ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/8 стр. 12-13
  • Ќе преживеат ли дождовните шуми?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ќе преживеат ли дождовните шуми?
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Нов интернационализам“?
  • Користите од дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Насилство над дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Шумите
    Разбудете се! 2023
Разбудете се! 1998
g98 8/8 стр. 12-13

Ќе преживеат ли дождовните шуми?

НА ПОЧЕТОКОТ од овој век, гулабот мигратор од Северна Америка беше истребен. Веројатно тој беше најбројната птица која некогаш постоела. Орнитолозите пресметуваат дека пред два века нејзината популација броела помеѓу пет и десет милијарди!

Меѓутоа, во рок од сто години, навидум неисцрпната резерва ефтино месо од птици исчезнала во она што е опишано како „најдраматичното намалување [на некој вид] на сите времиња“. На споменикот на гулабот мигратор во Државниот парк Вајлусин (Висконсин, САД), стои: „Овој вид бил истребен поради лакомоста и непромисленоста на човекот“.

Судбината на гулабот мигратор нѐ потсетува дека дури и најразмножените земни суштества се ранливи на човековиот напад. Лакомоста и непромисленоста сѐ уште земаат замав. А денес не е загрозен само еден вид туку еден цел екосистем. Ако ги снема дождовните шуми, тогаш и сите нивни жители — отприлика половината од сите видови на планетава — ќе ги снема заедно со нив. Научниците велат дека една таква катаклизма би била „најголемата биолошка катастрофа воопшто [предизвикана] од човек“.

Точно е тоа дека денес имаме поголемо спознание за околината отколку пред еден век. Но, ваквиот увид не е доволен за да се запре немилосрдната плима на уништување. „Уништуваме нешто што е скапоцено“, се жали ботаничарот Мануел Фидалго, „и не ни останува многу време. Се плашам дека за неколку години, единствените шуми што ќе останат неоштетени ќе бидат шумите кои се лоцирани на планинските падини кои им се недостапни на дрвосечачите.“

Натуралистите се загрижени бидејќи обновувањето на дождовните шуми е многу тешко. Книгата The Emerald Realm: Earth’s Precious Rain Forests отворено го опишува пошумувањето како „бавно и скапо . . . последно решение на уништувањето на дождовните шуми“. Во најдобар случај, повторното засадување веројатно би вклучувало само неколку видови тропски дрвја, додека на фиданките би им било потребно постојано внимание за да се спречи плевелот да ги задуши.

Дали воопшто една шума ќе може повторно да си го стекне својот поранешен раскош ќе зависи од близината меѓу повторно насаденото подрачје и неуништената дождовна шума. Само блиското соседство ќе овозможи повторно пошуменото подрачје на крајот да биде колонизирано од десетици илјади видови кои сочинуваат вистинска дождовна шума. Дури и тогаш, тој процес би траел со векови. Некои подрачја кои биле напуштени пред илјада години, кога пропаднала цивилизацијата на Маите, сѐ уште не се целосно опоравени.

„Нов интернационализам“?

Еден научник од институтот Смитсон, во Вашингтон Д.Ц., предложил 10 проценти од постоечките дождовни шуми да се издвојат за потомство за да се зачуваат колку што е можно повеќе видови. Во моментов се заштитени околу 8 проценти, но многу од тие резервати или национални паркови се паркови само по име, бидејќи не постојат ниту средства ниту персонал за да се заштитат. Јасно, мора да се направи нешто повеќе.

Петер Равен, говорник за зачувувањето на дождовните шуми, објаснува: „Напорите за зачувување на дождовните шуми бараат нов национализам, свесност дека луѓето насекаде играат некаква улога во судбината на Земјата. Мора да се пронајдат начини за да се ублажи сиромаштијата и гладот низ светот. Ќе треба да се разработат нови спогодби меѓу нациите“.

Неговиот предлог им звучи логично на многу луѓе. За да се спасат дождовните шуми, потребно е едно глобално решение — како и за многу други ситуации со кои се соочува човештвото. Проблемот лежи во постигнување „спогодби меѓу нациите“ пред да се случи светска катастрофа и пред да се направи непоправлива штета. Како што укажува Петер Равен, уништувањето на дождовните шуми е тесно поврзано со други нескротливи проблеми на светот во развој, како што се гладот и сиромаштијата.

За сега, меѓународните напори за зафаќање со таквите проблеми наишле на ограничен успех. Некои луѓе прашуваат: ‚Дали нациите еден ден ќе се издигнат над нивните тесногради и спорни национални интереси заради општото добро или, пак, потрагата по „нов интернационализам“ е само сон?‘

Изгледа дека историјата не дава основа за оптимизам. Меѓутоа, честопати се игнорира еден фактор — гледиштето што Творецот го има за дождовните шуми. „Треба да имаме на ум дека уништуваме дел од творештвото“, истакнува харвардскиот професор Едвард О. Вилсон, „лишувајќи ги со тоа сите идни генерации од она што сме го наследиле самите ние.“

Дали Творецот на Земјата ќе му допушти на човештвото потполно да ја уништи Неговата ракотворба? Тоа би било незамисливо.a Наместо тоа, Библијата предвидува дека Бог „ќе ги донесе до уништување оние кои ја уништуваат Земјата“ (Откровение 11:18, NW). Како Бог ќе го спроведе своето решение? Тој ветува дека ќе воспостави едно Царство — натприродна небесна влада — кое ќе ги реши сите проблеми на Земјата и кое „нема да се разруши никогаш“ (Даниил 2:44).

Не само што Божјето Царство ќе ѝ стави крај на човековата злоупотреба на планетата туку тоа ќе го надгледува и обновувањето на природната убавина на Земјата. Целата Земја на крајот ќе стане еден глобален парк, токму онака како што на почетокот наумил нашиот Творец (1. Мојсеева 1:28; 2:15; Лука 23:42, 43). Насекаде луѓето ќе бидат „научени од Господа“ и ќе научат да го сакаат и да го ценат сето негово творештво, вклучувајќи ги и дождовните шуми (Исаија 54:13).

Опишувајќи го тоа благословено време, псалмистот напишал: „Нека се радуваат полињата и сѐ што е на нив, да ликуваат сите дрвја по дубравите, пред лицето на Господа, зашто иде, зашто Он иде да ѝ суди на земјата. Он ќе ѝ суди на вселената по правда, и на народите — според Својата вистина“ (Псалм 95:12, 13).

За среќа, иднината на дождовната шума не зависи од грижата — или лакомоста — на човекот. Библијата ни дава причина да имаме доверба дека Творецот лично ќе интервенира за да ги спаси нашите тропски шуми. Во Божјиот ветен нов свет, идните генерации ќе ја видат величественоста што лежи во дождовните шуми (Откровение 21:1—4).

[Фуснота]

a Интересно е тоа што конзервационистите чија цел е да спасат колку што е можно повеќе загрозени видови, ја опишуваат својата етика како „Ноев принцип“, бидејќи Ное добил упатства да ги прими во арката „сите животни . . . од секоја плот“ (1. Мојсеева 6:19). „Се мисли дека долготрајното постоење [на видовите] во природата го повлекува со себе неоспорното право на континуирано постоење“, аргументира биологот Дејвид Ехренфелд.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели