ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/8 стр. 3-5
  • Насилство над дождовните шуми

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Насилство над дождовните шуми
  • Разбудете се! 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Дрвја кои растат во пустина“
  • Земјиште, градежно дрво и хамбургери
  • Што се прави за да се заштити шумата?
  • Користите од дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Ќе преживеат ли дождовните шуми?
    Разбудете се! 1998
  • „Господовите дрва се наситија со храна“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Шумите
    Разбудете се! 2023
Разбудете се! 1998
g98 8/8 стр. 3-5

Насилство над дождовните шуми

НЕКОГАШ во старо време, еден широк смарагден појас ја опашувал нашата планета. Секакви видови дрвја ја сочинувале неговата структура, а широките реки се провлекувале низ неговата површина.

Како една огромна природна стаклена градина, тој бил област на убавина и разновидност. Половина од светските видови животни, птици и инсекти живееле таму. Но, иако тоа бил најбогатиот предел на Земјата, тој бил и осетлив — поосетлив отколку што се замислувало.

Тропската дождовна шума, како што ја нарекуваме сега, изгледала огромна — и речиси неуништлива. Но, не било така. Дождовната шума најнапред почнала да исчезнува од Карибите. Уште во 1671 — десет години пред да биде истребена птицата додо — шеќерните плантажи ја проголтале шумата на Барбадос.a Другите острови во тој предел доживеале слично искуство, што било предвкус на еден глобален тренд кој се забрзал во 20 век.

Денес, тропските дождовни шуми покриваат само 5 проценти од Земјината површина, во споредба со 12 проценти пред еден век. И секоја година се сече или се пали шумско подрачје поголемо од Англија, односно 130.000 квадратни километри. Ова застрашувачко темпо на уништување ѝ се заканува на дождовната шума — заедно со нејзините жители — со истата судбина како на додото. „Опасно е да се рече дека шумата ќе исчезне до некоја одредена година, но ако не се променат работите, шумата навистина ќе исчезне“, предупредува Филип Фернсајд, истражувач на дождовните шуми во Бразил. Во октомври минатата година, Дајана Џин Скимо известила: „Податоците во последниве седмици укажуваат дека палењето што се одвива во Бразил, оваа година е поголемо од она што се случи во Индонезија, каде што поголемите градови беа задушени под прекривачи од чад кој се ширеше и во околните земји . . . Палењата во амазонскиот регион се зголемија за 28 проценти во однос на минатата година, според сателитските податоци; а најновите достапни цифри за ископачување на шумите за 1994 покажуваат 34-процентен пораст почнувајќи од 1991“.

„Дрвја кои растат во пустина“

Зошто баш дождовните шуми, кои беа речиси неоштетени пред еден век, толку брзо се уништуваат? Умерените шуми, кои покриваат 20 проценти од Земјината површина, не се значително редуцирани во последниве 50 години. Што ги прави дождовните шуми толку ранливи? Одговорот лежи во нивната единствена природа.

Арнолд Њумен, во својата книга Tropical Rainforest, вели дека дождовната шума е соодветно опишана како „дрвја кои растат во пустина“. Тој објаснува дека во некои делови од амазонскиот речен слив и на Борнео, „изненадува тоа што големите шуми виреат речиси на чист бел песок“. Иако повеќето дождовни шуми можеби не растат на песок, речиси сите лежат на многу неплоден и многу мал површински слој. Иако површинскиот слој во една умерена шума може да биде длабок два метра, во дождовната шума тој ретко надминува пет сантиметри. Како може најбујната вегетација на Земјата да успева во таква неплодна средина?

Во 1960-тите и 1970-тите, научниците го откриле одговорот на оваа мистерија. Тие откриле дека шумата буквално самата се исхранува. Повеќето од хранливите материи кои им се потребни на растенијата ги снабдуваат паднатите гранки и лисја кои го покриваат шумскиот под и кои, благодарение на постојаната топлина и влажност, брзо се разложени од термитите, габите и другите организми. Ништо не се фрла; сѐ се преработува. Преку транспирацијата и испарувањето од шумскиот свод, дождовната шума преработува дури 75 проценти од врнежите што ги добива. Подоцна, облаците што се создаваат од овој процес, повторно ја наводнуваат шумата.

Но, овој прекрасен систем има своја Ахилова пета. Ако премногу се оштети, не може самиот да се обнови. Ако исечете една мала површина од дождовната шума, само за неколку години самата ќе се обнови; но ако срамните една голема површина, можеби никогаш нема да се опорави. Поројниот дожд ги измива хранливите материи, а жешкото сонце го пече тенкиот површински слој сѐ додека конечно не почне да расте само остра трева.

Земјиште, градежно дрво и хамбургери

За земјите во развој кои немаат аграрно земјиште, нивните огромни пространства недопрени шуми изгледале спремни за експлоатација. Едно „лесно“ решение било да се охрабрат сиромашните селани без земја да исчистат делови од шумата и да положат право на нив — нешто слично како кога европските имигранти го населиле американскиот Запад. Меѓутоа, резултатите биле штетни и за шумата и за фармерите.

Бујната дождовна шума можеби остава впечаток дека таму може да порасне сѐ. Но, штом се исечат дрвјата, исчезнува илузијата за неограничена плодност. Викторија, една Африканка која обработува мало парче земја што нејзиното семејство неодамна си го присвоило од шумата, го објаснува проблемот.

„Свекор ми само што го исече и запали ова парче шума за да можам да засадам мешунки, маниока и банани. Годинава би требало да добијам добра жетва, но после две-три години почвата ќе осиромаши и ќе мораме да расчистиме друго парче. Тоа е напорна работа, но и единствениот начин на кој можеме да преживееме.“

Има најмалку 200 милиони фармери кои ги сечат и палат шумите, како што прават Викторија и нејзиното семејство! И тие се одговорни за 60 проценти од годишното уништување на дождовните шуми. Иако овие патувачки земјоделци повеќе би сакале некој полесен облик на земјоделство, тие немаат избор. Соочени со секојдневна борба да преживеат, тие увидуваат дека зачувувањето на дождовната шума е луксуз кој не можат да си го дозволат.

Додека повеќето фармери ја сечат шумата за да садат, други ја расчистуваат за пасишта. Во дождовните шуми на Централна и на Јужна Америка, сточарството е друга главна причина за ископачување на шумите. Говедското месо од оваа стока обично завршува во Северна Америка, каде што рестораните за брза храна имаат огромен апетит за ефтино месо кое го користат за хамбургери.

Меѓутоа, сточарите наидуваат на истиот проблем како и помалите земјоделци. Пасиштето што никнува од пепелот на некоја дождовна шума, ретко може да ја прехрани стоката подолго од пет години. Претворањето на дождовната шума во хамбургери може да биде профитабилно за неколкумина, но мора да се вброи во еден од најрасипничките начини на производство храна што човекот некогаш го измислил.b

Друга главна закана за дождовната шума е сечењето на дрвјата. Не значи дека сечењето на дрвјата неизбежно ја уништува дождовната шума. Некои компании собираат неколку комерцијални сорти на начин при кој шумата наскоро се опоравува. Но, две третини од 45-те илјади квадратни километри шума кои дрвните компании секоја година ги експлоатираат, се толку исечени што само секое петто дрво од шумата останува неоштетено.

„Одвратно ми е кога ќе видам некоја прекрасна шума растргната на парчиња поради неконтролирано сечење на дрвјата“, воздивнува ботаничарот Мануел Фидалго. „Иако е точно тоа дека другите растенија и дрвја можат да пуштат корења во исчистениот предел, новоизраснатото ќе биде секундарна шума — која е многу посиромашна во однос на бројноста на видовите. Ќе бидат потребни векови, па дури и милениуми пред да може да се опорави претходната шума.“

Дрвосечачките компании го забрзуваат уништувањето на шумите и на други начини. Сточарите и патувачките земјоделци навлегуваат во шумите главно преку патиштата кои ги расчистиле дрвосечачите. Понекогаш деланките што дрвосечачите ги остават зад себе ги потхрануваат шумските пожари кои уништуваат дури и поголем дел од шумите отколку што исекле дрвосечачите. На Борнео, само еден таков пожар во 1983 изгорел еден милион хектари шума.

Што се прави за да се заштити шумата?

Со оглед на овие закани, направени се извесни напори за да се зачуваат шумите кои остануваат. Но, задачата е огромна. Националните паркови можат да заштитат само мали површини од дождовната шума, додека ловењето, сечењето на дрвјата и земјоделството со сечење и палење на шумите сѐ уште продолжуваат во многу паркови. Земјите во развој немаат многу пари за вложување во грижата за парковите.

Меѓународните компании лесно ги намамуваат осиромашените влади да им продадат права за сечење на дрвјата — во некои случаи едно од малкуте национални поседи кои стојат на располагање за да се платат долговите во странство. А милионите патувачки земјоделци немаат каде да одат освен сѐ подлабоко и подлабоко во дождовната шума.

Во еден свет измачуван од толку многу проблеми, дали зачувувањето на дождовните шуми е толку важно? Каква загуба нѐ очекува доколку тие исчезнат?

[Фусноти]

a Додо била голема, тешка птица која не можела да лета; истребена е во 1681.

b Поради раширените протести, некои мрежи ресторани за брза храна престанаа да увезуваат ефтино телешко месо од тропските земји.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели