ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w98 15/6 стр. 3-5
  • Дали планетата Земја е осудена?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали планетата Земја е осудена?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Сликовит опис на „судниот ден“
  • Сменета насоката на човековото погрешно управување
  • Може да се стори тоа
  • Астероидите, кометите и Земјата — на пат да се судрат?
    Разбудете се! 1999
  • Темза — значаен дел од наследството на Англија
    Разбудете се! 2006
  • Дали човекот ќе ја уништи Земјата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Бог ветува дека нашата планета ќе опстане
    Разбудете се! 2023
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
w98 15/6 стр. 3-5

Дали планетата Земја е осудена?

КРАЈОТ на 20 век се приближува, а 21 век само што не зазорил. Во оваа рамка, еден растечки број луѓе кои нормално би обрнале скудно или никакво внимание на пророштва за пропаст, се прашуваат дали можеби на видик е некој настан со важност која ќе го потресе светот.

Можеби во врска со тоа си забележал статии во некои весници и списанија — па дури и цели книги на таа тема. Со какви развитоци ќе започне 21 век, мораме да чекаме за да видиме. Некои луѓе истакнуваат дека пристигнувањето на крајот на 2000 година менува само една година (или една минута од 2000 до 2001) и веројатно нема да има некаква голема важност. Од поголема грижа за многумина е далекусежната иднина на нашата планета.

Едно пророштво кое се појавува со сѐ поголема зачестеност во денешно време е дека во извесен момент — без разлика дали во непосредна или во далечна иднина — самата планета Земја е осудена на потполно уништување. Разгледај само неколку такви мрачни прогнози.

Во својата книга The End of the World—The Science and Ethics of Human Extinction, првпат објавена во 1996, авторот и филозоф Џон Лесли нуди три можности што се однесува до тоа како би можел да заврши човечкиот живот на Земјата. Прво, тој прашува: „Би можела ли сеопштата нуклеарна војна да значи крај за човечкиот род?“ Потоа, додава: „Едно поверојатно сценарио . . . би било изумирање преку ефектите на радијацијата: рак, слабеење на имунолошкиот систем при што беснеат инфективните заболувања или, пак, бројни дефекти при раѓањето. Исто така, би можело да има и смрт на микроорганизми кои се важни за здравјето на природната средина“. Третата можност која ја објавува г-н Лесли е дека Земјата би можела да биде погодена од некоја комета или од астероид: „За кометите и астероидите чии орбити се такви што би можеле некој ден да ја удрат Земјата, се чини дека ги има околу две илјади, а во пречник изнесуваат од еден до десет километри. Постои и еден многу помал број (ако се процени, тоа би било чиста претпоставка) уште поголеми, и многу поголем број помали“.

Сликовит опис на „судниот ден“

Или разгледај еден друг научник, Пол Дејвис, професор на универзитетот во Аделаид (Австралија). Washington Times го опишал како „најдобриот научен писател на обете страни од Атлантикот“. Во 1994 тој ја напишал The Last Three Minutes, која била наречена „мајка на сите книги за судниот ден“. Првото поглавје од оваа книга е наречено „Суден ден“, и опишува едно замислено сценарио на она што би можело да се случи доколку некоја комета ја погоди планетата Земја. Прочитај дел од неговиот опис кој ја заледува крвта:

„Планетата се затресува со сила од десет илјади земјотреси. Еден густ бран од истиснат воздух пролетува преку површината на Земјината топка, сплескувајќи ги сите градби, столчувајќи сѐ што е на неговиот пат. Рамниот терен околу удреното место се крева во еден прстен од течни планини кои се високи неколку километри, разоткривајќи ја утробата на Земјата во еден кратер од 150 километри попречно . . . Во атмосферата, како ладало се шири еден огромен столб од правливи отпадоци, прикривајќи го Сонцето долж целата планета. Сега, сончевата светлина е заменета со злокобниот, треперлив блесок на милијарда метеори, печејќи ја Земјината површина со својата спржувачка топлина, додека истиснатиот материјал се втурнува назад од вселената во атмосферата“.

Професорот Дејвис понатаму го поврзува ова замислено сценарио со предвидувањето дека Земјата ќе биде погодена од кометата Свифт—Татл. Тој го додава предупредувањето дека иако еден таков настан можеби нема да биде веројатен во блиската иднина, според негово мислење, „порано или подоцна Свифт—Татл или некој друг објект како него ќе ја удри Земјата“. Неговиот заклучок се темели на проценки кои сугерираат дека 10.000 предмети со пречник од половина километар или повеќе, се движат во орбити кои се вкрстуваат со Земјата.

Дали веруваш дека еден таков застрашувачки изглед е реален? Изненадувачки број луѓе верува. Но, тие ја оставаат настрана секоја грижа со тоа што се уверуваат дека тоа нема да се случи во нивно време. Меѓутоа, зошто планетата Земја воопшто би требало да биде уништена — или наскоро или после милениуми од овој момент? Секако, самата Земја не е главниот извор на проблемите за нејзините жители — човечки или животински. Наместо тоа, зарем самиот човек не е одговорен за повеќето од проблемите во овој 20 век, вклучувајќи ја и можноста од потполно ‚уништување на Земјата‘? (Откровение 11:18, NW).

Сменета насоката на човековото погрешно управување

Што е со поверојатната можност дека самиот човек може тотално да ја руинира или да ја упропасти Земјата преку своето погрешно управување и лакомост? Нема сомнение во тоа дека веќе се случило големо уништување на делови од Земјата преку претераното ископачување, неконтролираното загадување на атмосферата и упропастувањето на водените текови. Пред околу 25 години тоа добро го сумирале авторите Барбара Ворд и Рене Дубо во својата книга Only One Earth: „Трите широки подрачја на загадување кои мораме да ги испитаме — воздухот, водата и почвата — ги сочинуваат, се разбира, трите главни составни елементи на нашиот планетарен живот“. А оттогаш, ситуацијата во основа не се изменила на подобро, зарем не?

Кога ја разгледуваме можноста за човековото руинирање или уништување на Земјата со својата сопствена лудост, можеме да бидеме охрабрени ако ја разгледаме чудесната моќ за опоравување и за регенерација на планетата Земја. Опишувајќи ја оваа способност на зачудувачко обновување, Рене Дубо ги дава овие охрабрувачки забележувања во една друга книга, The Resilience of Ecosystems:

„Многу лица се плашат дека свесноста за деградацијата на природната средина дојде предоцна, бидејќи голем дел од штетата која веќе им е направена на екосистемите е неповратна. По мое мислење, овој песимизам е неоправдан бидејќи екосистемите имаат огромна моќ на обновување од трауматските искуства.

Екосистемите поседуваат неколку механизми за самоизлекување . . . Тие им овозможуваат на екосистемите да го надминат ефектот на нарушувања едноставно преку прогресивно повторно воспоставување на првобитната состојба на еколошкиот еквилибриум“.

Може да се стори тоа

Истакнат пример за ова во неодамнешниве години е постепеното чистење на прочуената лондонска река Темза. Книгата The Thames Transformed од Џефри Харисон и Питер Грант, го документира ова извонредно достигнување кое демонстрира што може да се стори кога луѓето работат заедно за општото добро. Во својот предговор на таа книга, британскиот војвода од Единбург напишал: „Тука конечно има една успешна приказна во еден толку голем размер што вреди да се објави дури и по цена на тоа што може да охрабри некои луѓе да претпостават дека проблемите со заштитата всушност не се толку лоши колку што тие беа наведени да веруваат . . . Сите тие можат да се охрабрат од она што беше постигнато со Темза. Добрата вест е тоа дека ова може да се стори и дека и нивните шеми можат да успеат“.

Во поглавјето „Големото чистење“, Харисон и Грант ентузијастично пишуваат за она што било постигнато во последните 50 години: „За првпат во светот, една страшно загадена и индустријализирана река е обновена до еден таков степен што водните птици и риби се вратија во изобилство. Тоа што една таква трансформација се случи толку брзо, во ситуација која во почетокот изгледаше прилично безнадежна, му дава охрабрување дури и на најпесимистичкиот чувар на диви животни“.

Потоа, тие ја опишуваат трансформацијата: „Состојбата на реката низ годините толку брзо се влоши со што претставуваше, можеби, последниот удар кој дојде во текот на Втората светска војна, кога поголемите станици за прочистување на отпадните води и канализации беа оштетени или уништени. Во текот на 1940-тите и 1950-тите, здравјето на Темза беше на нејзиното најниско ниво. Реката малку се разликуваше од една отворена канализација; водата беше црна по боја, не содржеше кислород, а во текот на летните месеци смрдеата од Темза беше откриена во поширокото подрачје . . . На крај, некогашното изобилство риби беше истерано, освен неколку јагули кои можеа да преживеат поради нивната способност да дишат воздух директно од површината. Птичјиот живот во внатрешните, изградени текови на реката меѓу Лондон и Вулвич, беше редуциран на една рака диви патки и неми лебеди, кои ја должеа својата егзистенција на отпадоците од пристаништата за жито наместо на некоја природна залиха од храна . . . Кој тогаш би поверувал во драматичното преобраќање кое тукушто се случи? Во рок од десет години, тие исти текови на реката беа трансформирани практично од едно отсуство на птици до засолниште на многу видови водни птици, вклучувајќи и зимска популација од 10.000 пернат дивеч и 12.000 барски птици“.

Се разбира, тоа опишува само една трансформација во еден мал агол од Земјината топка. Сепак, ние можеме да извлечеме лекции од овој пример. Тој покажува дека планетата Земја не треба да се смета за осудена поради погрешното управување, лакомоста и непромисленоста на човекот. Правилното образование и обединетиот напор за општото добро на човештвото можат да ѝ помогнат на Земјата да ја преобрати дури и опсежната штета што ѝ е нанесена на нејзината екологија, природната средина и копнената површина. Но, што е со можната осуда од надворешни сили, како што е некоја залутана комета или астероид?

Следната статија го содржи клучот за задоволителен одговор на едно такво збунувачко прашање.

[Истакната мисла на страница 5]

Образованието и обединетиот напор можат да ѝ помогнат на Земјата да ја преобрати дури и опсежната штета што ѝ е нанесена

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели