ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/1 стр. 20-21
  • Дали аскетизмот е клуч за мудроста?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали аскетизмот е клуч за мудроста?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Темелени врз лажни претпоставки
  • Нема потреба од аскетизам
  • Дали на Бог му е драго да гледа како страдаме?
    Разбудете се! 1995
  • Можеш да веруваш во рајска Земја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Љубов која нѐ прави вистински среќни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Подобра надеж за душата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/1 стр. 20-21

Гледиште на Библијата

Дали аскетизмот е клуч за мудроста?

„ПУСТИНИЦИТЕ носеле железни пранги, синџири, бодликави појаси и шилести јаки . . . Други се тркалале во трње и коприви, намерно привлекувале инсекти да ги касаат, се гореле со оган и ги иритирале своите повреди до хронично гноење. Диета на изгладнување било нешто што се очекувало, а некои се подобриле во тој поглед со тоа што јаделе само расипана или инаку одвратна храна“ (The Saints од Едит Сајмон).

Тоа биле аскети. Зошто постапувале толку лошо со себеси? Во книгата For the Sake of the World—The Spirit of Buddhist and Christian Monasticism, авторите објаснуваат дека „барем уште од времето на Сократ (петти век пр. н. е.), нашироко било сфатено дека живот соголен до најосновните работи, неоптоварен со сетилните и материјалните луксузи, бил предуслов за вистинска мудрост“. Аскетите мислеле дека мачењето на телото ќе го зголеми нивниот духовен сензибилитет и ќе води до вистинско просветлување.

Тешко е прецизно да се дефинира аскетизмот. За некои, тоа едноставно значи самодисциплина или самооткажување. Раните христијани ги ценеле таквите доблести (Галатјаните 5:22, 23; Колосјаните 3:5). Самиот Исус Христос препорачувал еден едноставен живот без пречки од грижите кои може да ги донесе еден материјалистички начин на живот (Матеј 6:19—33). Но, многу почесто аскетизмот е поврзан со многу посурови и честопати екстремни мерки, како што се оние опишани погоре. Дали тие аскетски практики, особено во нивните поекстремни облици, се навистина клуч за мудрост?

Темелени врз лажни претпоставки

Меѓу филозофиите кои довеле до аскетизмот е идејата дека материјалните работи и физичките задоволства сами по себе се лоши и затоа се бариери за духовниот напредок. Еден друг поим кој го отвора патот кон аскетизмот е нашироко прифатеното верување дека човекот е составен од тело и душа. Аскетите веруваат дека материјалното тело е затвор на душата и дека месото му е непријател.

Што вели Библијата? Писмото покажува дека кога Бог го завршил создавањето на Земјата, објавил дека сѐ што направил — сето негово физичко и материјално создание — е „многу добро“ (1. Мојсеева 1:31). Бог имал намера мажот и жената да уживаат во материјалните работи во градината Едем. Самото име Едем значи „задоволство“ или „уживање“ (1. Мојсеева 2:8, 9). Адам и Ева биле совршени и уживале еден добар однос со својот Творец сѐ додека не згрешиле. Оттогаш наваму, несовршеноста станала бариера помеѓу Бог и човекот. Сепак, задоволувањето на оправданите желби или уживањето во физичките задоволства дадени од Бог кога се прави во согласност со Божјите морални закони, никогаш не би можело да создаде комуникациска бариера помеѓу Бог и неговите обожаватели! (Псалм 144:16).

Освен тоа, Библијата јасно поучува дека човекот, создаден од прав и направен од месо, е душа. Писмото не го поддржува поимот дека душата е некаков вид нематеријален и бесмртен ентитет врзан внатре во физичкото тело ниту идејата дека на некаков начин месото спречува некој да има близок однос со Бог (1. Мојсеева 2:7).

Јасно, концепцијата за аскетизам прикажува една искривена слика за човековиот однос со Бог. Апостол Павле предупредил дека некои наводни христијани повеќе ќе ги сакаат измамничките човечки филозофии наместо основните библиски вистини (1. Тимотеј 4:1—5). Во врска со некои кои се држеле за тоа мислење, еден религиозен историчар вели: „Верувањето дека материјата е злобна . . . и дека душата на луѓето мора да се ослободи од заплетканоста со материјата, предизвикал еден суров аскетизам кој забранувал да се јаде месо, сексуален однос и така натаму, кој можеле да го следат само елитните ‚совршени‘ или перфекти кои се подложувале на специјално воведување“. Ваквиот начин на размислување нема никаква библиска поддршка и не било верување на раните христијани (Изреки 5:15—19; 1. Коринтјаните 7:4, 5; Евреите 13:4).

Нема потреба од аскетизам

Исус и неговите ученици не биле аскети. Тие поднеле различни искушенија и неволји, но тие неволји никогаш не си ги нанесувале самите. Апостол Павле ги предупредил христијаните да бидат внимателни за човечките филозофии да не ги заведат од вистината на Божјата Реч и да ги водат во неразумни и екстремни практики. Павле особено споменал „сурово постапување со телото“. Тој рекол: „Токму тие работи, всушност, изгледаат мудри во еден самонаметнат облик на обожавање и лажна понизност, во сурово постапување со телото; но немаат никаква вредност во борбата против задоволувањето на телото“ (Колосјаните 2:8, 23, NW). Аскетизмот не води до посебна светост или до вистинско просветлување.

Вистина, патот на христијанската послушност подразбира силно напрегање и самодисциплина (Лука 13:24; 1. Коринтјаните 9:27). Човек мора напорно да работи за да го стекне спознанието за Бог (Изреки 2:1—6). Библијата, исто така, силно опоменува да не бидеме заробени од ‚желби и разни сладострастија‘ и да не бидеме „повеќе сластољупци отколку богољупци“ (Тит 3:3; 2. Тимотеј 3:4, 5). Меѓутоа, тие библиски пасуси не го поткрепуваат практикувањето аскетизам. Исус Христос, совршен човек, уживал во пријатни пригоди кои вклучувале храна, пиење, музика и играње (Лука 5:29; Јован 2:1—10).

Вистинската мудрост е разумна, а не екстремна (Јаков 3:17). Јехова Бог ги создал нашите физички тела со способноста да уживаат многу задоволства во животот. Тој сака да бидеме среќни. Неговата Реч ни кажува: „Разбрав, дека за нив нема ништо подобро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој. Кога секој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји“ (Проповедник 3:12, 13).

[Извор на слика на страница 20]

Свети Џером во пештерата/The Complete Woodcuts of Albrecht Dürer/Dover Publications, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели