ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/8 стр. 5-7
  • Прогледување за добрата вест

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прогледување за добрата вест
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Поразување на духовното слепило
  • Единствениот траен лек — Божјето Царство
  • Среќа во Божјиот нов свет
  • Помагај им на слепите да го запознаат Јехова
    Нашата служба за Царството 2015
  • Каква е надежта за слепите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Живот без сетилото за вид
    Разбудете се! 2015
  • Фарисеите и човекот кој бил слеп
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/8 стр. 5-7

Прогледување за добрата вест

„НЕБОТО не е помалку сино затоа што слепиот не го гледа“, вели една данска пословица. Но, дали во нашиот секојдневен динамичен живот гледаме дека небото е сино? Дали гледаме со доверба кон иднината? Дали навистина ѝ веруваме на добрата вест прикажана во Божјата Реч, Библијата?

Во претходната статија ги разгледувавме аспектите на дословното слепило. Сега да разгледаме една способност на гледање која е многу поважна. Тоа го вклучува нашето вечно добро како и изгледите на нашите сакани.

Без сомнение, се соочуваме со ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1, НС). Што се случува додека луѓето се мачат да спечалат средства за живот, да ги издржат здравствените потешкотии, семејните проблеми и да излезат на крај со социјалната неправда и недостатокот на љубов? За жал, многумина сфаќаат дека нивната доверба во блиските, во религијата и во владата, опаѓа. Чувствувајќи дека нема никаков излез, некои заклучуваат дека нивните проблеми нема никогаш да бидат решени на еден нормален начин. Во бразилскиот весник Jornal da Tarde, Жакоб Пинјеру Голдберг забележува: „Луѓето, соочени со бруталната реалност, се толку многу разлутени поради грешките така што веќе не расудуваат логички туку се ослонуваат на фрустрирачкиот мистицизам“. Сепак, дури и кога работите одат наопаку, ние сакаме да бидеме разумни, зарем не?

Претстави си за момент дека ти е потребен дом за твоето семејство, а дека парите не се во прашање. Веројатно ќе бараш наоколу и ќе посетуваш разновидни куќи во различни соседства. Иако продавачите на недвижен имот се обидуваат да им угодат на твоите желби, домот што си го замислил не можеш да го најдеш. Сепак, бидејќи се вклучени задоволувањето на потребите и доброто на твоето семејство, ти не се откажуваш, зарем не? Замисли сега колкава е радоста кога најпосле ја наоѓаш куќата на твоите сништа.

Исто како што би потрошил време во потрага по нов дом, зошто не ја испиташ Библијата за да најдеш решение за твоите проблеми? Како што треба да ги одмериме фактите кога донесуваме одлука за нов дом, така треба здраво да расудиме за она што го читаме во Божјата Реч. А уште покорисно од наоѓањето на дом е да ја увидиме и прифатиме вистината за Јехова Бог и Исус Христос. Исус рекол: „А животот вечен е тоа, Да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа“ (Јован 17:3).

Но, ако библиската порака е толку вредна, зошто тогаш толку многу остануваат слепи за нејзината добра вест? Една причина, што може многумина да ги изненади, е тоа што „целиот свет лежи во зло [власта на злобниот, НС]“ (1. Јованово 5:19). Како резултат на тоа, Сатана Ѓаволот „им ги заслепил умовите нивни, за да не ги осветли светлината на Благовестието за славата на Христа, Кој е образ на невидливиот Бог“ (2. Коринтјаните 4:4). Иако гледаме со очите, мозокот е тој којшто ја претвора светлината што влегува во окото. Оттука, да се биде слеп се дефинира и како „неспособност или безволност да се распознае или просуди“. Ова асоцира на една позната изрека: „Никој не е толку слеп како оној кој не сака да види“.

Едно слепо лице не може да види што има пред него, па така може да се најде во опасност да биде повредено. Дословното слепило кај многумина не може сега да се отстрани, па сепак, никој не мора да остане духовно слеп.

Поразување на духовното слепило

Исто како што лошите санитарни услови можат да доведат до слабеење на видот, така и деградираната средина може да придонесе кон моралното слепило. Освен тоа, Исус Христос предупредил на човечките доктрини и традиции. Тој јасно покажал дека тогашните религиозни водачи го заведувале своето стадо: „Тие се слепи водачи на слепци: а кога слепец води слепец, обата ќе паднат во јама“ (Матеј 15:14).

Наместо да бидат измамени од слепите водачи, колку се среќни оние кои ги отвораат своите очи спрема добрата вест за Божјето Царство! Исус изјавил: „За суд дојдов Јас во овој свет, за да прогледаат слепите“ (Јован 9:39). Меѓутоа, како можат да прогледаат духовно слепите? Па, да го продолжме нашето разгледување на дословното слепило.

Денес се достапни разновидни подготовки за оние со оштетен вид. Тоа не било секогаш случај. Сѐ до 1784, кога Валентин Еји ја основал специјалната школа за слепи, немало некои посериозни обиди да им се помогне на слепите луѓе. Подоцна, Луј Брај го измислил системот кој го носи неговото име; тој го сторил тоа за да им помогне на оние со оштетен вид да можат да читаат.

Како е со духовно слепите? Во последниве години биле направени напори да се објави добрата вест дури до најоддалечените делови на Земјата (Матеј 24:14). Јеховините сведоци се среќни што можат да им донесат надеж и на симболично и на телесно слепите.

Една Бразилка напишала: „Сакам да кажам дека и покрај мојата телесна маана, јас можам да гледам — духовно. Колку прекрасен Бог! Среќни сме поради спознанието дека ‚Јехова ќе ја отвори раката своја и ќе исполни сѐ што е живо со сите негови потреби‘“ (Псалм 144:16). А Жорж, кој е телесно слеп, се присетува: „Мојот живот може сосема добро да се подели на два дела: пред и после Сведоците. . . . Со нивна помош почнав да го гледам светот јасно и во светлост. Уживам прекрасен однос со секого во собранието“. Навистина прекрасно, а Библијата нѐ уверува дека наскоро никој на Земјата нема да биде слеп — ни дословно, ни духовно. Како ќе се случи тоа? Како ширум Земјата ќе се потврди вистинитоста на тоа дека „Господ им ги отвора очите на слепите“? (Псалм 145:8).

Единствениот траен лек — Божјето Царство

И покрај сето медицинско искуство, многу болести и понатаму предизвикуваат слепило, бол, и смрт. Тогаш, што е потребно за да се победи неисхранетоста, лошите санитарни услови и сиромаштијата, кои ги одземаат и видот и радоста на животот? Исусовото лечење на слепите и на другите болни било само еден мал пример за тоа како ќе биде во иднината. За среќа, неговото учење и делото на лечење биле навестување за благословите кои ќе се прошират на Земјата под Божјата Царска власт.

Лечењето во светски размери е близу.a Оваа божествена програма на лечење е прекрасно прикажана од страна на апостол Јован: „И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекуваше од престолот на Бога и на Агнецот. Среде главната улица и од двете страни на реката — дрвото [дрвја, НС] на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите“ (Откровение 22:1, 2).

Изразите како што се „вода на животот“ и „дрвја на животот“ покажуваат дека, откако денешниот зол систем ќе заврши, подготовките за лечење од страна на Божјето Царство постепено ќе го водат човештвото до совршенство. Всушност, благодетите од Исусовата откупна жртва (вклучувајќи го и потполното простување на гревовите), заедно со спознанието за Исус Христос и неговиот Татко, ќе донесат совршено здравје и вечен живот (Јован 3:16).

Среќа во Божјиот нов свет

Претстави си ја Земјата без криминал, загадување, или сиромаштија. Замисли го твоето семејство како живее во мир во обновениот Рај (Исаија 32:17, 18). Какво задоволство ќе биде да се набљудува разноликоста на бои, со совршен разум и сетила!

„Природните услови за човечкото суштество се да живее во околина која постојано се менува во светлината, бојата и обликот. Не постои монотона околина во природата“, вели Фабер Бирен. „Бојата е една од природните радости на овој свет. Тоа не е исклучок туку правило во природата, и повеќето од радостите на животот зависат од тоа“.

Колку е драгоцен дарот на гледање! Колкава ќе биде радоста кога очите кои некогаш биле слепи — дословно или духовно — ќе прогледаат!

Да, во обновениот Рај кој претстои, слепилото и другите инвалидитети нема повеќе да предизвикуваат несреќа! Никој повеќе нема да биде заведен. Бидејќи ќе преовладува вистинска љубов, сите ќе бидат духовно просветлени. Ова, и уште многу други работи, претстојат во блиска иднина, но токму сега е време да се биде одобрен од Оној кој ќе го исполни своето пророчко ветување: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите!“ (Исаија 35:5).

[Фуснота]

a Молиме разгледај ги доказите прикажани во книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, поглавје 18, издадена од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

[Слика на страница 7]

Тогаш ќе им се отворат очите на слепите!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели