ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/11 стр. 28-30
  • Зошто секогаш јас сум крив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто секогаш јас сум крив?
  • Разбудете се! 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто родителите обвинуваат
  • Семејства оптоварени со проблеми
  • Справување со неправедно обвинување
  • Како можам да спречам секогаш да бидам обвинуван?
    Разбудете се! 1997
  • Родители, воспитувајте ги децата со љубов!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Што да правам кога моите родители се караат?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Самохрани родители, многукратни предизвици
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 1997
g97 8/11 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Зошто секогаш јас сум крив?

„Татко ми има алергии а мора да работи со луѓе кои пушат. Кога доаѓа дома, понекогаш е многу вознемирен. Ќе изгуби нешто и мене ме обвинува поради тоа. Кога ќе му кажам дека тој го изгубил, се лути и ми вели дека не сум требало да го исправам“ (една тинејџерка).

ДАЛИ ти некогаш се чувствуваш како дежурен кривец на семејството? Дали се чини дека, без разлика што и да тргне наопаку, ти си виновен? Така ѝ се чини на 14-годишната Џој. Таа живее во домаќинство со еден родител и честопати се грижи за својот помал брат и за помалата сестра. „Ќе бидам на долниот кат кога ќе почнат да се тепаат“, се жали Џој. „Се однесуваат толку глупаво и незрело, но кога ќе дојде тато дома, мене ми се дере затоа што не сум била таму да ги спречам.“

Ако твоите родители те нарекуваат размазен, мрзлив или неодговорен или користат други епитети кои се чини дека ги „бетонираат“ твоите недостатоци, понекогаш може дури и да изгледа како да очекуваат да не успееш. Семејството на Рејмон му го дало прекарот Расеаниот професор — прекар кој многу го мразел. И ти можеби мразиш некој прекар или епитет кој ги нагласува твоите маани, па дури и да е нагалено кажано. Наместо да те мотивира да се подобриш, негативниот епитет може просто да ти го зајакне чувството дека ти секогаш си виновен.

Обвинувањето може особено да биде болно кога се чини дека е производ на фаворитизам. „Јас сум средното дете“, вели еден тинејџер по име Френки, „и секогаш најлошо си поминувам.“ Може да изгледа дека брат ти или сестра ти секогаш се надвор од сомневање додека ти секогаш си прогласен виновен при првиот знак на неволја.

Зошто родителите обвинуваат

Се разбира, сосема е нормално родителите да ги исправаат своите деца кога грешат. Па, здравото и позитивно исправање е еден од начините на кои богобојазливите родители ги одгледуваат своите деца „во науката и стравот Господов“ (Ефесјаните 6:4). Но, понекогаш дури и најдобрите родители можат претерано да реагираат, па дури и набрзина да донесат погрешни заклучоци. Присети се на еден настан кој се одиграл кога Исус бил мал. Исус исчезнал во таа прилика. Испаднало дека бил во Божјиот храм, држејќи библиски дискусии. Сепак, кога неговите родители го пронашле, мајка му го прашала: „Синко, што ни направи така? Ете, татко ти и јас се измачивме, барајќи Те“ (Лука 2:48).

Поради тоа што Исус бил совршен, немало причина да се плашат дека ќе се впушти во деликвентно однесување. Но, како и сите родители полни со љубов, мајка му чувствувала одговорност за своето дете и силно реагирала, можеби стравувајќи дека неговите најдобри интереси се загрозени. На сличен начин, твоите родители може понекогаш претерано да реагираат, но не поради тоа што се обидуваат да бидат злобни или сурови, туку едноставно поради тоа што вистински се грижат за тебе.

Исто така, сфати дека живееме во “критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај“ (2. Тимотеј 3:1, НС). Работејќи и грижејќи се за твојот дом, твоите родители се под приличен стрес и тоа може да влијае врз начинот како постапуваат со тебе. (Спореди Проповедник 7:7, НС.) Една работничка по ментално здравје забележала: „Во некои семејства, кога се наоѓаат во криза, родителите можат да избувнат и да донесат пребрзи одлуки иако обично се непристрасни луѓе“.

Родителите самци можат да бидат особено склони кон истурање на своите фрустрации врз своите деца едноставно затоа што немаат партнер со кого би дискутирале. Како што е познато, добивање на главниот терет од личните фрустрации на родителот не е забавно. Седумнаесетгодишната Луси вели: „Кога би направила нешто погрешно и би заслужила да бидам казнета, во ред. Но навистина не е фер кога сум казнета затоа што мајка ми е лошо расположена“.

Фаворитизмот е уште еден фактор. Иако родителот обично ги сака сите свои деца, за него не е невообичаено да биде посебно привлечен кон едно дете.a (Спореди 1. Мојсеева 37:3.) Самото чувство дека си дете кое е помалку сакано е болно. Но ако изгледа дека твоите потреби се игнорирани или дека честопати ти си обвинуван за работите кои брат ти или сестра ти ги направиле, секако дека ќе уследи огорченост. „Имам братче, Дарен“, вели младата Роксан. „Тој е маминото мало ангелче . . . Таа секогаш мене ме обвинува, а Дарен никогаш.“

Семејства оптоварени со проблеми

Во здравите семејства може повремено да се случи неправедно обвинување. Но, во семејства оптоварени со проблеми може да постои постојан образец каде што родителите обвинуваат, посрамуваат и понижуваат. Обвинувањето понекогаш дури е придружено со „огорчение и јарост, гнев, викање и хулење“ (Ефесјаните 4:31).

Дали може да се обвинува еден млад човек за таквите родителски изливи? Вистина е дека непослушниот син или ќерка можат да бидат „мака“ за родителот (Изреки 17:25). Меѓутоа, на родителите Библијата им вели: „Не дразнете ги [буквално, „провоцирајте ги на гнев“] децата свои“ (Ефесјаните 6:4). Како и сите христијани, родителот може да практикува самосовладување, да „се воздржува во зло“ (2. Тимотеј 2:24, НС). Затоа, кога родителот губи самосовладување, не може да ги обвини недостатоците на своето дете поради тоа.

Вербалните напади можат да бидат доказ дека родителот страда од емоционални потешкотии, депресија или ниско самопочитување. Тоа исто така може да укаже на проблеми како што се брачните потешкотии или алкохолизмот. Според еден извор, децата на родители зависници честопати стануваат дежурни кривци. „Сѐ што прават е погрешно. Можат да бидат нарекувани ‚глупави‘, ‚лоши‘, ‚себични‘ и така натаму. Членовите на семејството потоа се сосредоточуваат на тоа дете (или деца) како идентификуваниот ‚проблем‘ и одвлечено им е вниманието од сопствените неугодни чувства и проблеми.“

Справување со неправедно обвинување

Д-р Кетлин Мекој забележува: „Давање епитети, омаловажување и критизирање на личноста на детето . . . може да биде фактор за ниското самопочитување, депресијата и некомуникацијата кај тинејџерот“. Или, како што самата Библија го изразува тоа, грубото постапување може да ги ‚раздразни‘ децата и да предизвика да станат ‚малодушни‘ (Колосјаните 3:21, НС). Може да почнеш да си мислиш дека си безвреден губитник. Може да развиеш и негативни чувства спрема родителите. Може да заклучиш дека малку можеш да сториш за да им угодиш и дека нема смисла да се обидуваш. Може да се создаде лутина и огорченост, предизвикувајќи те да отфрлиш секаква стега — дури и корисно критикување. (Спореди Изреки 5:12.)

Како можеш да излезеш на крај со тоа? Многу ќе зависи од твојата индивидуална ситуација. Зошто не застанеш и не ја одмериш реалистично? На пример, дали е стварно вистина дека ти секогаш си виновен? Или дали можеби твоите родители само имаат склоност понекогаш да бидат малку претерано критички настроени и да кажат нешто погрешно? „Сите ние многу грешиме“, вели Библијата, а тоа ги вклучува и родителите (Јаков 3:2). Значи, дури и ако твоите родители понекогаш малку претерано реагираат, дали треба и ти претерано да реагираш? Библискиот совет во Колосјаните 3:13 може добро да важи: „Трпете се еден со друг и проштавајте си, ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете“.

Соживувањето со твоите родители може да ти помогне да го правиш тоа. Изреки 19:11 вели: „Благоразумноста го прави човекот бавен на гнев, и за него е чест да биде снисходлив кон грешките“. Ако се чини дека татко ти изгледа необично раздразлив кога ќе си дојде дома од работа и те обвинува тебе за нешто што не си го направил, има ли потреба да се направи од тоа големо спорно прашање? Сфаќањето дека веројатно е напнат и уморен може да биде токму тоа што ќе ти помогне да ‚бидеш снисходлив кон грешките‘.

Но, што ако неправедното обвинување не е само повремено раздразнување, туку е постојано и непопустливо? Некоја идна статија ќе дискутира за начините како да се подобри твојата ситуација.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Младите прашуваат . . . Зошто е толку тешко да се сложувам со брат ми и сестра ми?“ во нашето издание од 22 јули 1987 (англ.).

[Слика на страница 29]

Не е неправедно родителот да понуди совет за исправање кога е потребно

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели