ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/1 стр. 24-25
  • Мајчината поврзаност со нејзините бебиња

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мајчината поврзаност со нејзините бебиња
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • „Никогаш не сум почувствувала таква љубов“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • ‚Ја запазив верата‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Ретка средба со пустинската мачка
    Разбудете се! 2013
Разбудете се! 1997
g97 8/1 стр. 24-25

Мајчината поврзаност со нејзините бебиња

ТАА била само една залутана, кратко-влакнеста, безимена мачка со пет маченца, која се обидувала да преживее по мизерните улици на источен Њујорк. Си основала домаќинство во една дотрајана напуштена гаража, подложна на многу сомнителни пожари. Го пребарувала соседството за остатоци од ѓубре кои би ѝ овозможиле да го прехрани своето потомство кое е во пораст.

Сето тоа се променило утрото во 6.06 часот, на 29 март 1996. Еден сомнителен пожар бргу ја проголтал гаражата. Домот на мачкината фамилија бил во пламен. Пожарникарската компанија 175 реагирала и наскоро го ставила пламенот под контрола. Дејвид Жанели, еден од пожарникарите, ги слушнал врескањата на мачињата. Пронашол три веднаш пред зградата, едно на три четвртини од патот преку улицата, а петтото на тротоарот. Маченцата биле премногу млади за да побегнат сами. Жанели забележал дека изгоретините на секое маче биле сѐ потешки затоа што некои чекале подолго за да бидат спасени додека мајката мачка ги изнесувала надвор едно по едно.

Извештајот во њујоркшкиот Daily News од 7 април 1996, го дал следниов извештај за местото на пребивање на мајката и за нејзината грижа: „Жанели ја открил мајката превртена во болка на една празна парцела во близината, и глетката му го скршила срцето. Нејзините очни капаци биле затворени и отечени од чадот. Перничињата на нозете ѝ биле многу изгорени. На нејзиното лице, уши и нозе имало ужасни траги од изгоретини. Жанели нашол една картонска кутија. Нежно ги ставил внатре мајката мачка и маченцата. ‚Не можеше ни очите да ги отвори‘, рекол Жанели. ‚Но ги допираше едно по едно со нејзината шепа, броејќи ги‘“.

Кога стигнале во Сојузот за животни на Северниот брег, ситуацијата била опасна. Извештајот продолжил: „Употребиле лекови за борба против шокот. Интравенозна туба исполнета со антибиотици била приклучена за храбрата мачка. Нејзините изгоретини нежно биле премачкани со антибиотички кремови. Потоа ја ставиле во кафез со оксигенски резервоар за да ѝ се помогне да дише додека целиот персонал на Сојузот за животни го запреле својот здив . . . Во рок од 48 часа, хероињата седела исправено. Нејзините отечени очи се отвориле и лекарите не нашле оштетување“.

Застанете и размислете. За момент претставете си ја во мислите оваа храбра мајка, со нејзиниот природен страв од оган, како оди во запалената зграда исполнета со чад за да ги спаси своите расплакани бебиња. Да влезе еднаш за да си ги изнесе своите ситни беспомошни маченца би било неверојатно; да го направи тоа пет пати, секој пат со болката на додатни изгоретини на нејзините нозе и лице, е незамисливо! Храброто животно било наречено Скарлет затоа што изгорениците покажуваа дека кожата испод е скерлетна, односно црвена.

Кога оваа трогателна приказна за мајчината врска со нејзините бебиња, од Сојузот за животни на Северниот брег, се раширила по светот, телефоните се скинале од ѕвонење. Преку 6.000 луѓе — дури од Јапонија, Јужна Африка и Холандија — се јавиле за да се распрашаат за состојбата на Скарлет. Околу 1.500 се понудиле да ја присвојат Скарлет и нејзиното потомство. Едно маченце подоцна умрело.

Скарлет ги трогна срцата на луѓето по светот. Тоа нѐ тера да се прашуваме дали Скарлетовиот пример за поврзаноста меѓу мајката и нејзините бебиња не ги вознемирува срцата на милиони мајки денес кои ги фрлаат своите деца додека сѐ уште се во матката или набргу после раѓањето преку малтретирање.

[Извор на слика на страница 24]

Сојузот за животни на Северниот брег

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели