ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 1/3 стр. 3-4
  • Црквите се исповедаат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Црквите се исповедаат
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кога папата бара прошка
  • Зошто?
  • Зошто бараат прошка?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Католичката црква и холокаустот
    Разбудете се! 1999
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 1/3 стр. 3-4

Црквите се исповедаат

„Папата ја става Црквата на испит.“ „Инквизицијата и антисемитизмот — Црквата ја подготвува својата меа кулпа.“a „Меа кулпа за холокаустот.“ „Методистите им се извинуваат на Индијанците од Далечниот Запад.“

ДАЛИ си читал вакви наслови? Изгледа дека со сѐ поголема зачестеност црквите ја прифаќаат вината и се извинуваат за она што го правеле низ вековите. Медиумите постојано истакнуваат нови меа кулпи од страна на папата.

Кога папата бара прошка

Помеѓу 1980 и 1996, Јован Павле II најмалку 94 пати ‚ги призна историските грешки на Црквата или побара прошка‘ — вели ватиканскиот коментатор Луиџи Акатоли во својата книга Quando il papa chiede perdono (Кога папата бара прошка). Според Акатоли, „во Католичката црква само папата може со право да прави меа кулпа“. А тој тоа и го стори, осврнувајќи се на најконтроверзните страници од католичката историја — Крстоносните походи, војните, поддршката на диктатурите, поделбата во црквите, антисемитизмот, инквизицијата, мафијата и расизмот. Во еден меморандум испратен 1994 до кардиналите (кој некои го сметаат за најважен документ на потификатот), Јован Павле II предложи „генерално и милениумско исповедање на гревовите“.

Неколкумина прелати го следеа примерот на папата. Во декември 1994, италијанскиот весник Il Giornale извести: „Многу американски бискупи се појавија на телевизијата и јавно побараа прошка“. За што? За потценувањето на проблемот со педофилните свештеници, на штета на мнозина млади жртви. Во јануари 1995, весникот La Repubblica извести за еден „гест без преседан во историјата на современиот католицизам“ — му било обрнато внимание на проблемот со молчењето на папата Пие XII во врска со холокаустот. Во јануари 1995, истиот весник извести дека германскиот епископат побарал прошка за „многуте грешки“ на римокатолиците кои ги поддржуваа злосторствата на нацистите. Разни протестантски цркви исто така се подложија на самокритика.

Зошто?

Библијата нѐ охрабрува да бараме прошка кога сме во криво, и мнозина ги фалеа црквите кога тие се подложија себеси на самокритика (Јаков 5:16). Но, зошто црквите го прават ова? Како треба тоа да влијае врз начинот на кој гледаме на нив?

[Фуснота]

a Латински за „моја сопствена грешка“, дел од една католичка молитва (Confiteor, односно „Се исповедам“), при која верниците го повторуваат овој израз.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели