ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g99 8/11 стр. 18-21
  • Што има зад планетите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што има зад планетите?
  • Разбудете се! 1999
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Најдалечните објекти
  • Семејства комети
  • Безброј мали планети
  • Од каде дошле?
  • Изучување на кометите
  • Астероидите, кометите и Земјата — на пат да се судрат?
    Разбудете се! 1999
  • Исклучителната природа на нашето Сонце
    Разбудете се! 2001
  • Како настанал нашиот уникатен сончев систем
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дали планетата Земја е осудена?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Разбудете се! 1999
g99 8/11 стр. 18-21

Што има зад планетите?

Планета Х. Тоа е името што астрономот Персивал Ловел ѝ го дал на една неоткриена планета за која се сомневал дека орбитира зад Нептун. Неговата потрага по Планетата Х започнала во 1905 во неговата опсерваторија во Флагстав (Аризона). Иако Ловел умрел пред да ја пронајде Планетата Х, потрагата што ја започнал продолжила. Конечно, во 1930, во опсерваторијата на Ловел, Клајд Томбо ја открил планетата Плутон. Планетата Х постоела!

Астрономите веднаш почнале да се прашуваат: ‚Би можела ли да се најде уште една планета Х?‘ Следеа шест децении интензивно барање, а во последните години од потрагата се користеа дури и вселенски летала. Иако беа откриени илјадници астероиди, ѕвезди, галаксии и маглини, не беа пронајдени нови планети.

Сепак, потрагата не престана. Научниците почнаа да користат нова технологија и појаки телескопи за да откријат тела кои орбитираат и кои се милиони пати послаби од она што може да се види со голо око. Нивните напори конечно се исплатија. Зачудувачки е тоа што сега зад Плутон се забележани десетици помали планети!

Каде се наоѓаат тие мали планети? Уште колку можат да се пронајдат? Дали тие се најоддалечените објекти во нашиот Сончев систем?

Најдалечните објекти

Сончевиот систем се состои од девет планети кои орбитираат околу Сонцето. Освен тоа, илјадници карпести астероиди брзо се движат во просторот, најчесто во еден појас кој се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер. Забележани се и речиси илјада комети.

Кои од овие тела се движат на најголема оддалеченост од Сонцето? Недостижни во тој поглед се кометите.

Зборот „комета“ потекнува од грчкиот збор коме́тес, што значи „долга коса“ — а се однесува на долгите опашки кои оставаат трага зад нивните светли глави. Кометите биле извор на многу суеверија и на хистерија. Набљудувачите сѐ уште зборуваат за посетите на кометите како за привиденија. Ова потекнува од раните верувања дека тие се некои духови. Зошто луѓето толку се плашеле од нив? Една причина е тоа што нивното појавување понекогаш се совпаѓало со некои трагични настани.

Кометите сѐ уште предизвикуваат фанатизам. Во март 1997, во Калифорнија (САД), 39 членови на култот Небесна порта извршија масовно самоубиство кога кометата Хајл—Боп се приближи до Сонцето. Зошто? Затоа што очекувале дека некој вонземјански вселенски брод, кој наводно се криел зад кометата, доаѓа за да ги земе.

Не гледаат сите неразумно на кометите. Во четвртиот век пр. н. е., Аристотел укажал дека кометите се облаци на светол гас високо на небото. По неколку века, римскиот филозоф Сенека остроумно укажал дека кометите се небесни тела што орбитираат.

Со појавата на телескопот и со откривањето на Њутновиот закон за гравитација, изучувањето на кометите станало попрецизна наука. Во 1705, Едмунд Халеј утврдил дека кометите орбитираат околу Сонцето по долги, елиптични патеки. Понатаму, тој забележал дека кометите што се појавиле во 1531, 1607 и 1682 имале слични траектории и биле одвоени со редовни интервали од околу 75 години. Халеј исправно укажал дека секоја од овие појави е истата комета што орбитира, подоцна наречена Халеева комета.

Денес истражувачите знаат дека кометите имаат цврсто јадро, обично со пречник од 1 до 20 километри. Јадрото може најдобро да се опише како темна, правлива санта мраз која во својот состав најмногу има замрзната вода помешана со прав. Фотографиите на Халеевата комета снимени одблиску од вселенското летало Ѓото во 1986, покажуваат млазеви гас и прав кои излегуваат од кометата. Овие емисии ја сочинуваат светлата глава и опашката на кометата кои се гледаат од Земјата.

Семејства комети

Околу Сонцето орбитираат две семејства комети. Класификацијата на кометите е врз основа на периодите на орбитирање, односно на времето што е потребно за да завршат една револуција околу Сонцето. На краткопериодичните, односно периодичните комети — како што е Халеевата комета — им требаат помалку од 200 години за да направат едно патување околу Сонцето. Нивните орбити следат патеки кои се блиску до еклиптиката, небесната рамнина во која Земјата и другите планети кружат околу Сонцето. Можеби има милијарди периодични комети, од кои повеќето кружат зад најоддалечените планети Нептун и Плутон, на оддалеченост од милијарди километри од Сонцето. Понекогаш, некои од нив, како што е Енкеовата комета, имаат орбити кои се привлечени поблиску до Сонцето заради блиските средби со планетите.

Што е со орбитите на долгопериодичните комети? За разлика од нивните краткопериодични двојници, долгопериодичните комети кружат околу Сонцето од сите правци. Во нив спаѓаат кометите Хјакутаке и Хајл—Боп, кои прикажаа спектакуларни сцени кога се појавија последен пат. Меѓутоа, не се очекува да се вратат во текот на следните илјадници години!

Една огромна група од долгопериодични комети се движи во надворешните делови на Сончевиот систем. Овој рој е наречен Ортов облак, според холандскиот астроном кој, во 1950, прв укажал на неговото постоење. Од колку комети се состои овој облак? Астрономите проценуваат дека се повеќе од билион! Некои од овие комети патуваат на оддалеченост од една или повеќе светлосни години од Сонцето.a На вакви далечини, за едно кружење можеби ќе бидат потребни добри десет милиони години!

Безброј мали планети

Новоидентификуваните помали планети што беа спомнати на почетокот се наоѓаат зад Плутон, во истото подрачје со краткопериодичните комети. Од 1992, астрономите откриле околу 80 од овие мали, планетоидни тела. Можеби има десетици илјади од нив со пречник поголем од 100 километри. Овие минипланети го сочинуваат Кујперовиот појас, што го носи името на еден научник кој пред речиси 50 години претпоставувал дека постои. Телата во Кујперовиот појас веројатно се составени од комбинација на карпи и лед.

Дали неодамнешните откритија на овие мали планети го промениле начинот на кој се гледа на внатрешниот Сончев систем? Да, навистина! Плутон, неговата месечина Харон, Нептуновиот сателит Тритон и некои други ледени тела во внатрешниот Сончев систем сега се сметаат за тела кои дошле од Кујперовиот појас. Некои астрономи дури мислат дека Плутон повеќе не спаѓа во главните планети!

Од каде дошле?

Како кометите и помалите планети се нашле во толкав број во Кујперовиот појас? Астрономите укажуваат дека овие тела се создале од некој почетен облак од честички од прав и кондензиран лед, кои се споиле и формирале поголеми тела. Сепак, овие тела не биле густо распоредени наоколу за да продолжат да прераснуваат во големи планети.

Долгопериодичните комети се и составен дел од Сончевиот систем. Сѐ на сѐ, овие комети имаат маса која е околу 40 пати поголема од Земјината. Се мисли дека повеќето од нив се создадени рано во историјата на Сончевиот систем, во областа на надворешните џиновски гасовити планети.

Што ги натерало овие комети да излезат надвор од своите орбити толку далеку од Сонцето? Очигледно, големите планети, како што е Јупитер, дејствувале како силни гравитациони чатали за сите комети кои дошле во нивна близина.

Изучување на кометите

Кометите се состојат од некои од најпрвобитните материи во Сончевиот систем. Како можат понатаму да се изучуваат овие фасцинантни тела? Повремените посети на некои комети на внатрешниот Сончев систем овозможуваат одблизу да се испитаат. Различни вселенски агенции планираат во следните неколку години да испратат извесен број вселенски летала за да ги истражат кометите.

Кој знае што уште може да се најде во нашиот Сончев систем? Новите откритија и разбирање на далечните тела кои орбитираат околу Сонцето ја зголемуваат силата на библискиот стих запишан во Исаија 40:26: „Кренете ги очите свои кон висините небесни и погледнете, кој ги создал? Кој го пресметал бројот на војската нивна? Он сите нив ги нарекува по име“.

[Фуснота]

a Една светлосна година е еднаква на оддалеченоста што ја минува светлината за една година, односно 9,5 билиони километри.

[Рамка на страница 21]

КОМЕТИТЕ И МЕТЕОРСКИТЕ ДОЖДОВИ

Кога ќе видите како некој спектакуларен метеор прелетува по небото, се прашувате ли дали дошол од некоја комета? Можеби. Кога една комета ќе се приближи до Сонцето, нејзиното ледено јадро постепено се распаѓа, ослободувајќи опашка од карпести зрна, односно метеориди. Овие зрна не се толку лесни како правот во опашката на кометата и затоа соларниот ветар не ги одвејува во вселената. Наместо тоа, тие образуваат лента од отпад кој орбитира околу Сонцето по патеката на родителската комета.

Секоја година, Земјата се среќава со извесен број вакви метеорски потоци. Дождот на метеорот Леонид во средината на ноември произлезе од материјалот кој остана после кометата Темпел—Татл. Овој дожд дава извонредна претстава секои 33 години. Набљудувачите на небото кои го гледале дождот Леонид во 1966 известиле дека виделе повеќе од 2.000 метеори во една минута — што е вистинска луња! Во 1998 тој создаде заслепувачки огнени топки, и сигурно вреди да се види и овој ноември.

[Графикон/слики на страница 18-20]

1. Кометата Хајл—Боп во 1997

2. Едмунд Халеј

3. Персивал Ловел

4. Халеевата комета во 1985

5. Халеевата комета во 1910

6. Млазеви од гас и прав кои излегуваат од Халеевата комета

[Извори на слики]

1) Tony и Daphne Hallas/Astro Photo; 2) Culver Pictures; 3) Со љубезна дозвола на опсерваторијата Ловел/Dictionary of American Portraits/Dover

4) Со љубезна дозвола на Англо-Австралијанската опсерваторија, фотографија на Дејвид Малин; 5) National Optical Astronomy Observatories; 6) Проектот Ѓото, HMC главен истражувач д-р Хорст Уве Келер, телескопот Канада-Франција-Хаваи

[Графикон]

(Види во публикацијата)

7. Орбитите на неколку комети

Кометата Кохутек

Халеевата комета

Сонце

Земја

Енкеовата комета

Јупитер

[Слики]

8. Пред да удри во Јупитер во 1994, кометата Шумејкер—Леви 9 се распадна на 21 дел

9. Површината на Плутон

10. Кометата Кохутек, 1974

11. Астероидот Ида со својата месечина Дактил

[Извори на слики]

8) Д-р Хал Вевер и Т. Ед Смит (STScI), и НАСА; 9) А. Стерн (SwRI), М. Буи (опс. Ловел), НАСА, ESA; 10) фотографија на НАСА; 11) НАСА/JPL/Caltech

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели