ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/15 стр. 7-9
  • Живот без сетилото за вид

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живот без сетилото за вид
  • Разбудете се! 2015
  • Сличен материјал
  • Помагај им на слепите да го запознаат Јехова
    Нашата служба за Царството 2015
  • Стани повешт во службата — сведочи им на слепи лица
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2020)
  • Луј Брај — им донел светлина на затворениците на темнината
    Разбудете се! 2000
  • Прогледување за добрата вест
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 11/15 стр. 7-9
Паки со нејзиниот сопруг

Живот без сетилото за вид

„Веднаш откако се родив, во болницата ми ставија прејаки капки за очи. Поради тоа, речиси го изгубив видот. За време на тинејџерските години, целосно ослепев и паднав во депресија“ (Паки, средовечна жена чиј сопруг е исто така слеп).

ИМА многу причини поради кои може да дојде до сериозни оштетувања на видот или до слепило. Некои од нив се повреда или болест. Тие можат да ги оштетат очите, очните нерви или мозокот. Честопати, луѓето кои делумно или целосно го изгубиле својот вид не сакаат да го прифатат тоа што им се случило и се борат со чувства на тага и страв. Сепак, многу слепи лица научиле да се справуваат со предизвиците и да водат исполнет живот.

Очите се основен извор преку кој добиваме информации за светот околу нас. Затоа, кога некој ќе го изгуби својот вид, мора повеќе да се потпира на другите сетила — сетилата за слух, мирис, допир и вкус.

Во едно списание било објавено истражување кое покажало дека мозокот има способност „да се менува во склад со тоа што сме го доживеале“. Во статијата го пишувало и следново: „Постојат голем број докази кои покажуваат дека, кога не добива информации од едно од нашите сетила, мозокот може да направи нови врски и да ги изостри другите сетила“ (Scientific American). Размисли за следново.

Слух: Преку звуците, еден човек може да си создаде умствена слика за околината. Фернандо, кој го изгубил видот, вели: „Научив да ги препознавам луѓето по бојата на гласот, па дури и по начинот на кој чекорат“. Хуан, кој исто така е слеп, вели: „Слепите ги распознаваат луѓето по гласот“. Исто како сите други, слепите обрнуваат големо внимание на тонот на гласот со кој може да се пренесат најразлични емоции.

Со помош на сетилото за слух, слепите лица добиваат многу информации за своето опкружување. На пример, тие можат да сфатат во кој правец се одвива сообраќајот, колку е голема просторијата во која се наоѓаат или каде се лоцирани предметите.

Мирис: И сетилото за мирис може да биде богат извор на информации. На пример, кога едно слепо лице се движи во одреден правец, со помош на сетилото за мирис може да си создаде умствена слика за тоа каде се наоѓа — дали покрај кафетерија, ресторан, пазар итн. Освен тоа, таа слика ја дополнуваат и звуците што му се познати на слепото лице, како и информациите што ги добива преку сетилото за допир.

Допир: Франциско вели: „Прстите ми се очи“. На слепите лица многу им помага и белиот стап кој го користат како „очи“. Манасес, кој е слеп уште од раѓање, научил да го користи белиот стап уште како дете. Тој вели: „Точно знам каде се наоѓам благодарение на моите други сетила, помнењето и белиот стап“.

Човек чита Стражарска кула на Брајово писмо

Човек чита Стражарска кула на Брајово писмо

Исто така, сетилото за допир им помага на многу слепи лица да читаат публикации на Брајово писмо. Денес слепите имаат пристап до многу публикации кои можат да им го збогатат животот и да им помогнат да се зближат со Бог. Освен тоа, за нив има и голем број аудиоснимки, како и напредна компјутерска технологија која им овозможува да ја читаат Библијата и библиските публикации.a

Сето ова им влева неизмерна утеха и надеж на Паки и на нејзиниот сопруг, кои беа спомнати на почетокот од оваа статија. Исто така, тие добиваат поддршка од своите соверници во локалното собрание на Јеховините сведоци. Паки вели: „Сега можеме да водиме исполнет живот и да не бидеме целосно зависни од другите“.

Кога некој ќе го изгуби видот се соочува со посебни предизвици. Но, тоа што слепите луѓе успеваат да се справат со овие предизвици и да останат среќни ни покажува колку голема способност има човекот да се приспособи на новите околности и да води исполнет живот.

a Јеховините сведоци издаваат библиски публикации на Брајово писмо на повеќе од 25 јазици.

Иако сум слеп, водам исполнет живот

Марко Антонио со своето куче-водич, Данте

Марко Антонио, кој е сопруг, татко и сопственик на една фирма, е слеп уште од раѓање. Во интервју за Разбудете се! објаснува кои работи му носат радост и со какви предизвици се соочува.

Ти си сопственик на фирма. Какви обврски имаш околу бизнисот?

Одговарам на телефонски повици, се состанувам со клиентите и снабдувачите и водам сметка за финансиите.

Што правиш во слободното време?

Сакам да слушам музика бидејќи ме опушта. Исто така, сакам да свирам пијано, иако тоа е предизвик затоа што не можам да ги читам нотите на Брајово писмо и во исто време да свирам со двете раце. Кога за прв пат свирам некое музичко дело, ги читам нотите со десната рака, а со левата свирам на пијаното. Потоа, со левата рака ги читам нотите, а со десната свирам. Кога ќе ги научам нотите напамет, свирам и со двете раце.

Дали си се соочил со некои предизвици?

Кога бев мал, моите родители и моите браќа се грижеа за мене и не ме третираа како да сум слеп. И покрај тоа што понекогаш паѓав и се удирав, можев да ги правам повеќето работи што ги прави едно лице кое нема оштетен вид. Кога пораснав, особено ми беше тешко тоа што не можев да возам кола.

Денес имам жена и деца, прекрасно семејство кое јас го поддржувам и кое ме поддржува. Син ми Давид ја наследи мојата болест — атрофија на очниот нерв. Сепак, се трудам да му дадам добар пример. Сакам да научи дека, ако е стрплив и упорен, може да прави многу работи.

Зошто имаш куче-водич?

Со моето куче, Данте, можам да одам побрзо и побезбедно. Кога одам некаде за првпат, жена ми Лоли, која не е слепа, доаѓа со нас за да можеме јас и Данте да ја запомниме патеката. Мора да признаам дека отпрвин ми беше тешко да имам доверба дека едно куче ќе се грижи за мојата безбедност. Но, Данте заслужи да имам целосна доверба во него. Без разлика што се случува околу нас, тој е потполно посветен на својата работа. А кога ќе се вратиме дома, Данте е како и секое друго куче.

Бидејќи си Јеховин сведок, како ја проучуваш Библијата?

Кога технологијата за слепите не беше развиена како денес, Лоли ми ги читаше Библијата и библиските публикации. Таа ми беше од голема помош. Затоа можев дури и да држам говори на собраниските состаноци. Денес, сам ги читам Библијата и библиските публикации бидејќи ги имам на Брајово писмо. Освен тоа, ја користам и интернет-страницата на Јеховините сведоци, jw.org, од каде што преземам аудиоснимки. Исто така, имам Брајов екран кој ми помага да го читам она што е на мојот компјутерски монитор. Брајовиот екран има ситни иглички кои се подигаат и спуштаат и со тоа формираат букви од Брајовата азбука. Тоа е нешто навистина чудесно!

Голема чест ми е што можам да помагам во подружницата на Јеховините сведоци во Мадрид (Шпанија) каде што се прави транскрипција на библиските публикации на Брајова азбука. За да го подобрат квалитетот на публикациите на Брајово писмо, Сведоците во подружницата многу ги ценат предлозите на слепите лица. Чувствувам дека моите соверници навистина ме сакаат и ме ценат.

Дали сакаш да се дружиш со другите?

Да, особено со моето потесно семејство и другите Сведоци, со кои исто така ја проповедам добрата вест од куќа до куќа. Моите соверници се однесуваат со мене како и со секој друг човек. Понекогаш дури и забораваат дека сум слеп.

Во службата на проповедање можам да им ја пренесувам на другите скапоцената надеж од Библијата. На пример, во Исаија 35:5 пишува дека, под власта на Божјето Царство, „ќе им се отворат очите на слепите“. Кога бил на Земјата, Исус им го враќал видот на слепите, и со тоа покажал што ќе прави во иднина во уште поголема мера (Матеј 15:30, 31). Според тоа, изгубениот вид е само привремен проблем — нешто што е случај со сите други инвалидитети. Кога Земјата ќе биде рај, ниту еден човек нема да рече: ‚Болен сум или имам некаков хендикеп‘ (Исаија 33:24; Лука 23:43).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели