ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w93 15/4 стр. 19-24
  • Чувај се од нездрава музика!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чувај се од нездрава музика!
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Злоупотреба на музиката
  • Потребна е претпазливост
  • Рап музика — музика на бунт
  • Хеви метал — секс, насилство и сатанизам
  • Жнеење на она што го сееш
  • Чувај се
  • Ќе избереш ли мудро?
    Разбудете се! 2011
  • Кое е местото на музиката?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Дали е важно каква музика слушам?
    Младите прашуваат
  • Алтернативен рок — дали е за мене?
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
w93 15/4 стр. 19-24

Чувај се од нездрава музика!

„Гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави [зли, NW]“ (ЕФЕСЈАНИТЕ 5:15, 16).

1. Зошто музиката може да се нарече „Божји дар“?

„МУЗИКАТА . . . е Божји дар.“ Така напишала Лулу Рамси во нејзината книга Bible Music. Уште од најрани времиња богобојазливите мажи и жени го признавале ова чувство. Преку музиката човекот ги изразувал своите најдлабоки емоции — радост, жалост, болка и љубов. Така музиката одиграла важна улога во библиски времиња бидејќи се споменува низ целата оваа света книга (1. Мојсеева 4:21; Откровение 18:22).

2. Како во библиски времиња музиката била употребувана на фалба на Јехова?

2 Својот најблагороден израз музиката го нашла во обожавањето на Јехова.a Некои од највозвишените изрази на фалба коишто некогаш биле создадени за Јехова Бог, првобитно биле во вид на музика. „Ќе го славам името на мојот Бог со песна“ — напишал псалмистот Давид (Псалми 68:30). Музиката била употребувана во самотија како придружба на размислување во молитва. „Се сеќавам на своите песни во ноќта; разговарам со моето срце, и го испитувам духот свој“ — напишал Асаф (Псалми Давидови 77:6, Даничиќ–Караџиќ). Во Јеховиниот храм музиката била организирана на високо ниво (1. Летописи 23:1-5; 2. Летописи 29:25, 26). Понекогаш биле организирани големи музички групи, како на пример при посветувањето на храмот, во кои биле ангажирани по 120 трубачи (2. Летописи 5:12, 13). Немаме запис за тоа како звучела оваа величествена музика, но книгата The Music of the Bible забележува: „Нема да биде тешко да си го замислиме општиот ефект на Храмската музика во свечените прилики . . . Кога би можело некој од нас сега да биде пренесен среде една таква сцена, неизбежно би било чувството на стравопочитување и возвишеност.“

Злоупотреба на музиката

3, 4. На каков начин Божјиот народ и неговите пагански соседи го злоупотребувале дарот на музиката?

3 Но, музиката не била секогаш употребувана на таков возвишен начин. На Синајската гора музиката била употребувана за да го поттикне идолопоклонското обожавање на златно теле (2. Мојсеева 32:18). Музиката исто така повремено била поврзана со пијано однесување, па дури и со проституција (Псалми 68:12; Исаија 23:15). Паганските соседи на Израел биле исто така виновни за злоупотреба на овој Божји дар. „Во Феникија и Сирија“ — вели The Interpreter’s Dictionary of the Bible — „скоро сета популарна музика го одразувала обожавањето на Иштар, божицата на плодноста. Така, некоја популарна песна обично била користена како увод во сексуални оргии“. Древните Грци исто така користеле музика како придружба на популарни „еротски танци“.

4 Да, музиката поседува сила да поттикне, да занесе и да влијае. Пред повеќе децении, книгата The Music of the Bible од Џон Стеинер отишла толку далеку што тврдела: „Ниедна уметност во денешно време нема толку силно влијание врз човечкиот род како што има музичката уметност“. Денес музиката сѐ уште врши силно влијание. Затоа, погрешниот вид на музика може да претставува вистинска опасност за богобојазливите младинци.

Потребна е претпазливост

5. а) Колку голема улога игра музиката во животот на многу тинејџери? б) Како гледа Бог на младите кои се веселат?

5 Ако си млад човек, тогаш добро знаеш колку музиката — особено различните форми на поп и рок музиката — им е важна на многу млади на твоја возраст. Музиката се нарекува дури и „дел од тинејџерскиот метаболизам“. Се проценува дека во своите последни шест години од школувањето, просечниот младинец во Соединетите Држави дневно слуша четири часа рок музика! Тоа сигурно покажува недостиг на урамнотеженост. Не се работи за тоа дека е лошо да уживаш во нешто што ти годи или те прави радосен. Секако дека Јехова, Творецот на радосната музика, не очекува младите да бидат намуртени или жалосни. Фактички, тој му заповеда на својот народ: „Веселете се во Господа [Јехова, NW] и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте со чисти срца“ (Псалми 31:11). Неговата реч на младите им вели: „Весели се во младоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост“ (Книга проповедник 11:9).

6. а) Зошто младите треба да бидат претпазливи при својот избор на музика? б) Зошто на денешната музика може да ѝ се замери повеќе отколку на музиката на претходните генерации?

6 Меѓутоа, постои добра причина да бидеш претпазлив при твојот избор на музика. Апостолот Павле во Ефесјаните 5:15, 16 рекол: „Гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави [зли, NW]“. Некои млади би можеле да приговорат, како една млада девојка: „Кога биле млади, нашите родители слушале своја музика. Зошто ние не можеме да ја слушаме нашата?“ Можеби на еден дел од музиката во која уживале твоите родители кога биле на твои години исто така можело да му се приговори. Ако поблиску се испита, ќе се установи дека многу од денешните популарни стандарди содржат изненадувачки број на сексуални инсинуации и скриени врски со неморал. Но она што некогаш беше навестување, сега отворено се опишува. Еден писател забележува: „Децата сега се бомбардирани со отворени пораки во мера каква што нашата култура никогаш не видела“.

Рап музика — музика на бунт

7, 8. а) Што е рап музика, и што придонесува за нејзината популарност? б) По што би можел некој да биде препознаен дека е следбеник на рап начинот на живот?

7 Да ја земеме за пример моменталната манија на рап музиката. Според списанието Time, рапот станал „осведочена, светска ритам револуција“ и многу е популарен во Бразил, Европа, Јапонија, Русија и Соединетите Држави“. Честопати воопшто без никаква мелодија, неговите текстови се говорат а не се пеат, придружени од силен такт. Сепак се чини дека токму во тој енергичен такт се крие тајната на огромниот комерцијален успех на рап музиката. „Кога слушам рап музика“ — вели една девојка од Јапонија — „се чувствувам возбудена, а кога играм се чувствувам слободна.“

8 Изгледа дека рап текстовите — честопати дрска мешавина на вулгарни зборови и уличен сленг — се уште една од причините за популарноста на рапот. За разлика од традиционалните рок текстови, од кои повеќето се задржуваат на темата на тинејџерска романса, рап текстовите често имаат посериозна порака. Некој рап зборува против неправдата, расизмот и полициската бруталност. Но, повремено римуваните рефрени се кажани на најрасипан, најшокантен јазик којшто може да се замисли. Исто така се чини дека рапот претставува бунт против мерилата за облекување, изглед и сексуален морал. Не е ни за изненадување што рапот станал карактеристичен начин на живот. Неговите приврзаници можат да се препознаат по нивните упадливи гестови, уличен сленг и облека — вреќести фармерки, одврзани длабоки патики, златни синџирчиња, капи за бејзбол и темни наочари.

9, 10. а) За кои фактори би требало младите да размислат кога одлучуваат дали рап музиката и неговиот начин на живот се „прифатливи за Господа“? б) Што изгледа дека сакаат некои христијански младинци?

9 Во Ефесјаните 5:10 (NW) на христијаните им е речено да ‚се уверуваат во она што е прифатливо за Господа‘. Земајќи ја во обѕир репутацијата што си ја стекнала рап музиката, мислиш ли дека би било ‚прифатливо за Господинот‘ да се впушташ во тоа? Дали еден млад христијанин би сакал да го изедначуваат со начин на живот којшто дури и многу светски луѓе го сметаат за неприфатлив? Забележи како еден критичар опишал еден рап концерт: „Рап пеачите меѓусебно се натпреваруваа кој ќе биде најшокантен со вулгарности и отворени сексуални текстови. . . . Машки и женски танчери глумеа сексуални актови на сцената“. Во врска со некој ударен новински наслов, еден концертен промотер рекол: „Секој втор збор им е бесрамен“.

10 И покрај тоа, музиката што се свирела таа вечер била просечна рап музика. Директорот на концертната сала рекол: „Ова што го слушате е просечен рап — истото кое [младите] го купуваат и во продавниците“. Колку е жалосно што мора да се извести дека меѓу 4.000-те и повеќе млади кои присуствувале на тој концерт имало и некои кои тврдат дека се Јеховини сведоци! Некои очигледно го зеле за лесно фактот дека Сатана е „владетелот на власта над воздухот“. Тој го управува „духот [или доминантниот умствен став] кој сега делува во синовите на непослушноста“ (Ефесјаните 2:2, NW). На чии интереси би им служел ако се вплеткаш во рап музиката или во таквиот начин на живот? Признаваме, можеби на некоја рап музика може помалку да ѝ се приговори во поглед на содржината. Но има ли некаква смисла да негуваш вкус за било каков вид на музика кој е претежно нападен за христијанските мерила?

Хеви метал — секс, насилство и сатанизам

11, 12. Што е хеви метал музика, и кои непријатни одлики ја карактеризираат?

11 Друг популарен вид на музика е хеви металот. Хеви металот е повеќе од високодецибелен хард рок. Еден извештај во The Journal of the American Medical Association вели: „Хеви метал музиката . . . претставува гласнопулсирачки ритам со текстови кои величаат омраза, злоупотреба, сексуална перверзност и повремено сатанизам“. Всушност, самите имиња на некои популарни групи сведочат за изопаченоста на овој вид рок. Тие содржат такви зборови како „отров“, „пиштоли“ и „смрт“. Сепак, хеви металот изгледа прилично питом во споредба со треш (Thrash metal) и дет металот (Death metal) — маргинални музички жанрови произлезени од тешкиот метал. Имињата на овие групи користат термини како „канибал“ и „некролог“. Младите во многу земји можеби не увидуваат колку се одвратни тие имиња затоа што се на англиски или на некој друг странски јазик.

12 Хеви метал музиката секогаш одново е поврзувана со самоубиство на малолетници, депресии и злоупотреба на дрога. Неговата врска со насилничкото однесување предизвика еден радио консултант да ја нарече „музика за убивање на родителите“. Таа ја претставува врската со сатанизмот, што вознемирува многу родители — но и полициски службеници. Еден иследник тврди дека некои млади кои се бават со сатанско обожавање биле воведени во окултизмот преку ваква музика. „Тие не знаат во што се впуштаат“ — заклучува тој.

13. Каква е опасноста ако се вплеткаш во хеви метал музика?

13 Меѓутоа, на христијанските младинци не би требало да им бидат ‚неизвесни (непознати, NW) неговите [Сатановите] намери‘ (2. Коринтјаните 2:11). Најпосле, „нашата борба е против поднебесните духови на злобата“ (Ефесјаните 6:12). Колку би било лудо со својот избор на музика да ги повикуваш демоните во својот живот! (1. Коринтјаните 10:20, 21). Сепак, голем број христијански млади очигледно ја сакаат оваа музика. Некои дури се користат со прикриени средства за да ги задоволат своите музички вкусови. Една млада девојка признава: „Имав обичај да слушам хеви метал, понекогаш дури и по цела ноќ. Купував списанија за [љубители на] хеви металот и ги криев од моите родители во кутии за обувки. Ги лажев родителите. Знаев дека Јехова не беше задоволен со мене“. Ја освестила една статија во списанието Разбудете се! Којзнае уште колку млади се фатени во замката на ваквата музика?

Жнеење на она што го сееш

14, 15. Зошто можеме да бидеме сигурни дека слушањето на нездрава музика ќе има негативен ефект? Илустрирај.

14 Немој да ја занемаруваш опасноста што може да ја има таквата музика. Вистина, можеби ти нема да бидеш наведен да убиеш некого или да извршиш сексуален неморал само затоа што си слушнал некоја песна. Меѓутоа, Галатјаните 6:8 (NW) вели: „Кој сее со оглед на своето тело, од своето тело ќе пожнее пропаст“. Слушањето на музика која е земска, животинска, па дури и демонска, може да има само негативно влијание врз тебе. (Спореди Јаков 3:15.) Професорот по музика, Џозеф Стјуси рекол: „Секој вид на музика влијае на нашето расположение, емоции, ставови и на нашето однесување кое произлегува од тоа . . . Оној кој вели: ‚Јас можам да слушам хеви метал, но тоа не влијае на мене‘, едноставно се лаже. Врз различни луѓе таа влијае во различна мера и на различен начин“.

15 Еден млад христијанин соопштува: „Толку опасно бев вплеткан во треш металот, што се измени целата моја личност“. Наскоро почнал да доживува проблеми со демоните. „Најпосле се отарасив од моите касети, компакт дискови и плочи и демоните ме оставија“. Еден друг младинец признава: „Во музиката што ја слушав се работеше или за спиритизам, или за дрога, или за секс. Многумина млади велат дека тоа не влијае на нив, но тоа сепак влијае. Практично не бев во вистината“. Една изрека прашува: „Може ли некој да носи оган во гради, а да не се запали облеката негова?“ (Соломонови изреки 6:27).

Чувај се

16. Што може да се каже за повеќето пишувачи и изведувачи на денешната музика?

16 Павле им напишал на христијаните од древниот Ефес: „Ова, пак, ви го зборувам и за сведок Го повикувам Господа; да не постапувате веќе, како што постапуваат и другите незнабошци, по суетата на својот ум; помрачени во разумот, отстранети се од Божјиот живот поради нивното незнаење и ожесточување [бесчувствителноста, NW] на нивното срце“ (Ефесјаните 4:17, 18). Зарем ова не би можело да се каже за оние кои го пишуваат и изведуваат поголемиот дел од денешната музика? Повеќе од било кога порано, музиката од сите жанрови го одразува влијанието на „богот од овој свет“, Сатана Ѓаволот (2. Коринтјаните 4:4).

17. Како можат младите да ја просудат или испитаат музиката?

17 Во врска со „последните денови“, Библијата прорекла: „Лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото“ (2. Тимотеј 3:1, 13). Затоа, повеќе од кога и да е порано, треба строго да пазиш на тоа каква музика избираш. Честопати невкусниот наслов ќе го дисквалификува целиот албум. Јов 12:11 прашува: „Нели увото ги разбира зборовите, и нели јазикот го распознава вкусот на храната?“ На сличен начин, можеш да ја вкусиш музиката ако го преслушаш примерокот со критично уво за да ја оцениш таа музика. Какви чувства буди во тебе мелодијата? Дали унапредува дивјачко, расипано однесување — дух на лумпување? (Галатјаните 5:19-21). А што да се каже за текстовите? Дали тие унапредуваат сексуален неморал, злоупотреба на дрога или други лоши дела кои се ‚срамни и да се зборуваат‘? (Ефесјаните 5:12). Библијата вели дека такви работи не треба ‚дури да се спомнуваат‘ меѓу Божјиот народ, а камоли да ни тропаат и да се повторуваат одново и одново (Ефесјаните 5:3). А како е со сликата на обвивката од албумот? Дали таа содржи спиритистички теми или слики кои побудуваат на секс?

18. а) Какви промени можеби ќе мораат да направат некои млади кога станува збор за музиката? б) Како можат младите да развиваат вкус за поздрава музика?

18 Можеби треба да направиш некои промени во видот на музиката што го избираш. Ако имаш плочи, аудио и видеокасети и компакт дискови кои содржат неморални и демонистички теми, веднаш треба да ги отстраниш. (Спореди Дела на св. апостоли 19:19.) Тоа не значи дека не смееш да уживаш во музиката; не е сета популарна музика за осудување. Некои млади исто така научиле да ги прошируваат своите музички вкусови и сега уживаат во извесна класична, фолк, лесен џез и други видови музика. Касетите со Мелодии на Царството (Kingdom Melodies) им помогнале на мнозина млади да развијат вкус за воздигнувачка оркестрална музика.

19. Зошто е важно музиката да се држи на нејзиното место?

19 Музиката е Божји дар. Сепак, за многумина таа станува нездрава преокупација. Тие се како Израелците од старо време кои уживале во свирење на ‚гитари и гусли и свирки . . . а кон делата на Господа [Јехова, NW] тие и не погледнувале‘ (Исаија 5:12). Постави си за цел да ја држиш музиката на нејзиното место и нека активностите на Јехова бидат твоја главна грижа. Биди пробирлив и внимателен со музиката што ја избираш. Така ќе бидеш во состојба да го употребуваш — а не да го злоупотребуваш овој Божји дар.

[Фуснота]

a Израелската нација очигледно била ненадмината во музичката уметност. Еден асирски релјеф открива дека цар Сенахерим барал израелски музичари како данок од цар Езекија. Книгата Grove’s Dictionary of Music and Musicians забележува: „Да се бараат музичари како данок . . . било навистина невообичаено“.

Дали се сеќаваш?

◻ Зошто музиката може да се нарече Божји дар?

◻ Како била злоупотребувана музиката во старо време?

◻ Каква опасност претставуваат рап и хеви метал музиката за младите христијани?

◻ Како можат младите христијани да покажат внимателност при својот избор на музика?

[Слика на страница 23]

Во библиски времиња музиката честопати била користена како средство за принесување фалба на Јехова

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели