ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/5 стр. 24-27
  • Корисна и среќна иако сум слепа

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Корисна и среќна иако сум слепа
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поучена да го мразам Бог
  • Како ѕверка во кафез
  • Помош од татко ми
  • Добивам духовен вид
  • Распад на бракот
  • Среќен, продуктивен живот
  • Поддржана од мојот Бог
  • Сега можам да им помагам на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Помагај им на слепите да го запознаат Јехова
    Нашата служба за Царството 2015
  • Прогледување за добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Мојата горлива желба да му служам на Бог
    Разбудете се! 1993
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/5 стр. 24-27

Корисна и среќна иако сум слепа

Раскажала Политими Венецианос

Си играв со двете братчиња, сестра ми и една братучетка, кога низ прозорецот влета еден ситен предмет. Тоа беше граната и при експлозијата, браќата и сестра ми загинаа, а јас сосема ослепев.

ТОА се случи на 16 јули 1942, кога бев девојче на само пет години. Со денови паѓав и се будев од кома. Кога си дојдов при свест, ги барав моите братчиња и сестра ми. Кога чув дека загинале, посакав и јас да сум мртва.

Кога сум се родила, моето семејство живеело на грчкиот остров Саламис, во близината на Пиреј, пристаништето на Атина. И покрај тоа што бевме сиромашни, имавме мирен живот. Но, сето тоа падна во вода кога започна II светска војна, во 1939. Татко ми беше морнар на Средоземното Море. Честопати мораше да бега од подморниците, фрегатите и торпедата и бомбите на Силите на оската и на Сојузниците. Грција живееше под чизмата на фашизмот и нацизмот.

Поучена да го мразам Бог

Поради страшните услови за време на војната, на мајка ми ѝ умре четвртото дете. Таа доживеа тешка депресија, се разболе од туберкулоза и, откако го роди своето шесто дете, умре во август 1945. Религиозните соседи велеа дека Бог нѐ казнува. Обидувајќи се да нѐ охрабрат, но само влошувајќи ги работите, некои грчки православни попови рекоа дека Бог ги зел моите браќа и сестри на небото за да бидат ангелчиња.

Татко ми беше огорчен. Зошто Бог би оттргнал четири мали деца од едно сиромашно семејство кога со себе има милиони ангели? Овие верувања на православната црква распалија во него силни чувства против Бог и против религијата. Оттогаш, тој не сакаше да има никаква врска со религијата. Ме научи да го мразам и да го презирам Бог, нагласувајќи дека Бог е одговорен за нашата болка и беда.

Како ѕверка во кафез

Кратко откако умре мајка ми во 1945, и татко ми се разболе од туберкулоза и беше ставен во санаториум. Мојата сестричка која беше бебенце ја одведоа во дом за деца. Подоцна, кога татко ми излезе од санаториумот и отиде таму да ја земе, му рекоа дека умрела. Мене ме запишаа во училиште за слепи, каде што ги поминав следните осум години од животот. На почетокот бев скршена од болка. Особено бев очајна во деновите за посета. Повеќето од моите слепи соученици имаа некој што ги посетуваше, но јас немав никого.

Се однесував како ѕверка во кафез. Бев наречена проблем на училиштето. Како резултат на тоа, ме тепаа и ме ставаа да седам на ‚магарешка клупа‘. Честопати помислував да си го одземам животот. Сепак, со текот на времето, ми стана јасно дека ќе треба да научам да бидам задоволна со себе. Наоѓав задоволство при помагањето на слепите соученици, честопати помагајќи им да се облечат или да си го наместат креветот.

Поповите ни рекоа дека Бог нѐ ослепил поради некој страшен престап на нашите родители. Ова само разгоре поголема омраза кон Бог, кој изгледаше лош и злобен. Една религиозна претстава која ми влеваше страв беше тоа дека духовите на умрените одат наоколу прогонувајќи ги живите. Затоа, и покрај тоа што ги сакав моите умрени браќа и сестри и мајка ми, се плашев од нивните „духови“.

Помош од татко ми

Со текот на времето, татко ми стапил во контакт со Јеховините сведоци. Бил зачуден кога од Библијата дознал дека Сатана, а не Јехова, е изворот на болката и смртта (Псалм 99:3; Јаков 1:13, 17; Откровение 12:9, 12). Наскоро мојот просветлен татко почна да оди на состаноците на Јеховините сведоци, духовно напредуваше и се крсти во 1947. Неколку месеци пред тоа, повторно се ожени и сега имаше син. Со текот на времето, и неговата нова сопруга му се придружи во обожавањето на Јехова.

Кога имав 16 години, заминав од училиштето за слепи. Колку само беше утешно што се вратив во едно срдечно христијанско семејство! Одржуваа семејна библиска студија, како што ја нарекуваа, на која бев поканета да присуствувам. Јас присуствував од почитување и од учтивост, иако воопшто не внимавав. Моите чувства против Бог и против религијата сѐ уште беа силни.

Семејството ја проучуваше брошурата Божјиот пат е љубов. На почетокот не бев заинтересирана, но тогаш го чув татко ми како дискутира за состојбата на мртвите. Тоа ми го плени вниманието. Од Библијата го прочита Проповедник 9:5, 10: „Мртвите ништо не знаат . . . во гробот, каде што ќе појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост“.

Почнав да сфаќам дека мојот страв беше неоснован. Мојата мртва мајка, браќата и сестрите не можеа да ми наштетат. Потоа дискусијата се префрли на темата за воскресението. Ги вклучив сите мои „антени“. Срцето ми се исполни со радост кога го чув библиското ветување дека под Христовото владеење мртвите ќе оживеат! (Јован 5:28, 29; Откровение 20:12, 13). Сега студијата ми беше многу интересна. Желно го очекував денот за ваквата семејна дискусија и иако бев слепа, добро се подготвував.

Добивам духовен вид

Додека напредував во библиското спознание, исчезнуваа погрешните претстави за Бог и за неговите постапки. Дознав дека Бог не ме ослепил ниту мене ниту некој друг, туку дека коренот на сето зло е неговиот Непријател, Сатана Ѓаволот. Колку само жалев што поради моето незнаење го обвинував Бог! Со незгаслива жед, го зголемував моето точно спознание од Библијата. Присуствував и учествував на сите христијански состаноци, иако живеевме со километри подалеку од Салата на Царството. Активно учествував и во проповедничката активност, не дозволувајќи оштетениот вид да ме спречува.

Колку само бев среќна кога се крстив на 27 јули 1958, нешто повеќе од 16 години после оној трагичен момент кога ослепев! Стоев пред нов почеток и бев исполнета со надеж и оптимизам. Сега мојот живот имаше смисла — да му служам на мојот небесен Татко полн со љубов. Спознанието за него ме ослободи од лажните науки и ми даде храброст одлучно и со надеж да се соочам со моето слепило и со тешкотиите што ги предизвикуваше тоа. Редовно посветував 75 или повеќе часови месечно за да им ја проповедам на другите величествената добра вест.

Распад на бракот

Во 1966 се омажив за еден човек со кој имавме исти цели во животот. Изгледаше дека заедно ќе имаме среќен брак додека обајцата работиме на тоа да ја зголемиме нашата активност во проповедничкото дело. Во некои месеци посветувавме многу часови на тоа животоспасувачко дело. Се преселивме во едно изолирано подрачје во близината на Левадија, средна Грција. Во текот на годините додека бевме таму, од 1970 до 1972, и покрај суровата воена хунта која во тоа време беше на власт во Грција, можевме да им помогнеме на неколку луѓе да ја дознаат библиската вистина и да станат крстени христијани. Бевме среќни што му помогнавме на малото собрание Јеховини сведоци во тоа подрачје.

Меѓутоа, со текот на времето, мојот сопруг почна да ја запоставува библиската студија и присуството на нашите христијански состаноци и на крајот целосно ги напушти библиските учења. Тоа создаде голема напнатост во нашиот брак, кој заврши со развод во 1977. Јас бев сосема уништена.

Среќен, продуктивен живот

Во овој многу депресивен период од мојот живот, Јехова и неговата организација повторно ми дојдоа на помош. Еден христијански брат полн со љубов објасни дека, ако дозволам ситуацијата што ја предизвика мојот поранешен сопруг да ми ја одземе радоста, тогаш всушност би му била роб. Тој би го имал клучот за мојата среќа. Отприлика во тоа време, една постара припадничка на христијанското собрание ме замоли да ѝ помогнам да ја подобри својата проповедничка способност. Наскоро бев сосема внесена во она што ми донесе најголема радост — ангажираноста во службата!

Потоа еден друг христијанин го даде овој предлог: „Можеш и понатаму да помагаш онаму каде што си најмногу потребна. Можеш да бидеш светилник што го користи Јехова Бог“. Колку само возбудлива мисла! Некој слеп да биде „светилник што го користи Јехова Бог“! (Филипјаните 2:15). Без одложување си заминав од Атина и отидов да живеам во селото Амаринтос, во јужна Евбеја, подрачје со многу малку поучувачи на Библијата. Со помош на тамошните пријатели, успеав да изградам куќа и да имам доволно за да се грижам за моите потреби.

Затоа, сега веќе повеќе од 20 години сум во можност да посветувам неколку месеци секоја година на некој облик на зголемена проповедничка активност. Со сила од Јехова успевам да учествувам во сите облици на службата, вклучувајќи го и тоа да одам кај луѓето во нивните домови, да водам библиски студии со заинтересираните и да разговарам со луѓето на улиците. Во моментов имам предност да водам четири библиски студии со лица кои се заинтересирани за нашиот Творец. Колку само бев среќна што видов како во ова подрачје се подигнаа три собранија од неколкумина браќа пред 20 години!

Двапати седмично патувам по повеќе од 30 километри во еден правец за да присуствувам на христијанските состаноци, одлучна да не пропуштам ниту еден. Кога поради отсутност на визуелен контакт со говорникот ќе се фатам како ми летаат мислите за време на состаноците, го користам мојот специјален бележник со Брајово писмо за да фаќам кратки забелешки. На тој начин ги присилувам моите уши и моите мисли да обрнуваат грижливо внимание. Исто така, ја имам предноста еден од собраниските состаноци да се води во мојот дом. Луѓето доаѓаат од блиските села за да присуствуваат на Собраниската студија на книга. Наместо секогаш да чекам другите да ме посетат дома, јас преземам иницијатива да ги посетам нив и така доаѓа до взаемно охрабрување (Римјаните 1:12).

Кога живеев со татко ми како тинејџерка, тој никогаш не се однесуваше со мене како со слепо дете. Со стрпливост и истрајност, тој посветуваше многу време за да ме поучи да ги правам работите со свои раце. Оваа практична обука ми овозможи добро да се грижам за мојата градина и за малубројната стока. Трудољубиво работам низ дома, одржувајќи ја куќата чиста и подготвувајќи оброци. Научив дека може да се најде радост и среќа во едноставните работи во животот, во она што го имаме. Успеав да постигнам многу работи со моите преостанати четири сетила — слухот, мирисот, вкусот и допирот — и тоа ми причинува неизмерно задоволство. Тоа беше извонредно сведоштво и за оние однадвор.

Поддржана од мојот Бог

Многумина се прашуваат како успеав да бидам позитивна и да издржам и покрај моите ограничувања. Над сѐ, мора да му се оддаде признание на Јехова, ‚Богот на секоја утеха‘ (2. Коринтјаните 1:3). Откако го изгубив видот, честопати помислував на самоубиство. Затоа, мислам дека немаше да бидам жива денес да не беше Јехова и библиската вистина. Сфатив дека нашиот Творец ни дал многу дарови — не само видот — и дека, ако ги користиме, можеме да бидеме среќни. Еднаш, кога во моето село проповедаа Сведоци, една жена им рече за мене: „Богот што го обожава ѝ помага да ги постигне сите овие работи!“

Сите мои искушенија ме приближија кон Бог. Тоа многу ми ја зајакна верата. Се потсетувам и на тоа дека и апостол Павле страдал од она што го нарекол ‚трн во телото‘, можеби заболување на очите (2. Коринтјаните 12:7; Галатјаните 4:13). Тоа не го спречило да биде „интензивно зафатен“ со добрата вест. Исто како него, можам да речам: „Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи . . . оти кога сум слаб, тогаш сум силен“ (Дела 18:5, NW; 2. Коринтјаните 12:9, 10).

Над сѐ, мојата библиска надеж дека при воскресението ќе можам со своите сопствени очи да ги видам моите драги мајка, сестри и браќа, дефинитивно имаше позитивно и корисно влијание врз мене. Библијата ветува дека „ќе им се отворат очите на слепите“ и дека „ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните“ (Исаија 35:5; Дела 24:15). Таквите изгледи ме исполнуваат со оптимизам и со горливо очекување на славната иднина под Царството на Бог!

[Слика на страница 27]

Татко ми, кој ја проучуваше Библијата со мене

[Слика на страница 27]

Во мојата кујна

[Слика на страница 27]

Со една пријателка во службата

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели