ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/5 стр. 7-9
  • Како да се излезе на крај со чувствата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се излезе на крај со чувствата
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Грижа за оној кој презема грижа — како можат другите да помогнат
    Разбудете се! 1997
  • Предизвикот на преземањето грижа
    Разбудете се! 1997
  • Кога некој има неизлечлива болест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Како да живеам со својата тага?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/5 стр. 7-9

Како да се излезе на крај со чувствата

ДАЛИ моментално се грижите за некој љубен кој е сериозно болен? Ако да, можеби доживувате некои конфузни и застрашувачки емоции. Што можете да сторите? Разгледајте ги чувствата со кои се борат некои кои преземаат грижа, како и практичните предлози кои им помогнале да се снајдат.

Засраменост. Повремено, однесувањето на оној кој е болен може да Ве засрами пред другите. Но, ако на пријателите и на соседите им ја објасните природата на болеста на Вашиот љубен, тоа може да им помогне да разберат и, исто така, да ги поттикне да покажуваат ‚сочувство‘ и стрпливост (1. Петрово 3:8, НС). Ако е можно, разговарајте со други семејства кои се во ситуација слична со Вашата. Можеби ќе се чувствувате помалку засрамени додека разменувате искуства. Сју објаснува што ѝ помогнало: „Толку многу го сожалував татко ми што тоа засени секакви чувства на засраменост. Ми помогна и неговата смисла за хумор“. Да, смислата за хумор — од страна на пациентот и на оние кои се грижат за него — е прекрасна алатка за да се ублажат раздразнетите нерви. (Спореди Проповедник 3:4.)

Страв. Неукоста за болеста може да биде ужасно застрашувачка. Ако е можно, побарајте професионален совет во врска со тоа што да се очекува додека болеста се развива. Научете како да понудите грижа под тие околности. За Елса, еден од најважните фактори во справувањето со нејзиниот страв било да разговара со други лица кои преземале грижа и со медицинските сестри од домот за стари и изнемоштени лица, во врска со тоа што да се очекува додека состојбата на пациентот се влошува. Џини советува: „Соочете се со Вашите стравови и контролирајте ги. Стравот од она што би можело да се случи честопати е полош од реалноста“. Д-р Ернест Розенбаум препорачува дека, без разлика што ги предизвикува Вашите стравови, треба за нив „да разговарате додека тие се појавуваат“. (Спореди Изреки 15:22.)

Жалост. Не е лесно да се справувате со жалоста, особено во ситуација кога преземате грижа. Можеби жалите поради загубата на другарството, особено ако Вашиот драг болен не може повеќе да зборува, јасно да разбира или да Ве препознава. Таквите чувства можеби нема лесно да ги разберат другите. Разговарањето за Вашата жалост со пријател кој има разбирање и кој ќе слуша со стрпливост и со сочувство, може да донесе олеснување кое е многу потребно (Изреки 17:17).

Гнев и фрустрација. Тоа се нормални реакции во грижата за сериозно болно лице чие однесување понекогаш може да биде незгодно. (Спореди Ефесјаните 4:26.) Сфатете дека честопати болеста а не пациентот е она што е одговорно за мачното однесување. Луси се сеќава: „Кога вистински ќе се налутев, ќе завршев со солзи. Тогаш се обидував да се потсетам за состојбата и за болеста на пациентот. Знаев дека на пациентот му беше потребна мојата помош. Тоа ми помагаше да продолжам“. Таквиот увид може да Ве направи ‚бавни на гнев‘ (Изреки 14:29; 19:11).

Вина. Чувствата на вина се вообичаени кај лицата кои преземаат грижа. Но, бидете уверени дека извршувате една битна, но многу тешка работа. Прифатете го фактот дека нема секогаш да реагирате совршено со зборови или со дела. Библијата нѐ потсетува: „Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го обузда и целото тело“ (Јаков 3:2; Римјаните 3:23). Немојте да дозволувате чувствата на вина да Ве спречат да преземете сега позитивна акција. Кога се чувствувате вознемирено поради нешто што сте рекле или направиле, најверојатно ќе откриете дека ако кажете „извини“, Вие и Вашиот пациент ќе се чувствувате подобро. Еден човек кој се грижел за еден болен роднина, советувал: „Направете го најдоброто што го можете под дадените околности“.

Депресија. Депресијата е многу вообичаена — се разбира — во семејствата кои се справуваат со сериозна болест. (Спореди 1. Солунјаните 5:14.) Една личност која презела грижа и која страда од депресија објаснува што ѝ помогнало: „Многумина ни се заблагодаруваа поради тоа што дававме грижа. Само неколку зборови на охрабрување можат да Ви дадат потстрек да продолжите кога сте многу уморни или депримирани“. Библијата наведува: „Тагата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го развеселува“ (Изреки 12:25). Другите можеби нема секогаш да ја увидат Вашата потреба од охрабрување. Затоа, можеби понекогаш ќе морате први отворено да ја изразите „тагата“ во Вашето срце за да добиете ‚добар збор‘ на охрабрување од другите. Но, ако чувствата на депресија продолжат или станат уште посилни, можеби би било препорачливо да се консултирате и со лекар.

Беспомошност. Можеби се чувствувате беспомошни наспроти некоја изнемоштувачка болест. Прифатете ја реалноста на Вашата ситуација. Признајте ги Вашите ограничувања — не е Ваше да го контролирате здравјето на пациентот, но можете да обезбедите сочувствителна грижа. Немојте да очекувате совршенство од себеси, од Вашиот пациент или од оние кои Ве поддржуваат. Еден урамнотежен пристап не само што ги ублажува чувствата на беспомошност туку го ублажува и товарот на работата. Многумина кои се грижеле за некој љубен, мудро советуваат: Научете се да се соочувате со секој ден засебно (Матеј 6:34).

[Истакната мисла на страница 8]

„Соочете се со Вашите стравови и контролирајте ги. Стравот од она што би можело да се случи честопати е полош од реалноста“

[Рамка на страница 7]

Охрабрувачки зборови од оние кои презеле грижа

„НЕМОЈТЕ да се вознемирувате со негативни мисли за себеси. Тие се нормални под такви околности. Секако дека не треба да ги потиснувате чувствата во себе. Доверете се некому за тоа како се чувствувате и, ако можете, земете одмор — одете некаде извесно време — за да се чувствувате освежени“ (Луси, чија работа во една клиника вклучува помагање на извесен број лица кои преземаат грижа, како и на пациентите).

„Ако има членови на семејството или пријатели кои стојат на располагање и се спремни да помагаат, дозволете им го тоа. Битно е да го споделите товарот со другите“ (Сју, која го негувала својот татко пред да почине од Хоџкинова болест).

„Научете да развивате смисла за хумор“ (Марија, која помагала во грижата за една драга пријателка која умрела од рак).

„Останете духовно јаки. Приближете му се на Јехова и молете се непрекинато (1. Солунјаните 5:17; Јаков 4:8). Тој обезбедува помош и утеха преку неговиот дух, неговата Реч, неговите земски слуги и неговите ветувања. Потрудете да бидете колку што е можно поорганизирани. На пример, од помош е ако се направи распоред за давањето лекови и список со имиња на помагачи“ (Јалмар, кој се грижел за својот зет кој бил на умирање).

„Научете колку што е можно повеќе за природата на болеста на Вашиот пациент. Тоа, пак, ќе Ви помогне да знаете што да очекувате од пациентот и од себеси и како да се грижите за Вашиот пациент“ (Џоун, чиј сопруг има Алцхајмерова болест).

„Сфатете дека и други пред Вас се справувале со тоа и дека Јехова може да Ви помогне да се справите со што и да се случи“ (Џини, која го негувала својот сопруг пред да почине).

[Слика на страница 8]

За да ги смирите Вашите стравови, дознајте колку што можете повеќе за болеста

[Слика на страница 9]

Да се разговара со некој пријател кој има разбирање, може да донесе големо олеснување

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели