ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w99 1/11 стр. 3-4
  • 2000 — значајна година?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • 2000 — значајна година?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Сличен материјал
  • Кога започнува третиот милениум?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Колку е значајна 2000-та година?
    Разбудете се! 1998
  • Прерано или предоцна?
    Разбудете се! 2000
  • Новиот милениум — што ви носи иднината?
    Новиот милениум — што ви носи иднината?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
w99 1/11 стр. 3-4

2000 — значајна година?

ИМА ли нешто посебно во врска со 2000 година? Луѓето кои живеат во западните земји, општо земено, ја сметаат за прва година во третиот милениум. Во тек се детално разработени подготовки за нејзино прославување. Се инсталираат огромни електронски часовници за да ги одбројуваат секундите до започнувањето на новиот милениум. Се организираат новогодишни гала балови. По продавниците низ малите градови, како и во трговските центри во големите градови се продаваат маици со слогани за крајот на милениумот.

Црквите, големи и мали, ќе се придружат во свеченостите кои ќе траат преку целата година. Во почетокот на следната година се очекува папата Јован Павле II да отпатува во Израел за да ги предводи римокатолиците во она што се нарекува „јубилејна прослава на милениумот на Римокатоличката црква“. Се проценува дека следната година Израел планираат да го посетат меѓу два и пол и шест милиони туристи, од побожни до љубопитни.

Зошто толку многу луѓе планираат да го посетат Израел? Зборувајќи за папата, ватиканскиот службеник Раџер кардинал Ачегери рекол: „Годината 2000 е прослава на Христос и на неговиот живот во оваа земја. Затоа, сосема природно е папата да отиде таму“. Како 2000 година е поврзана со Христос? Обично се смета дека годината 2000 означува точно 2000 години од раѓањето на Христос. Но, дали е така? Ќе видиме.

Годината 2000 е уште позначајна за членовите на некои религиозни групи. Тие се убедени дека отприлика следната година, Исус ќе се врати на Маслинската Гора и дека во долината Мегидо ќе се води битката Армагедон, за која се зборува во книгата Откровение (Откровение 16:14—16). Во исчекување на овие настани, стотици жители на САД ги продаваат домовите и голем дел од имотите, и се селат во Израел. Во корист на сите оние кои не можат да ги напуштат своите домови, еден угледен евангелист од САД наводно ветил дека ќе го емитува Исусовото враќање на телевизија — во боја!

Во западните земји се интензивираат плановите за влегување во третиот милениум. Меѓутоа, луѓето од други земји си ја бркаат својата работа. Овие луѓе — мнозинството од светското население — не веруваат дека Исус од Назарет бил Месијата. Ниту, пак, задолжително го прифаќаат стилот на датирање пр. Хр. — А. Д.a На пример, многу муслимани го користат сопствениот календар според кој наредната година ќе биде 1420 — а не 2000. Муслиманите ги бројат годините од датумот кога пророкот Мухамед избегал од Мека во Медина. Луѓето ширум светот користат сѐ на сѐ 40 различни календари.

Дали 2000 година треба да има значење за христијаните? Дали 1 јануари 2000 е навистина некој посебен ден? На овие прашања ќе биде одговорено во следната статија.

[Фуснота]

a Во стилот на датирање пр. Хр. — А. Д., настаните кои се случиле пред традиционалното време на Исусовото раѓање се означени како години од „пр. Хр.“ (пред Христос); а оние кои се случиле после тоа се етикетирани како години „А. Д.“ (Ано Домини — „во годината на нашиот Господ“). Меѓутоа, некои упатени изучувачи повеќе сакаат да ги користат световните ознаки „пр. н. е.“ (пред наша ера) и „н. е“ (од нашата ера).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели