Дали Библијата навистина е дар од Бог?
„МИСЛАМ дека Библијата е најдобриот подарок кој некогаш му е даден на човекот.“ Оваа изјава ја дал Абрахам Линколн, 16-тиот претседател на Соединетите Американски Држави.a Тој не бил единствениот кој имал вакво ценење спрема оваа прастара книга.
Британскиот државник од 19-тиот век, Вилијам Е. Гледстоун, изјавил: „Библијата се одликува со Потврда за потеклото, а помеѓу неа и сите нејзини конкуренти лежи огромно растојание“. Сличен став имал и американскиот државник од 18. век, Патрик Хенри, кој рекол: „Библијата вреди колку сите други книги кои некогаш се отпечатени“. Очигледно импресиониран од Писмото, францускиот император Наполеон Бонапарта коментирал: „Библијата не е обична книга, туку Живо Битие со моќ која победува сѐ што ѝ се спротивставува“.
За некои, Библијата била извор на помош и утеха. Американскиот конфедерален генерал Роберт Е. Ли, рекол: „Во сите мои тешкотии и неволји, Библијата никогаш не ме оставила на цедило без да ми пружи светлина и сила“. А од ценење кон оваа книга, претседателот на САД, Џон Квинси Адамс, рекол: „Веќе многу години имам обичај еднаш годишно да ја прочитам Библијата“.
Ако Највишиот му ја дал Библијата на човештвото, треба да спостои доказ дека таа е божествено вдахновена. Би требало да биде поголема од сите други книги. А за Библијата да биде вистински извор на сила и поука, би требало да биде потполно доверлива. Затоа, останува прашањето: „Дали Библијата е навистина дар од Бог? Да го побараме одговорот на ова прашање.
[Фуснота]
a Се разбира, постои и поголем подарок—Исус Христос (Јован 3:16).
[Слики на страница 3]
Вилијам Е. Гледстоун
[Извор на слика]
фотографија на U.S. National Archives photo
Абрахам Линколн
[Извор на слика]
фотографија на U.S. National Archives photo
Патрик Хенри
[Извор на слика]
Harper’s U.S. History
Наполеон Бонапарта
[Извор на слика]
Цртеж на Е. Роња
Џон Квинси Адамс
[Извор на слика]
Harper’s U.S. History
Роберт Е. Ли
[Извор на слика]
фотографија на U.S. National Archives photo