ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/3 стр. 16-18
  • Алтернативен рок — дали е за мене?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Алтернативен рок — дали е за мене?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Во што е привлечноста?
  • Збор на претпазливост
  • Биди избирлив
  • Чувај се од нездрава музика!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Кое е местото на музиката?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Ќе избереш ли мудро?
    Разбудете се! 2011
  • Дали е важно каква музика слушам?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/3 стр. 16-18

Младите прашуваат . . .

Алтернативен рок — дали е за мене?

„Можам да се поврзам со песните кои зборуваат за различните проблеми и искуства со кои се соочуваме ние младите“ (15-годишниот Џорџ).a

„Зазема една средина помеѓу поп и хеви металот“ (19-годишниот Ден).

„Тоа е нешто ново. Поинакво е. Не е мејнстрим музика со масовно производство“ (17-годишната Марија).

АЛТЕРНАТИВЕН рок. Многу млади луѓе уживаат да го слушаат. Некои возрасни луѓе се вознемирени од него. А повеќето родители веројатно знаат малку или воопшто ништо за него.

Како што е познато, не е лесно да се објасни што точно претставува алтернативниот рок. Во почетокот, тоа било музиката на младите кои сакале нешто поинакво, алтернатива на мејнстрим популарната музика која се слушала на радио. Некои велат дека сето тоа започнало кога локалните радио-станици од колеџите им дозволиле на некои скоро непознати групи да одат во етерот — музички групи кои се гордееле поради тоа што не се продале на комерцијалната музичка индустрија. Новиот сој музичари ги избегнувале главните музички куќи и техники за масовно продавање, како што се музичките видеа. Исто така, пишувале за теми кои биле ретко обработувани во 40-те топ песни.

За разлика од хеви металот или рап музиката, не е секогаш лесно да се препознае или да се категоризира алтернативниот рок. Дури и стручњаците во музичката индустрија се разидуваат по прашањето што точно претставува алтернативниот рок. Тоа е така бидејќи, како што укажува неговото име, тој опфаќа широка разновидност на звуци, расположенија и чувства. Еден млад човек рекол: „Многу е тешко да се класификува. Тој опфаќа широк спектар од денешната музика“. Еден друг млад човек се осмелил да го даде следново објаснување: „Не е секогаш тежок или тивок, брз или бавен, ведар или тажен“. Еден младинец дури признал: „Не сум сигурен дали можам да кажам дека ми се допаѓа алтернативниот рок бидејќи не сум сигурен што е тоа“.

Во секој случај, популарноста на алтернативниот рок пораснала до тој степен што многу од неговите попопуларни артисти сега се сметаат за дел од мејнстрим музиката. Исто така, изгледа дека родителите се помалку склони да приговараат на него отколку на хеви металот или на другите облици на рок музика кои параат уши. Всушност, изгледа дека малку родители воопшто знаат кои групи или наслови на албуми се нарекуваат алтернативни. Сепак, постои потреба да покажеш одредена мера на претпазливост кога се работи за оваа музика.

Во што е привлечноста?

На пример, размисли за тоа зошто толку многу млади луѓе се привлечени кон оваа музика. За многумина се работи едноставно за тоа да се прави онака како што прават пријателите. Исто така, таа претставува заеднички темел за разговор или за активности, како што е размената на касети и CD-а.

Меѓутоа, кај повеќето младинци она што толку ги привлекува е звукот и пораката на алтернативниот рок. Многу младинци увидуваат дека се идентификуваат особено со искуствата и со чувствата на пишувачите на песните. Една серија статии од насловната страница на списанието Time, ја објаснила оваа тема на следниов начин: „Додека поп песните честопати зборуваат за љубовта, алтернативните текстови обично се за покрути чувства: очај, страст и збрканост . . . Ако си во тинејџерските или во 20-тите години, постои веројатност твоето семејство да доживеало развод. Алтернативната музика станала емоционална звучна лента, која директно се зафаќа со нерешените спорни прашања во врска со напуштеноста и со неправдата“. Според тоа, еден 21-годишен дискоџокеј, кој е на колеџ, вели: „Нѐ привлече со пријателите затоа што нашата генерација е отрпната на светот. Ништо не нѐ очекува кога ќе излеземе од училиште“.

И некои млади христијани го засакале алтернативниот рок. Се разбира, повеќето ги избегнувале покрутите, побунтовните, насилните или неморалните песни. И покрај тоа, некои од овие млади христијани изразиле сомневање во врска со наизглед помалку штетните песни. Младиот Ден коментирал: „Некои од пејачите се познати хомосексуалци и лезбејки или корисници на дрога, а нивните текстови го одразуваат нивниот начин на живот“. Еден друг млад човек по име Џек, вели: „Некои од групите имаат став дека никој не се грижи за нив, за нивните проблеми или за иднината на денешната младина, па тоа го изразуваат во своите песни. Многумина немаат мотивација или надеж“.

Збор на претпазливост

Библијата ни кажува дека „целиот свет лежи во власта на злобниот“, Сатана Ѓаволот (1. Јованово 5:19, НС). Тогаш не треба да те изненади тоа што музиката е едно од средствата што Сатана ги користи за да ги заведе младите луѓе. Некои поранешни статии во овој журнал и во неговото придружно списание, Стражарска кула, повеќе пати го покажале овој факт.b Предупредувањата кои се дадени во врска со хеви метал и рап музиката, се соодветни и кога станува збор за алтернативниот рок. Како што Библијата го изразува тоа, „благоразумниот е внимателен на своите чекори“ (Изреки 14:15).

Како прво, нема логика да правиш онака како што прават другите кога станува збор за твојот вкус на музика. Обрни внимание на ова библиско начело кое може да се однесува на тоа да допушташ другите да донесуваат одлуки наместо тебе: „Не знаете ли дека, кому му се предавате како робови за послушност, робови сте му на оној, кому му се покорувате“ (Римјаните 6:16). Кога станува збор за еден млад христијанин, не се работи за тоа што е прифатливо меѓу врсниците, туку што е „прифатливо за Господа“ (Ефесјаните 5:10, НС). Освен тоа, какви младинци се привлечени кон алтернативниот рок? Младинци кои изгледаат среќни, урамнотежени и заинтересирани за духовните работи? Или, пак, изгледа дека тој наоѓа своја публика првенствено меѓу младинците кои се незадоволни, несреќни или дури и гневни?

Вистина, некои младинци со ведри, оптимистични личности сепак можат да бидат привлечени кон алтернативниот рок. Но размисли за следново: Христијаните, и млади и стари, ги очекува светла иднина (2. Петрово 3:13). Апостол Павле нѐ потсетува на сигурноста на исполнувањето на Божјите ветувања, велејќи: „Не е можно Бог да излаже“ (Евреите 6:18). Тогаш, зарем има смисла да се изложуваш на мрачното и негативно гледиште за иднината кое го изразуваат некои песни на алтернативниот рок? Дали би можела твојата вера да биде поткопана доколку се задлабочуваш во музика која изразува страв, очај и безнадежност? Освен тоа, каков ефект би можело да има врз твоето емоционално гледиште редовното хранење со таква музика?

Биди избирлив

Тоа не значи дека сета музика која се нарекува „алтернативна“ е задолжително штетна или одбивна. Но да претпоставиме, си дознал дека некој се обидува да те отруе. Иако не би престанал да јадеш, сигурно внимателно би ја испитал твојата храна, зарем не? Тоа што знаеш дека Сатана се обидува да го отруе твоето гледиште и став, исто така треба да предизвика да бидеш внимателен во однос на музиката која ја избираш. Како што вели Библијата, „самото уво ги испитува зборовите, исто како што непцето вкусува кога се јаде“ (Јов 34:3, НС). Наместо слепо да ги следиш другите, испитај ја музиката која тебе ти се допаѓа.

Како можеш да го правиш тоа? Рамката со наслов „Прирачник за избирање на музика“ има некои корисни предлози кои би можел да ги пробаш. Исто така, обиди се да ги прашаш твоите христијански родители што мислат тие за твојата музика (Изреки 4:1). Можеби ќе се изненадиш од нивните одговори! Секако, твоите родители се постари од тебе. Се разбира, можеби нема да го делат твојот вкус за музиката. Но, ако твојата музика навистина не им се допаѓа затоа што според нив е одбивна, понижувачка или одвратна, зарем треба да го игнорираш она што тие имаат да го кажат? Библијата вели: „Ако мудриот слуша, ќе ги умножи знаењата свои“ (Изреки 1:5).

Размисли како музиката влијае врз тебе. Дали те прави да се чувствуваш лут, бунтовен или депримиран? Ако да, тогаш тоа се знаци на предупредување кои не треба да ги игнорираш! Зошто не најдеш музика која те релаксира, смирува или те разведрува?

Трендовите во музиката постојано се менуваат. За кратко време, некој друг стил на музика станува најнов моден хит. Но немој да те понесат тие променливи бранови. Биди прониклив и избирлив кога станува збор за твојата музика. Увери се дека она што го слушаш е здраво и изградувачко (Филипјаните 4:8). Тогаш музиката може да биде скапоцен и пријатен дел од твојот живот!

[Фусноти]

a Некои имиња се изменети.

b Види ги статиите „Младите прашуваат . . .“ кои се појавуваат во изданијата на Разбудете се! од 8 февруари (англ.), 22 февруари (англ.) и 22 март 1993 (англ.). Види и „Чувај се од нездрава музика!“ во изданието на Стражарска кула од 15 април 1993.

[Истакната мисла на страница 17]

„Додека поп песните честопати зборуваат за љубовта, алтернативните текстови обично зборуваат за покрути чувства: очај, страст и збрканост“ (списание Time).

[Рамка на страница 18]

Прирачник за избирање на музика

◆ Испитај ја обвивката на албумот. Таа обично многу ќе ти каже за музиката и за самите музичари. Внимавај на обвивката на албумите кои прикажуваат насилство, демонски симболи, чудно облекување и дотерување или голотија.

◆ Размисли за пораката на текстовите. Тие ги идентификуваат мислите и начинот на живот на музичарите. Какви идеи сакаат да прифатиш?

◆ Севкупниот звук на музиката укажува на расположението и чувствата кои музичарите би сакале да ти ги наметнат — меланхолија, радост, пркос, сексуално возбудување, спокојство или очај.

◆ Размисли за публиката која е привлечена кон музичката група. Дали ти би сакал да бидеш идентификуван со таа група луѓе и со нивните ставови?

[Слика на страница 18]

Многу млади луѓе се идентификуваат со текстовите на денешните песни

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели