ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/7 стр. 31
  • Водата и Вашето здравје

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Водата и Вашето здравје
  • Разбудете се! 1998
  • Сличен материјал
  • Вода — скапоцена животна течност
    Разбудете се! 2003
  • Извор на вода што донесува вечен живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Криза за вода — какви мерки се преземаат?
    Разбудете се! 2009
  • Што вели Библијата за глобалната криза за вода?
    Разно
Повеќе
Разбудете се! 1998
g98 8/7 стр. 31

Водата и Вашето здравје

„НЕ МОЖЕТЕ да се ослоните на жедта за да Ви каже колку вода му е потребно на Вашето тело“, истакнува списанието Health. Сепак, изобилното пиење вода е неопходно за нашето физичко и емоционално добро, па дури и за нашиот изглед. Нашите тела постојано губат вода преку потењето, солзите, урината, како и преку дишењето. Оваа изгубена течност мора да се надомести. Колку е потребно? Многу авторитети препорачуваат да се пијат најмалку осум чаши вода — два литра — секој ден.

Зошто? Водата е неопходна за транспорт на хранливите состојки во нашите тела и за отстранување на отпадните материи. Потребна е за регулирање на температурата и за подмачкување на зглобовите. „Дури и најмалиот недостиг може да Ве остави со чувство дека сте уморни . . . или болни“, забележува Health. „Дехидратацијата е една причина за замор која вообичаено се превидува.“ Списанието препорачува: „Нека не Ве мами течната природа на кафето и чајот, безалкохолните пијалаци со кофеин и алкохолот; тие, всушност, придонесуваат за дехидратација“. Кофеинот и алкохолот дејствуваат како диуретици и предизвикуваат телото да ја губи водата.

Освен тоа, „на Вашата кожа ѝ е потребна вода за да остане мека и еластична“. Како помош во тоа, на кожата можат да се нанесат и хидратантни средства. Но, тие не ја зголемуваат влагата. Наместо тоа, тие оставаат еден заштитен слој кој помага да се задржи влагата која веќе ја има во кожата. Задржувањето на оваа влага станува поважно со годините, бидејќи со стареењето кожата губи дел од својата способност да ја задржува водата.

За жал, во голем дел од светот потребен е значителен напор за да се набави доволно чиста, незагадена вода. Но, вреди да се вложи труд. По секоја цена, пијте вода во изобилство и искористете го овој едноставен начин да изгледате и да се чувствувате најдобро!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели