ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/4 стр. 28-30
  • Како можам да преживеам без моите родители?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можам да преживеам без моите родители?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Кој ќе се грижи за мене?‘
  • Семејна одговорност
  • Да се издржуваш себеси
  • Соочување со предизвикот
  • Зошто морам да живеам без моите родители?
    Разбудете се! 1999
  • Како да се сложувам со брат ми (сестра ми)?
    Разбудете се! 2010
  • Како да се сложувам со брат ми или сестра ми?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Да се грижиме за постарите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/4 стр. 28-30

Младите прашуваат . . .

Како можам да преживеам без моите родители?

„Кога јас имав три а сестра ми четири години, моите родители се разведоа. На судот се бореа за да добијат старателство, и на крајот ние ѝ бевме доделени на мајка ми. Меѓутоа, кога наполнив седум години, сестра ми и јас одлучивме да живееме со татко ми“ (Хорасио).

ПОСЛЕ неколку години, татко му на Хорасио и девојката со која живеел си заминале — напуштајќи го Хорасио и сестра му. Хорасио се присетува: „Така, кога имав 18 години, станав глава на домаќинство кое освен мене се состоеше од мојата 19-годишна сестра и мојата 12-годишна полусестра, која одлучи да остане со нас“.

Како што покажа една претходна статија, милиони млади луѓе во светот остануваат без родители.a Како Хорасио, некои биле напуштени. На други, пак, им умреле родителите или биле одвоени од нив поради војна или природни катастрофи. Каква и да е ситуацијата, да се биде без родители може да биде тешко и трауматично искуство. Исто така, тоа може да ти наметне огромни одговорности.

,Кој ќе се грижи за мене?‘

Колку добро ќе се справиш, многу зависи од твојата возраст и од околностите. Очигледно, ситуацијата е далеку потешка ако сѐ уште си дете или ако си во раните тинејџерски години. Дури и тогаш, можеби сепак не си оставен сосема сам. Можеби некој чичко, тетка или постар брат или сестра ќе биде спремен да те земе.

Меѓу Јеховините сведоци, грижата за сираците и вдовиците се смета за дел од нивното обожавање (Јаков 1:27; 2:15—17). Затоа, честопати ќе помогнат поединци од собранието. Хорасио и неговите сестри, на пример, ја проучувале Библијата со Јеховините сведоци и оделе на нивните состаноци. Таму се запознале со едно христијанско семејство кое почнало да им помага. „Колку само сум му благодарен на Јехова за неговото водство и грижа полна со љубов што ги покажува секој ден!“ вели Хорасио. „Бевме благословени со помошта на едно многу духовно настроено семејство од собранието, кое имаше деца на наша возраст. Тие практично нѐ посвоија и така, како никогаш порано, чувствувавме дека сме дел од едно семејство, семејство на кое можевме да сметаме.“

Меѓутоа, не се толку среќни сите млади. Еден извештај од Детскиот фонд при Обединетите нации вели: „Понекогаш малолетните деца кои се сами ги земаат семејства кои физички ги злоупотребуваат, ги тераат да работат без надомест или можност за напредување, ги користат во проституција, па дури и ги даваат во ропство“. Затоа, ако имаш некој кој води прилично добра грижа за тебе, биди благодарен.

Мора да се признае, страшна загуба е да бидеш без твоите родители. И природно е ако си огорчен што ги немаш за да се грижат за тебе. Ако некој роднина или твојот постар брат или сестра ти кажува што да правиш, тоа може да ја зголеми твојата лутина. Но, не ја излевај својата огорченост врз оние кои се обидуваат да се грижат за тебе. Библијата вели: „Внимавај, бесот да не те намами на злобно [постапување] . . . Внимавај да не се свртиш кон она што е штетно“ (Јов 36:18, 21, NW). Сети се на младата жена Естира, што се спомнува во Библијата. Како сираче, таа била одгледана од нејзиниот постар братучед, Мардохеј. Иако тој не бил нејзин природен родител, Мардохеј ‚ѝ дал заповед‘ што таа ја послушала, дури и тогаш кога пораснала! (Естира 2:7, 15, 20). Труди се ти самиот да бидеш послушен и да соработуваш. Тоа многу ќе придонесе за да се олеснат притисоците и за да им се олесни животот на сите што се засегнати.

Семејна одговорност

Ако имаш постар брат или сестра — или ако ти самиот си доволно возрасен — можеби ќе биде можно да живеете сами. Можеби дури и врз тебе ќе падне улогата на глава на семејството — навидум огромна одговорност! Сепак, во такви околности многу млади одлично ги подигнале своите браќа или сестри.

Се разбира, можеби ќе треба да се справиш со извесни чувства на огорченост. Ако размислуваш за фактот дека ти ги сакаш и се грижиш за твоите браќа и сестри, тоа може да ти помогне да имаш попозитивно гледиште. Исто така, може да ти биде од помош ако грижата за нив ја сметаш за должност која ти е дадена од Бог. На крајот на краиштата, на христијаните им е заповедано да се грижат за своите (1. Тимотеј 5:8). Но, колку и да се обидуваш да бидеш татко или мајка на твоите браќа или сестри, ти никогаш не можеш вистински да бидеш нивниот родител.

Не е реално да очекуваш твоите браќа или сестри да ти возвратат онака како што им возвраќале на родителите. Всушност, можеби ќе треба да помине прилично време пред да се смират и да те сфатат сериозно. Затоа, во меѓувреме труди се да не се нервираш. Избегнувај „огорчение и јарост, гнев, викање и хулење“. Со својот пример поучи ги своите браќа или сестри ‚еден спрема друг да бидат добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг‘ (Ефесјаните 4:32).

Хорасио признава дека правел грешки: „Понекогаш бев престрог со моите сестри. Но, донекаде тоа беше заштита и ние задржавме исправно однесување во Јеховини очи“.

Да се издржуваш себеси

Ако твоите родители не се тука за да се грижат за тебе, твоето издржување во материјален поглед несомнено ти е главна грижа. Можеби некои возрасни членови на христијанското собрание можат да ти помогнат тебе и на твоите браќа или сестри, доколку ги имаш, да научите да готвите, да чистите и да ги извршувате другите работи во домаќинството за кои сега морате да се грижите. Но, како да дојдете до пари? Можеби немаш друг избор освен да се обидеш да најдеш работа.

Меѓутоа, нема многу работни места за младите кои имаат малку што се однесува до образованието, искуството или стручните вештини. Затоа, ако е воопшто можно да го завршиш основното образование — па дури и да добиеш некое дополнително обучување за работа — стори го тоа по секоја цена. Хорасио се присетува: „Мојата постара сестра и јас работевме за моето школување и за школувањето на мојата полусестра“. Ако живееш во некоја земја во развој, можеби ќе треба да ја употребиш својата досетливост за да најдеш работа. (Види „Изнаоѓање работа во земјите во развој“, во изданието на Разбудете се! од 8 февруари 1995 [срп.].)

Во повеќето економски развиени земји можеби дури е можно да се добие и финансиска помош од владата. Честопати има владини или приватни агенции кои се посветени на помагањето на деца без родители или на напуштени деца. На пример, некои агенции може да ти помогнат во набавувањето храна или во наоѓањето место за живеење. Се разбира, секоја финансиска помош што ја добиваш треба мудро да ја искористиш. „Парите служат како заштита“, вели Библијата (Проповедник 7:12, NW). И ако не ги планираш и трошиш внимателно, тие можат брзо ‚да си направат крилја и да летнат‘ (Изреки 23:4, 5).

Материјалната состојба можеби не е толкаво спорно прашање доколку за тебе се грижи некој возрасен. Меѓутоа, во иднина ќе дојде време кога ќе треба да се грижиш самиот. Бидејќи повеќе немаш родители кои ќе те поттикнуваат на академски напредок, можеби ќе треба да вложиш вистински напор за да се сконцентрираш на учењето. Советот што христијанскиот апостол Павле му го дал на Тимотеј во врска со духовниот напредок може да се примени и на твоето учење на училиште: „Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сѐ“ (1. Тимотеј 4:15). Додека го правиш тоа, ќе им дадеш добар пример на оние околу тебе, а тоа ќе ти користи и тебе лично.

Најважно од сѐ е тоа што ќе треба да се грижиш самиот за себе во духовен поглед. Потруди се да утврдиш урамнотежена рутина во духовните активности (Филипјаните 3:16, NW). На пример, меѓу Јеховините сведоци е вообичаено семејствата секој ден да дискутираат за библискиот стих. Зошто не го направиш тоа дел од твојата рутина? Рутината во библиската студија и редовното присуство на христијанските состаноци ќе ти помогне да останеш духовно јак (Евреите 10:24, 25).

Соочување со предизвикот

Тешко е да се живее без родители, но тоа не значи дека сѐ е црно. Мајка ѝ на 20-годишната Паола умрела кога Паола имала само шест години. Татко ѝ умрел кога имала десет години. Една љубезна жена ѝ понудила кров над глава нејзе и на нејзините четири сестри. Дали нејзиниот живот бил потполно мизерен? Не. Паола вели: „Можеби не сме баш типично семејство, но живееме прилично нормален живот. Всушност, љубовта што ја имаме меѓу нас е посилна од љубовта во повеќето семејства“.

Ирене, сестра ѝ на Паола, додава: „Иако сме без родители, исти сме како и сите други млади“. Каков совет дава таа за една ваква ситуација? „Немојте да мислите дека сте во подредена положба.“ И Хорасио вели: „Таквата ситуација ми овозможи многу брзо да созреам“.

Да се изгубат родителите е едно од најболните нешта што можат да се случат. Но, биди уверен дека со Јеховина помош можеш да преживееш и да го добиеш неговиот благослов.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Младите прашуваат. . . Зошто морам да живеам без моите родители?“ во изданието на Разбудете се! од 8 март 1999.

[Слика на страница 29]

Можеш да најдеш поддршка кај христијанските старешини

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели