ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 23
  • Искористување на облаците

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Искористување на облаците
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Извор на вода што донесува вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Криза за вода — какви мерки се преземаат?
    Разбудете се! 2009
  • Хидрофиличните покрилци на еден бумбар
    Разбудете се! 2012
  • Каде оди водата?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 23

Искористување на облаците

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

ИСТРАЖУВАЧИТЕ кои работат во Чиле успешно приспособиле една древна арапска техника која извлекува вода од маглата. „Маслиновите дрвја во пустините на Оман“, објаснува билтенот Health InterAmerica, „со векови биле нахранувани од водата од маглата која се собира на лисјата и капе во мали резервоари изградени во подножјето на дрвјата.“ Наместо маслинови дрвја, истражувачите поставиле огромни мрежи во планинските пустински предели кои редовно се покриени со магла која ветерот ја носи од океанот. Мрежите, кои изгледаат како џиновски мрежи за одбојка, ги фаќаат водените капкички од маглата. Тие капат во еден олук кој се испразнува во систем од цевки кој ја транспортира водата во еден резервоар за складирање.

Чунгунго, едно малечко село кое се наоѓа во северната крајбрежна пустина на Чиле, докажало дека системот работи. Пред четиринаесет години, вели IDRC Reports, списание издадено од Канадскиот истражувачки центар за меѓународен развој, жителите на Чунгунго немале никаков локален извор на свежа вода. Камиони носеле по 5.000 литри дневно, и секоја фамилија морала да помине со 3—14 литри дневно. Меѓутоа, денес благодарение на 75-те мрежи за собирање магла кои се инсталирани во планините над селото, во Чунгунго дотекува зачудувачка количина од 11.000 литри вода, снабдувајќи го секој селанец со 30 литри вода дневно. Истражувачот д-р Роберт Шеменауер, физичар за облаци, вели дека системот за напојување со магла го подигнало здравјето на селаните. „Сите јадат зеленчук и овошје од сопствените градини и овоштарници.“

Водата од маглата не само што е здрава туку е и ефтина. Просечното инсталирање, вели д-р Шеменауер, чини околу 75.000 американски долари во споредба со милионите долари кои се потребни за да се изгради брана. Истражувачите велат дека иако многу други суви места по светот би можеле да извлечат корист од овој систем, меѓународните агенции се бавни за да го признаат овој алтернативен пристап за снабдување со вода.

[Слики на страница 23]

Лево: Мрежи на планински врв кои собираат водени капкички од маглата

Долу: Поглед одблизу на мрежата

[Извор на слика]

Фотографии: IDRC

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели