ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/11 стр. 6-9
  • Ќе избереш ли мудро?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе избереш ли мудро?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Збогати го својот вкус за музика
  • Кое е местото на музиката?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Чувај се од нездрава музика!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Дали е важно каква музика слушам?
    Младите прашуваат
  • Алтернативен рок — дали е за мене?
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 8/11 стр. 6-9

Ќе избереш ли мудро?

„Музиката што ја слушаат моите родители е страшно досадна“, се жали Џордан (17).a

„Музиката што ја слуша син ми е полна со немир и гнев“, вели мајка му Дениз.

ЗОШТО помеѓу родителите и тинејџерите отсекогаш имало судир кога е во прашање музиката? Една причина е тоа што вкусовите на луѓето се менуваат со годините. Друга причина е тоа што и самата музика се менува. Затоа, она што денес е популарно утре може да биде веќе застарено.

Како и да е, музиката влијае врз нас. Си забележал ли како влијае врз твоите чувства? Кога цар Саул од древниот Израел се чувствувал вознемирен, пријатната музика го смирувала (1. Самоилова 16:23). Во извесна смисла, песните што ги слушаме се како луѓето со кои се дружиме. Некои будат во нас позитивни емоции како што се радоста и љубовта. Други ни предизвикуваат лоши чувства, како што се гневот и омразата (Изреки 13:20).

Бидејќи музиката има толку силно влијание, мудро е родителите и децата да внимаваат каква музика ќе изберат да слушаат. Ако си родител, дали вистински се интересираш што и колку слушаат твоите деца? Дали им поставуваш мерила во врска со музиката?

Тоа не значи едноставно да им забраниш на децата одредени албуми или видови музика. Треба и да им помогнеш да изберат музика што е во ред. Во книгата Разбери го својот тинејџер (On Becoming Teenwise) стои: „Не можеш само некому да му земеш нешто што многу го сака и да му оставиш празнина. Мора да има нешто друго, нешто ново што ќе го замени тоа. Инаку ќе се врати на старото“.

Друг фактор што треба да се земе предвид е: Колку време децата слушаат музика? Дали поради тоа немаат време за поважните работи, како што се учењето, духовните активности или домашните обврски? Библијата вели дека „сѐ си има свое време“ (Проповедник 3:1).

Проблем може да биде и ако децата почнат да се изолираат од другите. Се разбира, сите имаме потреба од приватност и треба да си одвоиме време кога ќе можеме на мир да размислуваме, зашто во спротивно ќе станеме плитки или површни личности (Псалм 1:2, 3). Но, ако некој премногу се изолира, може да стане егоцентричен и себичен (Изреки 18:1). За Фелипе, кој сега има 20 години, времето кога слуша музика било ‚време само за него‘. „Но, мајка ми“, вели тој, „се загрижи дека почнувам да се изолирам од другите.“

Што може да им помогне на младите како Фелипе и на нивните родители да не се расправаат околу музиката, туку да најдат заеднички јазик? Како можеме сите ние да направиме паметен избор кога станува збор за музика? Многумина увиделе дека од помош се библиските начела. Зошто не ги разгледаш заедно со своите деца трите прашања што следат?

● Каква порака пренесува музиката? „Блуд и секаква нечистотија или лакомост дури да не се спомнуваат меѓу вас“ (Ефешаните 5:3). Многу песни имаат пристоен текст. Но, има и такви во кои подмолно или отворено се одобрува, па дури и се застапува однесување што ги прекршува здравите вредности, како што се библиските начела. На пример, некои музички жанрови се карактеризираат со изопаченост, омраза и насилство. „Во рап песните, текстовите понекогаш се шокантни, понекогаш брутални и преполни со омраза кон жените и со вулгарности“, вели писателката Карен Стернхајмер. Во хеви-метал песните честопати се зборува за насилство и окултизам. Дури и поп-музиката понекогаш поттикнува на непримерно однесување. Затоа, кога избираш музика, ‚користи го својот разум‘ (Римјаните 12:1). Немој слепо да прифаќаш одредена музика само затоа што е популарна или добро звучи.

● Како музиката влијае врз моите чувства? „Чувај си го срцето, зашто од него извира животот“ (Изреки 4:23). Твојот избор на музика не покажува само што имаш во срцето и умот, или каков си однатре. Таа влијае врз твоето срце и ум. „Некои видови музика ме исполнуваа со гнев и агресија“, вели Џордан, цитиран претходно. Прашај се: ‚Како музиката што ја слушам влијае врз моите мисли и расположение? Дали ме релаксира и ме разведрува или ми создава напнатост и вознемиреност? Дали кај мене раѓа нечисти мисли?‘ (Колошаните 3:5). Ако некоја музика буди кај тебе непожелни чувства или создава неисправни мисли, треба да престанеш да ја слушаш (Матеј 5:28, 29). Хана (17) вели: „Свесна сум дека лошата музика може да направи голема штета, па затоа воопшто не слушам таква музика“.

● Дали музиката ќе влијае врз моите вредности? „Мразете го злото, а сакајте го доброто“, стои во Амос 5:15. Денес ова не е лесно, бидејќи, како што кажува библиското пророштво, луѓето во глобала се ‚себељубиви, алчни за пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, бесчувствителни кон другите, неспремни за каков и да било договор, клеветници, без самосовладување, сурови, без љубов кон добротата, повеќе ги сакаат уживањата отколку Бог‘ (2. Тимотеј 3:1-4). Затоа, во 5. стих стои: „Од таквите бегај!“

Во која смисла треба да бегаш од такви луѓе? Очигледно, не е доволно само да се избегнува личен контакт. Мора да го отфрлиш и она што ја одразува нивната безбожност (Ефешаните 4:25, 29, 31). Дали тоа значи дека претерано ќе си го ограничиш изборот на музика? Апсолутно не!

Збогати го својот вкус за музика

Во многу семејства, родителите и децата се интересираат за тоа каква музика слушаат и едните и другите. Лина вели: „Мојата 13-годишна ќерка ми пушти некои нејзини омилени песни, и сега и мене ми е убаво да ги слушам“. Хедер (16) и нејзините родители имаат слични вкусови за музика и редовно си разменуваат CD-а.

Низ целиот свет, милиони Јеховини сведоци од секоја возраст и култура уживаат во најразлични видови музика, вклучувајќи ги и мелодиите од песнарката Пејте му на Јехова, кои духовно исполнуваат.b Сепак, во некои култури, овие мелодии се разликуваат од локалните стилови.

Сеедно дали си родител или тинејџер, кога сакаш да купиш музички албум или да преземеш некоја музика од интернет, земи ги предвид овие прашања: ‚Кој ми ја даде способноста да уживам во музика? Зарем не мојот Творец, Јехова Бог? Тогаш, како ќе му покажам дека навистина ги ценам неговите дарови? Зарем не со тоа што ќе ги почитувам неговите мерила за исправно и погрешно или за тоа што е мудро, а што немудро?‘ Ако размислуваш за вакви прашања, ќе можеш мудро да избереш каква музика ќе слушаш. Така ќе чувствувате радост и ти и твојот Творец (Изреки 27:11).

[Фусноти]

a Некои имиња се сменети.

b Можат да се преземат од веб-страницата www.jw.org.

[Истакната мисла на страница 7]

Некои музички жанрови се карактеризираат со изопаченост

[Истакната мисла на страница 8]

Има голем избор на музика во која можеш да уживаш

[Рамка на страница 7]

Зошто се сменив

„На тинејџерските години се сеќавам како во магла поради алкохолот, дрогата и насилството“, вели Ешли (24), „а на таков живот ме поттикнуваа хеви-метал и рап музиката. Вулгарниот текст набиен со омраза и силниот, динамичен ритам ми даваа чувство на моќ. Музиката ми беше и нешто заедничко со моите другари наркомани. Раперите и хеви-метал групите беа наши идоли и херои.

Но, по кратко време, немав веќе контрола над својот живот. На 17 години за малку ќе умрев од предозираност. Кога се разбудив, го молев Бог да ми помогне. Еднаш едно момче ми кажа дека Божјето име е Јехова, и тоа си го поврзав со Јеховините сведоци. Затоа, го зедов телефонскиот именик, им се јавив на Сведоците и почнав да ја проучувам Библијата со нив.

Ги оставив лошите навики и ја фрлив сета музика што ја имав. Но, кога ги фрлив CD-та во канта, едно време само стоев и ги гледав. Срцето ми се кинеше. Ама си реков дека токму таа музика и пороците што ги имав ми го уништуваат животот. Се свртев и си заминав.

Денес, со години подоцна, сѐ уште ме влечат хеви-металот и рапот. Затоа бегам од нив како од дрога. Сега уживам во многу други видови музика, како што се балади, лесен рок и нешто класика. Но, најдобро од сѐ е што мојот живот е повторно во мои раце.“

[Рамка на страница 9]

Корисни предлози за родителите

Дали те загрижува музиката што ја слушаат твоите деца? Како да им помогнеш без да дојде до кавга? Размисли за следниве предлози:

Информирај се. Пред да кажеш нешто, прво запознај се со фактите. Слушни ја музиката, обрни внимание на текстовите и добро разгледај ја обвивката. Прашај се: ‚Постои ли причина за загриженост или сум претерано ситничав?‘ Библијата вели: „Срцето на мудриот ја прави разборита неговата уста и им додава уверливост на неговите усни“ (Изреки 16:23).

Биди прониклив. Музиката што твоето дете ја слуша многу кажува за неговиот свет и за она што му е во срцето. Тактично обиди се да дознаеш како се чувствува. Прашај го: „Што ти се допаѓа во оваа музика? Дали во неа се искажани некои работи што и тебе те мачат?“ Потоа внимателно слушај го што ќе ти каже. Во Изреки 20:5 стои: „Размислувањата во човековото срце се како длабока вода а разборитиот човек знае како да ги исцрпи“.

Биди од помош. Твојата цел не е само да го убедиш својот тинејџер да фрли некое CD со непримерна музика. Наместо тоа, треба да имаш цел да го научиш да ја користи својата „моќ на согледување... да разликува добро и зло“, за и самиот да донесува мудри одлуки (Евреите 5:14). Затоа, дај му нешто што ќе му користи цел живот: Научи го да истражува и да ги зема предвид библиските начела. На тој начин ќе му помогнеш да стекне и способност за расудување и Божја мудрост, што е многу повредно од сето злато на овој свет! (Изреки 2:10-14; 3:13, 14).

Биди цврст, сочувствителен и љубезен. „Облечете се во најдлабока сомилост, љубезност, понизност, благост и долготрпеливост“ (Колошаните 3:12). Кога разговараш со твојот тинејџер, не биди догматичен и не се впуштај во расправии. Не заборавај дека некогаш и ти си бил тинејџер.

[Слика на страница 8]

Задржи високи мерила кога избираш музика

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели