ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/2 стр. 24-25
  • Католичката црква и холокаустот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Католичката црква и холокаустот
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Антијудаизам и антисемитизам
  • Молчењето на Пие XII
  • Префрлање на вината
  • Црквите се исповедаат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Зошто бараат прошка?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Дали има само една ‚вистинска црква‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Разбудете се! 1999
g99 8/2 стр. 24-25

Католичката црква и холокаустот

Од дописникот на Разбудете се! во Италија

УШТЕ од 1987 се зборува за плановите на Католичката црква да издаде еден документ со кој ќе ја признае својата одговорност во холокаустот. Затоа исчекувањата беа големи кога во март 1998 Ватиканската комисија за религиозни односи со Евреите го издаде документот наречен Се сеќаваме: Размислување за Шоахот.a

Иако некои го ценеа овој документ, многумина не беа задоволни од неговата содржина. Зошто? На што нашле приговор?

Антијудаизам и антисемитизам

Ватиканскиот документ прави разлика помеѓу антијудаизмот, за кого Црквата признава вина, и антисемитизмот, кого го порекнува. Многумина сметаат дека разликата и заклучокот до кој се доаѓа се незадоволителни. Германскиот рабин Игнац Бубис рекол: „Тоа ми изгледа како еден начин да се рече дека вината не е наша; некој друг е виновен“.

Иако италијанскиот католички историчар Џорџо Векјо ја прифаќа разликата помеѓу антијудаизмот и антисемитизмот, тој истакнува дека „проблемот е и во тоа да се разбере како католичкиот антијудаизам можеби придонел за развојот на антисемитизмот“. Интересно е тоа што ватиканскиот весник L’Osservatore Romano од 22 и 23 ноември 1895, издал едно писмо кое навело: „Секој искрен католик, всушност, е антисемит: тоа е случај и со свештенството, затоа што е обврзано од доктрината и службата“.

Сепак, оној дел од ватиканскиот документ кој предизвика најголеми критики беше одбраната на постапките на Пие XII, поставен за папа непосредно пред почетокот на II светска војна. Пие XII служел како нунциј (папски пратеник) во Германија од 1917 до 1929.

Молчењето на Пие XII

Италијанскиот правник Франческо Марџота Брољо мисли дека документот не „дава нови или појаснителни елементи за нашироко дебатираното спорно прашање за таканареченото ‚молчење‘ на папата Пие XII, за неговите наводни симпатии кон Германија и за неговите дипломатски постапки кон нацистичкиот режим како пред така и за време на неговото папство“.

Повеќето коментатори се согласуваат со тоа дека, без оглед на тоа како некој гледа на значењето на документот Се сеќаваме, прашањето зошто водачите на Католичката црква молчеле за геноцидот во нацистичките концентрациони логори „останува широко отворено“. Според американскиот историчар Џорџ Мосе, со тоа што Пие XII избрал да молчи, тој „ја спасил Црквата но ја жртвувал нејзината морална порака. Постапил како глава на Државата, а не како папа“. Добро информираните ватикански набљудувачи сметаат дека она што го одложило излегувањето на документот е тешкотијата како да се гледа на улогата на Пие XII во холокаустот.

Многумина беа иритирани од тоа што документот го брани папата Пие XII. „Молчењето поради ‚молчењето на папата‘ е причина што овој документ разочарува“, пишува Ариго Леви. Ели Визел, добитник на Нобеловата награда за мир во 1986, рекол: „Мене ми изгледа дека тврдењето според кое ние Евреите треба да му бидеме благодарни на Пие XII, благо речено, е ерес“.

Префрлање на вината

Овој документ ја прифаќа традиционалната разлика што ја направиле католичките теолози, според која се тврди дека црквата како институција е света и дека Бог ја зачувал од грев, додека нејзините членови, кои се грешници, се виновниците за сите извршени злодела. Ватиканската комисија пишува: „Духовниот отпор и конкретното дејствување на другите христијани не беше она што би можело да се очекува од Христовите следбеници . . . [Тие] не беа доволно силни за јавно да протестираат . . . Длабоко жалиме поради грешките и пропустите на тие синови и ќерки на Црквата“.

Меѓутоа, припишувањето вина на поединечни членови на црквата наместо вината да се прифати како институција, на повеќето им изгледаше како еден голем чекор назад, во споредба со недамнешните јасни барања за простување. На пример, Римокатоличката црква во Франција издаде формална „Декларација на покајување“, молејќи го Бог и еврејскиот народ за простување поради „рамнодушноста“ што Католичката црква ја покажала кон прогонувањето на Евреите под француската воена влада на Виши. Во една изјава што ја прочитал надбискупот Оливер де Беранжер, црквата признала дека допуштила нејзините сопствени интереси „да ја засенат библиската должност за почитување на секое човечко суштество создадено по Божја слика“.

Таа француска декларација делумно гласеше вака: „Црквата мора да признае дека во поглед на прогонството на Евреите, а особено во поглед на многубројните антисемитски мерки преземени од властите на Виши, рамнодушноста далеку ја надминала огорченоста. Молчењето било правило, а зборувањето во корист на жртвите било исклучок . . . Денес признаваме дека тој молк бил грешка. Исто така, признаваме дека црквата во Франција не успеала во својата мисија како воспитувач на совеста на луѓето“.

Повеќе од 50 години после страшната трагедија на Шоахот, односно холокаустот, Католичката црква сѐ уште не успеала да се помири со сопствената историја — историја на двосмисленост и молчење, најблаго речено. Но, има некои кои никогаш не мораа да преземат ниту еден таков чекор. Јеховините сведоци, религиозно малцинство кое било сурово прогонувано од страна на нацистите, не се спуштиле толку ниско да се компромитираат.

Како што стануваше сѐ појасно во последниве времиња, за разлика од членовите на црквата, Сведоците ја разобличија бруталноста на нацистите. И тоа не го направија само како поединци. Тоа го направија и нивните официјални говорници и публикации. Историчарката Кристин Кинг, продекан на универзитетот Стафордшир во Англија, објаснила: „Јеховините сведоци зборуваа отворено. Тие зборуваа отворено уште од почетокот. Зборуваа отворено во еден глас. И зборуваа отворено со огромна храброст која ни пренесува една порака на сите нас“.

[Фуснота]

a Шоах е хебрејски назив за холокаустот, масовното убивање на Евреите Полјаците, Ромите, Словените и други од страна на нацистите во текот на II светска војна.

[Слика на страница 24]

Папата Пие XII молчел за време на холокаустот

[Извор на слика]

Фотографија на U.S. Army

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели