ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 28-30
  • Што има лошо во заработувањето пари?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што има лошо во заработувањето пари?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Огромниот бран на материјализмот‘
  • „Решени да се збогатат“
  • ,Фрлање во пропаст‘
  • Да се пронајде рамнотежа
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Како треба да гледаме на парите?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Што има лошо во заработувањето пари?

„ПАРИТЕ се навистина најважната работа на светот.“ Така тврдел британскиот драмски писател Џорџ Бернард Шо. Дали се согласуваш со него? Можеби повеќе размислуваш како 17-годишната Тања, која вели: „Не сакам да бидам богата, туку само удобно сигурна“. Младиот Авин исто така не ги смета парите како најважна работа на светот, туку како едно корисно средство за некоја цел. Тој вели: „Парите се неопходни за моите потреби, како што се облеката и превозот“.

Дали си знаел дека Библијата кажува една слична мисла? Во Проповедник 7:12 (NW) таа вели дека „парите служат како заштита“. Сиромаштијата е опишана како „голем непријател на човековата среќа“. Тоа што ќе имаш доволно пари може да те заштити — барем до одредена мерка — од проблемите кои честопати ги донесува сиромаштијата. Парите можат да ги ублажат неочекуваните несреќи. „Библијата кажува дека ‚времето и непредвидениот настан нѐ погодуваат сите‘“, вели младата Филис. „Никогаш не знаеме кога врз нас можат да дојдат тешкотии, па затоа треба да имаме заштедено пари“ (Проповедник 9:11, NW). И додека парите може да ти изгледаат важни сега, тие можат да играат дури и уште поважна улога во твојата иднина.

,Огромниот бран на материјализмот‘

Но, додека извесна грижа за парите е нормална и здрава, за некои млади парите станале речиси опсесија. Кога преку 160.000 млади биле запрашани: „Што сакаш најмногу во животот?“ 22 проценти рекле: „Да бидам богат“.

Без сомнение, ваквиот копнеж по пари се потхранува со она што списанието Newsweek го нарекло „огромен бран на материјализмот“ кој го зафатил светот. „Јас сум голем материјалист и многу сум свесен за марката“, вели 18-годишниот Мартин. „Цврсто верувам дека го добиваш она што го плаќаш. Така, јас трошам многу пари за работите што ги сакам.“ Мартин не е единствениот младинец кој ‚троши многу пари‘. U.S.News & World Report известува: „Минатата година, 12 до 19-годишниците [во Соединетите Држави] се впуштиле во нивното најголемо лудило за купување, потрошувајќи 109 милијарди долари на купени работи, пораст од 38 проценти во однос на 1990“.

Но, откаде младите ги добиваат парите за сета таа нова облека, компакт дискови и компјутерски апарати? Според U.S.News & World Report: „Околу половината од сите 16 до 19-годишници работат со скратено работно време“. Држена во рамнотежа, работата после училиште може да има свои користи, како на пример, младинецот да се научи на одговорност. Меѓутоа, некои млади јасно ги пречекоруваат границите во овој поглед. Списанието Newsweek забележува: „Психолозите и наставниците го гледаат оптоварувањето врз учениците [кои работат]. Тие имаат малку време за домашните задачи, а наставниците кои редовно гледаат исцрпени ученици како се борат да ги држат главите исправени, премногу често одговараат со намалување на критериумите“.

Сепак, малкумина млади кои работат се спремни да се откажат од нивниот извор на приход. „Училиштето е важно“, вели младата Ванеса, „но и парите се важни. Домашната задача не дава пари.“ Колку ти е важно заработувањето пари? Дали главна цел во животот ти е да заработиш многу пари?

„Решени да се збогатат“

Библијата се занимава токму со овие прашања. Апостол Павле напишал: „А оние кои се решени да се збогатат, паѓаат во искушение и во замка и во многу бесмислени и штетни желби, кои човека го фрлаат во уништување и пропаст. Зашто љубовта кон парите е корен на сите видови штетни работи и, посегнувајќи по оваа љубов, некои залутале од верата и самите се испроболе со многу болки“ (1. Тимотеј 6:9, 10, NW).

Павле сигурно знаел што зборува. Пред да стане христијанин, тој бил еден од религиозните водачи познати како ‚фарисеи‘, кои Библијата ги опишува како „среброљупци“ (Лука 16:14). Сепак, апостолот не го осудил заработувањето пари само по себе. Наместо тоа, тој ги предупредил оние кои „се решени да се збогатат“ или, како што го изразува тоа еден друг превод, луѓето кои „решиле во своите срца да бидат богати“ (Phillips). Но, што има толку лошо во тоа?

Како што објаснил Павле, таквите „паѓаат во искушение и во замка“. Изреки 28:20 кажува слична мисла кога вели: „Кој бара да се збогати, не останува без казна“. Мислејќи дека немаат доволно, некои млади се свртеле кон крадењето.

Вистина, повеќето млади не би помислиле на крадење. Но, некои може да се впуштат во подеднакво ризично однесување. Christianity Today известува: „Некои стручњаци веруваат дека проблематичното коцкање станало зависност кај младите која најбрзо расте“. Во едно место во САД, „речиси 90 проценти од тинејџерите нелегално купувале лозови за лотарија уште додека биле четврта година во средно училиште“. Некои млади се свртуваат дури и кон уште поочајни мерки. „Тешко е да се најде пристојна работа“, вели 16-годишниот Метју. „Затоа, поголемиот дел од моите пари ги добивам со тргување и продавање . . . Понекогаш продавав [дрога].“

,Фрлање во пропаст‘

Навистина, поседувањето пари може некому да му даде чувство на слобода. Но, како што објаснува Павле, долгорочно гледано, тежнеењето по пари може некого да го направи роб на „многу бесмислени и штетни желби, кои човека го фрлаат во уништување и пропаст“. Да, штом љубовта кон парите ги забоде своите заби во тебе, тогаш можат да доминираат алчноста, убиствената љубомора и други штетни желби. (Спореди Колосјаните 3:5.) Една статија во списанието ’Teen забележала дека некои тинејџери можат да станат толку завидливи на автомобилите и облеката што ги поседуваат другите млади што „тие стануваат обземени“. Таквата завист понекогаш „се продлабочува во одвратност кон себеси“, додава статијата, „и тинејџерот е неспособен да мисли на нешто друго освен на она што го нема“.

Затоа, забележи дека желбата за богатство може не само да предизвика некој да ‚падне во искушение‘ туку исто така може да предизвика некој да биде ‚фрлен во уништување и пропаст‘. Библискиот коментатор Алберт Барнз забележува: „Сликата е бродолом, каде што еден брод и сѐ што е на него потонува заедно. Уништувањето е целосно. Постои потполна пропаст на среќата, на доблеста, на угледот и на душата“. (Спореди 1. Тимотеј 1:19.)

Значи, Павле со право вели дека обземувачката ‚љубов кон парите е корен на сите видови штетни работи‘. Како резултат на тоа, многумина „залутале од верата и самите се испроболе со многу болки“. Земи го за пример младинецот кој ќе го наречеме Рори. На 12-годишна возраст почнал да се коцка. „Тоа беше начин да дојдам до пари без да работам ништо“, се сеќава тој. Наскоро, тој бил во долгови од стотици долари и ги запоставил пријателите, семејството и училишните задачи. „Се обидов да престанам“, признава тој, но постојано не успевал. Продолжил ‚самиот да се прободува со многу болки‘ сѐ додека не побарал помош на 19-годишна возраст. Значи, писателот Даглас Кенеди не претерува кога, во својата книга Chasing Mammon, трката по пари ја нарекува „трауматско искуство“.

Да се пронајде рамнотежа

Така, денес Соломоновиот совет важи исто толку колку што важел пред векови: „Не настојувај да трупаш богатство; бегај од таквите мисли. Ќе ги устремиш очите кон него, о — веќе го нема; тоа ќе си направи крилја и како орел ќе летне кон небото“ (Изреки 23:4, 5). Материјалните богатства се привремени, затоа е безумно главна цел во својот живот да го направиш тежнеењето по богатство. „Не сакам да се вплеткам во чисто материјалистички цели“, вели една христијанска младинка по име Морин. „Само знам“, вели таа, „дека мојата духовност ќе биде цената што ќе ја платам ако се впуштам само во заработување пари.“

Вистина, парите се потреба. И поседувањето доволен приход ќе ти овозможи да се грижиш за своите потреби — а можеби дури и материјално да им помагаш на другите одвреме навреме (Ефесјаните 4:28). Научи напорно да работиш за да можеш чесно да заработуваш пари. Исто така, научи како паметно да ги штедиш, водиш буџет и трошиш своите пари. Но, никогаш немој да ги направиш парите најважна работа во животот. Обиди се да го имаш урамнотеженото гледиште што го изразил писателот на Изреки 30:8, кој се молел: „Сиромаштија и богатство не ми давај“. Ставајќи ги духовните интереси на прво место, ќе можеш да го стекнеш најдоброто богатство. Како што вели Изреки 10:22 (NW): „Благословот Јеховин — тоа е она што збогатува и никаква болка не донесува со себе“.

[Слика на страница 29]

Многу млади ги сакаат парите за да држат чекор со своите врсници

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели