ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/3 стр. 20-21
  • Отворени се тајните архиви

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Отворени се тајните архиви
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што содржат?
  • Критики
  • „Ништо сокриено, што не ќе се открие“
  • Судењето и погубувањето на еден „еретик“
    Разбудете се! 1997
  • Инструменти на незамислива тортура
    Разбудете се! 1998
  • Дали Библијата навистина е дар од Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Отпадништво — патот до Бог е препречен
    Потрагата на човештвото по Бог
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/3 стр. 20-21

Отворени се тајните архиви

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИТАЛИЈА

„Отворени се архивите на инквизицијата.“ Ете како медиумите известија дека Ватикан им дозволи на изучувачите пристап во архивата на Собирот за доктрината на верата, што до 1965 беше познат како Света служба.

БЕШЕ наведено дека тој потег треба да се разгледа „во контекстот на еден долг и систематизиран процес на историска ревизија што Јован Павле II сака да го заврши пред 2000 година“.a Зошто толкав интерес за овие архиви? Какви тајни се мисли дека содржат?

Светата служба ја основал папата Павле III во 1542. Ова посредништво од страна на папата за потиснување на „ересот“ било наречено и римска инквизиција за да се разликува од шпанската инквизиција воведена во 1478.b Собранието од кардинали кое било основано во 1542 требало „да се погрижи за прашањето на ересот во целиот христијански свет“, објаснува Адријано Проспери, авторитет во таа област. Од инквизициите кои дејствувале во текот на 16 век, само римската инквизиција сѐ уште е активна, иако со поинакво име и со поинакви должности.

Биле собрани досијеата на инквизицијата. Со текот на времето, тие ги сочинувале тајните архиви на Светата служба. Во 1559, тие архиви ги ограбиле дел од римските жители, кои се побуниле да не се „прославува“ смртта на папата Павле IV, сметан за главен поборник на римската инквизиција. Во 1810, после освојувањето на Рим, Наполеон I ги пренел архивите во Париз. Како тогаш така и за време на нивното подоцнежно враќање кај папата, голем дел од материјалите биле изгубени или уништени.

Што содржат?

Повеќе од 4.300 документи кои ги сочинуваат архивите зафаќаат две соби во близината на базиликата Св. Петар. Според кардиналот Јозеф Рацингер — кој го предводи ова посредништво на Ватикан — оние работи што ги содржи архивата индиректно се однесуваат на историски спорни прашања, но „главно се од теолошка природа“.

Меѓу историчарите постои општа согласност дека не може да се очекува архивите да откријат многу. Професор Проспери објаснува дека записниците од состаноците на римската инквизиција се таму, но дека „резимеата, извештаите и речиси сите судски записници недостасуваат. Повеќето од нив биле уништени помеѓу 1815 и 1817 во Париз по наредба на монсињор Марино Марини, кој бил испратен од Рим за да ги поврати документите што ги однел Наполеон“.

Ватикан им даде на изучувачите пристап до документите кои биле собрани пред да умре Лео XIII во јули 1903. За да добијат пристап, истражувачите ќе треба да поднесат писмена препорака од религиозни или од академски авторитети.

Критики

Иако веста за отворањето на архивите беше поздравена со општа воодушевеност, се слушнаа гласови на критика. Размислувајќи за причините зошто има пристап само до документите од времето пред 1903, католичкиот теолог Ханс Кинг прашува: „Можно ли е токму во 1903 да станува поинтересно, бидејќи таа година папата Пие X, кој штотуку стапил на папскиот престол, започнал антимодернистичка кампања која требало да земе за свои жртви цела редица теолози и да им создаде тешкотии на бискупите на Италија, Франција и Германија, отуѓувајќи од црквата безброј луѓе?“

Според правниот историчар Итало Мероу, и покрај тоа што го променила името и ги отворила архивите, „работата што ја врши [Соборот за доктрината на верата] е иста како работата на старата инквизиција, со нејзините стари методи“, во кои спаѓа да не им се допушти на оние што се под истрага да ги видат документите кои се однесуваат на нив.

„Ништо сокриено, што не ќе се открие“

Општо земено, историчарите не веруваат дека ќе дојдат до некои сензационални откритија во „архивата на инквизицијата“. Сепак, значајно е тоа што католичката црква се чувствува обврзана да се подложи на судот на јавното мислење.

Меѓутоа, далеку поважно е мислењето на Бог. Во погодно време тој ќе го спроведе својот суд врз религијата која тврдела дека е христијанска, но со векови ги прекршувала Божјите заповеди и го повредувала духот на Исусовото учење спроведувајќи злобни инквизиции. Во нив безброј невини луѓе биле стравотно мачени и убивани, едноставно затоа што одбивале да ги прифатат доктрините или обичаите на црквата (Матеј 26:52; Јован 14:15; Римјаните 14:12).

Без оглед на тоа колку длабоко ќе навлезат архивските анализи што ги вршат изучувачите, тие секогаш ќе останат нецелосни. Од друга страна, пак, „нема создание сокриено за [Бог], туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној, пред Кого ние ќе одговараме“ (Евреите 4:13). Ете зошто Исус, кога зборувал за религиозните водачи кои му се противеле, можел да им рече на своите ученици: „Не плашете се од нив; зашто нема ништо сокриено, што не ќе се открие, или тајно, а да не се узнае“ (Матеј 10:26).

[Фусноти]

a Видете Стражарска кула од 1 март 1998, страници 3—7.

b Иако нивните методи и резултати малку се разликувале, овие две институции биле нови во однос на средновековната инквизиција која почнала во 1231 во Италија и Франција.

[Извори на слики на страница 20]

Палатата на инквизицијата, Рим (Италија)

Цртежи: Од книгата Bildersaal deutscher Geschichte

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели