ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g00 8/3 стр. 5
  • Прерано или предоцна?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прерано или предоцна?
  • Разбудете се! 2000
  • Сличен материјал
  • Кога започнува третиот милениум?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Новиот милениум — што ви носи иднината?
    Новиот милениум — што ви носи иднината?
  • Колку е значајна 2000-та година?
    Разбудете се! 1998
  • 2000 — значајна година?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2000
g00 8/3 стр. 5

Прерано или предоцна?

МНОГУ се зборуваше за започнувањето на 21-виот век и на третиот милениум од раѓањето на Исус Христос. Списанието Newsweek изјави дека „20-тиот век, кој започна како век на тотална војна и прерасна во атомска ера, изгледа дека завршува како ера на забава“. Во изданието од 22 јануари 1997 се известува: „Хотелите ширум светот веќе се целосно резервирани“ за прославата на новогодишната ноќ, 31 декември 1999.

Меѓутоа, некои луѓе велат дека прерано се прославуваше. Тие истакнуваат дека, спротивно на верувањето на многумина, 21-виот век и новиот милениум не започнуваат на 1 јануари 2000 туку на 1 јануари 2001. Бидејќи немало нулта година, првиот век траел од 1 до 100 година, вториот век од 101 до 200 година итн. Затоа се аргументира дека 20-тиот век, кој започнал на 1 јануари 1901, и вториот милениум, кој започнал на 1 јануари 1001, ќе заврши дури на 31 декември 2000.

Треба да се размисли и за уште една работа. Нашиот календар го дели времето врз основа на тоа дали е пред или после раѓањето на Христос. Денес изучувачите признаваат дека Исус бил роден порано отколку што се мислело претходно, со што стожерната година на календарот станува неточна. Има различни мислења за тоа кога бил роден Исус, но библиската хронологија укажува на 2 пр.н.е. Според тоа сметање, третиот милениум по Христовото раѓање веќе започнал есента минатата година! Натамошни информации можат да се најдат во српското издание на Разбудете се! од 22 мај 1997, страница 28, и англиското издание од 22 декември 1975, страница 27.a

Во секој случај, мудро е да се избегнува догматично да се тврди дека 21-виот век и новиот милениум веќе започнале. Меѓутоа, со оглед на популарните гледишта, Разбудете се! смета дека е соодветно во ова време да се дискутира за темата „20-тиот век — критични години на промена“.

[Фуснота]

a Видете и во изданието на Стражарска кула од 1 ноември 1999.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели