се врши 100 дена, секој петок и понеделник. Во текот на овој период, тие не можат ништо да земат директно од некое машко лице. Ако некој маж сака нешто да им даде, мора прво да го стави на под или на маса. Жената тогаш ќе го земе. Никој не смее да седи или да спие на креветот од овие жени. Секогаш кога ќе го напуштат домот, секоја мора да носи специјален стап. Тие мислат дека поседувањето на овој стап ќе го спречи нивниот покоен сопруг да ги нападне. Ако не се следат горенаведените упатства, тие мислат дека покојниот сопруг би можел да се вознемири и да им наштети.

Таквите искуства се вообичаени во тој дел од светот. Меѓутоа, ваквите видови обичаи не ги има само во Африка.

Стравот од мртвите раширен

Една енциклопедија, Encarta, го наведува следново во врска со начинот на кој многу народи гледаат на своите мртви предци: „За починатите роднини . . . се верува дека станале моќни духовни суштества или, во помал број случаи, дека добиле статус на богови. [Таа замисла] се темели на верувањето дека предците се активни членови на општеството, кои сѐ уште се заинтересирани за работите на нивните живи роднини. Постојат опсежни докази за тоа во општествата во Западна Африка . . . во Полинезија и Меланезија (Добу и Манус), меѓу неколку Индоевропски народи (древните Скандинавци и Германи), а особено во Кина и Јапонија. Општо земено, се верува дека предците поседуваат голем авторитет, имајќи посебна моќ да влијаат врз текот на настаните или да ја контролираат благосостојбата на нивните живи роднини. Заштитата на семејството е една од нивните главни грижи. Тие се сметаат за посредници помеѓу врховниот бог, или богови, и луѓето, и можат да комуницираат со живите преку соништа и преку нивното опседнување. Ставот спрема нив е мешавина на страв и стравопочитување. Ако се запостават, предците би можеле да предизвикаат болест и други несреќи. Придобивање, преколнување, молитва и жртва се разновидни начини на кои живите можат да комуницираат со своите предци“.

Навистина, приходот на семејството може да се исцеди поради стравот од мртвите. Честопати, оние кои цврсто веруваат дека од мртвите треба да се плашиме, бараат грижливо изготвени церемонии кои изискуваат храна и пијалок, живи животни за жртва и скапа облека.

Но, дали мртвите роднини или предци навистина се во состојба која изискува страв и стравопочитување? Што вели Божјата Реч, Библијата?

Можат ли мртвите да Ви наштетат?

Можеби ќе Ве интересира да дознаете дека Библијата ги признава таквите верувања. Во книгата 5. Мојсеева, споменати се некои постапки поврзани со стравот од мртвите. Таа наведува:„Да не се најде пред тебе човек . . . чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10—12).

Забележете дека Јехова Бог ги осудил таквите ритуали. Зошто? Затоа што се темелат врз лага. Најистакнатата лага во врска со мртвите е таа дека душата живее и понатаму. На пример, списанието The Straight Path го вели следново во врска со тоа што им се случува на мртвите: „Смртта не е ништо друго освен заминување на душата . . . Гробот е склад само за телото, а не и за душата“.

Библијата не се согласува со тоа. Прочитајте го сами Језекиил 18:4: „Гледајте, сите души се мои; како душата на таткото, така и душата на синот е моја: душата која греши, таа ќе умре“ (King James Version). Исто така, состојбата на мртвите била јасно изложена во Божјата Реч во Проповедник 9:5: „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат“. Тоа објаснува зошто храната која е оставена за мртвиот не е изедена, освен ако не ја изеде некој од живите.

Меѓутоа, Библијата не нѐ остава без надеж во врска со оние кои се во гробовите. Тие можат повторно да живеат! Библијата зборува за „воскресение“ (Јован 5:28, 29; 11:25; Дела 24:15). Тоа ќе се случи во Божје одредено време. Во меѓувреме, мртвите лежат несвесни во гробот, ‚спиејќи‘ додека не дојде Божјето време да се ‚разбудат‘ (Јован 11:11—14; Псалм 12:3).

Луѓето обично се плашат од непознатото. Точното спознание може некого да ослободи од неосновани суеверија. Библијата ни ја дава вистината во врска со состојбата на оние кои се во гробовите. Едноставно речено, не треба да се плашите од мртвите! (Јован 8:32).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели