ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/3 стр. 2-7
  • ‚Најдлабоки промени‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ‚Најдлабоки промени‘
  • Разбудете се! 2000
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Политички пресврти
  • Век на војни
  • „Една од најдраматичните глетки“
  • Значајна промена на подобро
    Разбудете се! 2000
  • Во потрага по добар живот
    Разбудете се! 2000
  • Човечки планови за меѓународна безбедност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Соперничките цареви влегуваат во 20 век
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/3 стр. 2-7

‚Најдлабоки промени‘

„Дваесеттиот век беше сведок на најдлабоките и најдалекосежни промени на кој и да е век во човечката историја“ (The Times Atlas of the 20th Century [Тајмсовиот атлас на 20-тиот век]).

КОГА ќе се осврнат на 20-тиот век, многумина несомнено ќе се согласат со Валтер Изаксон, главен уредник на списанието Time, кој рекол: „Од вековите што изминуваат, овој век беше еден од најзачудувачките: инспиративен, понекогаш страшен, секогаш фасцинантен“.

Гру Харлем Бруентлант, поранешен премиер на Норвешка, вели дека овој век е наречен „век на екстремности . . .во кој човечките пороци достигнале несфатливи длабочини“. Таа забележува дека тоа бил „век на голем напредок [а на некои места и на] невиден економски развој“. Меѓутоа, во исто време, сиромашните градски подрачја ги очекува мрачна иднина на „пренаселеност и ширење болести поврзани со сиромаштијата и со нездравата околина“.

Политички пресврти

Кога започна 20-тиот век, поголемиот дел од светот го контролираа манџурската династија во Кина, Отоманското царство и неколку европски империи. Само Британската империја опфаќаше една четвртина од земјината топка и владееше над секој 4-ти жител на Земјата. Долго време пред да заврши овој век, сите овие империи останаа само во учебниците по историја. „Во 1945“, вели Тајмсовиот атлас на 20-тиот век, „ерата на империјализмот беше мртва.“

Смртта на колонијализмот го покрена бранот на национализам кој ја зафати Европа во 17-тиот и 19-тиот век, а потоа се прошири и во други делови на светот. The New Encyclopædia Britannica вели: „По II светска војна, националистичкиот жар згасна во многу европски нации . . . Но, во Азија и Африка национализмот брзо се рашири, главно како реакција на колонијализмот“. Конечно, според The Collins Atlas of World History (Колинсовиот атлас на светската историја), „на историската сцена се појави Третиот свет, а ерата што започна пред пет века со ширењето на Европа, сега дојде до својот крај“.

Како што пропаѓаа империите, нивното место го заземаа независни нации — добар број од нив со демократски начин на владеење. Честопати, демократската влада наидуваше на остро противење, како на пример од моќните тоталитаристички влади во Европа и Азија во текот на II светска војна. Овие режими ја ограничуваа личната слобода и задржаа цврста контрола над економијата, медиумите и вооружените сили. Нивните обиди да постигнат превласт во светот беа конечно запрени, но дури после огромна загуба на пари и човечки животи.

Век на војни

Всушност, она што посебно го издвојува 20-тиот век од сите претходни векови се војните. Во врска со I светска војна, германскиот историчар Гидо Кноп пишува: „Први август 1914: Никој не претпоставуваше дека тој ден заврши 19-тиот век, кој им подари на Европејците еден долг период на мир; и никој не забележа дека дури тогаш започна 20-тиот век — со период на војна кој траеше три децении и кој покажа што може човекот да им направи на другите луѓе“.

Хју Броган, професор по историја, нѐ потсетува дека „влијанието на таа војна врз Соединетите Држави беше огромно, стравично и сѐ уште се чувствува денес [во 1998]“. Еден професор по историја на Харвардскиот универзитет, Акира Ирие, напишал: „Во многу погледи, Првата светска војна беше пресвртница во историјата на Источна Азија и Соединетите Држави“.

Разбирливо е зошто The New Encyclopædia Britannica ги означува првата и втората светска војна како „најголеми пресвртници во геополитичката историја на 20-тиот век“. Таа забележува дека „I светска војна доведе до падот на четири големи империјалистички династии . . . доведе до Болшевичката револуција во Русија, и . . . го положи темелот за II светска војна“. Исто така вели дека светските војни, всушност, биле „без преседан во поглед на колежот, крвопролевањето и уништувањето“. И Гидо Кноп кажува нешто слично: „Суровоста и човечката бруталност ги надминаа и најлошите очекувања. Во рововите . . . беше посеано семето на една ера во која луѓето се сметаа за материја, а не за личности“.

За да се спречат уште катастрофални војни како овие, во 1919 беше формирана Лигата на народите. Не успевајќи во својата цел да го зачува светскиот мир, во 1946 беше заменета со Обединетите нации. Иако се покажаа успешни во спречувањето на Трета светска војна, ОН не можеа да ја спречат студената војна, која со децении се закануваше да прерасне во нуклеарен холокауст. Ниту, пак, ги спречи помалите конфликти ширум светот, како што се оние на Балканот.

Со зголемувањето на бројот на нациите во светот, стана потешко да се зачува мирот меѓу нив. Една споредба на картата од пред I светска војна со денешната карта открива дека на почетокот на овој век, барем 51 африканска и 44 азиски нации кои постојат денес, во тоа време не постоеја како такви. Од сегашните 185 членки на Обединетите нации, 116 не постоеја како независни држави при нивното основање во 1945!

„Една од најдраматичните глетки“

Како што се ближел крајот на 19-тиот век, руската империја била сила со најголема територија во светот. Но, таа брзо ја губела поддршката. Според авторот Џефри Понтон, многу луѓе мислеле дека „е потребна револуција, а не реформа“. Тој додава: „Но, за да дојде до вистинска револуција беше потребна голема војна — Првата светска војна, како и хаосот што следеше по неа“.

Преземањето на моќта во Русија од страна на болшевиците во тоа време го положи темелот за една нова империја — светскиот комунизам под покровителство на Советскиот Сојуз. Иако родена среде светска војна, Советската империја не заврши со дожд од куршуми. Down With Big Brother (Долу големиот брат), книга од Мајкл Добс, тврди дека кон крајот на 1970-тите, Советскиот Сојуз бил „една огромна мултинационална империја која веќе тонела во неповратен пад“.

Сепак, неговиот пад беше неочекуван. Книгата Europe—A History (Европа — историја) од Норман Дејвис коментира: „Брзината на неговото пропаѓање ги надмина сите други големи падови во историјата на Европа“ и „настапи од природни причини“. Всушност, „подемот, развојот и пропаѓањето на Советскиот Сојуз“, вели Понтон, беа „една од најдраматичните глетки во дваесеттиот век“.

Но, пропаѓањето на Советскиот Сојуз беше само една од серијата длабоки промени во 20-тиот век кои имаа далекосежни последици. Се разбира, политичките промени не се ништо ново. Тие се случуваат веќе илјадници години.

Меѓутоа, една промена на полето на владите во текот на 20-тиот век е особено значајна. За тоа која е оваа промена и како влијае врз Вас лично, ќе биде дискутирано подоцна.

Но, како прво, да разгледаме некои достигнувања на науката во 20-тиот век. Во врска со нив, професор Мајкл Хауард заклучува: „Народите во Западна Европа и Северна Америка изгледа дека ја имаат секоја причина да го поздрават дваесеттиот век како почеток на една нова и посреќна ера во историјата на човештвото“. Дали ваквиот напредок води до она што се нарекува добар живот?

[Табела/слики на страници 2-7]

(Види во публикацијата)

1901

Кралицата Викторија умира после 64-годишно владеење

Светското население изнесува 1,6 милијарди

1914

Надвојводата Фердинанд е убиен. Избувнува I светска војна

Последниот цар, Николај II, со своето семејство

1917

Ленин ја води Русија во револуција

1919

Формирана е Лигата на народите

1929

Падот на берзата во САД води до Големата депресија

Ганди ја продолжува својата борба за независност на Индија

1939

Адолф Хитлер ја напаѓа Полска, со што започнува II светска војна

Винстон Черчил станува премиер на Велика Британија во 1940

Холокауст

1941

Јапонија го бомбардира Перл Харбор

1945

Соединетите Држави фрлаат атомска бомба врз Хирошима и Нагасаки. Завршува II светска војна

1946

Заседание на Обединетите нации

1949

Мао Це-тунг ја прогласува Народна Република Кина

1960

Оформени се седумнаесет нови африкански нации

1975

Завршува војната во Виетнам

1989

Берлинскиот ѕид е срушен кога комунизмот ја губи власта

1991

Советскиот Сојуз се распаѓа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели