Вест за Царството бр. 36
Новиот милениум — што ви носи иднината?
Новиот милениум — почеток на нова ера?
НА ПОЛНОЌ на 31 декември 1999, заврши 20-тиот век.a Тоа беше век што доживеа големи немири. Но, истовремено беше почеток и на нови технологии, драматичен напредок во медицината, експлозија на информации и рапиден напредок на светската економија. Затоа, многумина го дочекаа новиот милениум како симбол на надеж и промени. Дали можеби ќе го доживее и крајот на војните, сиромаштијата, загадувањето на околината и болестите?
Многумина се надеваат на тоа. Но, колку е веројатно дека новиот милениум ќе донесе промени кои ќе Ви користат Вам — промени кои ќе го направат животот безбеден и сигурен за Вас и за Вашето семејство? Да размислиме за огромниот обем на само некои проблеми со кои се соочуваме.
Загадување
Индустријализираните земји „ѝ наштетуваат на природната средина во глобални размери и предизвикуваат загадување насекаде и нарушување на екосистемите“. Ако продолжат моменталните трендови, „природната средина ќе биде ставена под сѐ поголем притисок“ („Поглед на глобалната природна средина — 2000“, Програма за природната средина при Обединетите нации).
Болести
„До 2020 година, се очекува незаразните болести да бидат одговорни за седум од секои десет смртни случаи во земјите во развој, во споредба со помалку од половина денес“ („Глобалниот товар на болестите“, Весник на Харвардскиот универзитет, 1996).
Некои експерти тврдат дека „до 2010 година, [животот ќе го изгубат] 66 милиони луѓе во 23 земји каде што има најстрашна епидемија на [СИДА]“ („Справување со СИДА: Докази од светот во развој“, извештај на Европската комисија и Светската банка).
Сиромаштија
„Речиси 1,3 милијарди луѓе живеат со помалку од еден долар на ден, а приближно 1 милијарда не можат да ги задоволат своите основни потреби“ („Развој на човекот — извештај за 1999“, Програма за развој при Обединетите нации).
Војни
„Насилството во [различни земји] може да достигне беспримерен степен. Предизвикано од етнички, племенски и религиозни [поделби] . . . таквото насилство ќе доведе до . . . највообичаениот конфликт во следниот четврт век . . . убивајќи стотици илјади луѓе секоја година“ („Доаѓа новиот свет: Безбедноста на Америка во 21 век“, Комисија на САД за национална безбедност — 21 век).
Значи, вревата и возбудата заради новиот милениум го прикриваат фактот дека загадувањето, болестите, сиромаштијата и војните ни се закануваат повеќе од кога и да било порано. Во коренот на овие проблеми лежат алчноста, недовербата и себичноста — особини кои не можат да се отстранат само со научно истражување, технологија или политика.
Милениум што ќе биде благослов за човештвото
Еден древен писател еднаш забележал: „Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои“ (Јеремија 10:23). На човекот не му фали само способност да владее со земјата туку и правото на тоа. Само нашиот Творец, Јехова Бог, има право да ги реши проблемите на човештвото и знае како да го направи тоа (Римјаните 11:33—36; Откровение 4:11).
Но, кога? Како? Доказите дека сме близу до крајот на „последните денови“ изобилуваат. Ве молиме, отворете ја својата Библија и прочитајте што пишува во 2. Тимотеј 3:1—5. Таму живописно се опишани карактерните особини што ќе можат да се видат кај луѓето во текот на овие ‚тешки времиња‘. „Последните денови“ се опишани и во Матеј 24:3—14 и Лука 21:10, 11. Таму фокусот е ставен врз видливи настани што се случуваат од 1914 година, како што се светските војни, чумите и распространетиот глад.
Наскоро, ‚последните денови‘ ќе завршат. Во Даниил 2:44 стои: „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема да се разруши никогаш . . . тоа ќе ги победи и разруши сите [земни] царства, а само тоа ќе остане вечно“. Значи, проречено е дека Бог ќе воспостави едно Царство, односно влада, која ќе владее со земјата. Според Откровение 20:4, оваа влада ќе владее илјада години — еден милениум! Разгледајте само неколку аспекти во кои ќе се подобрат условите за живот за целото човештво во текот на овој величествен Милениум:
Економија. „Ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе ги јадат плодовите нивни. Нема да градат, за да живее друг, нема да садат, за да јаде друг“ (Исаија 65:21, 22).
Здравје. „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отнат; тогаш куциот ќе скока како елен, и јазикот на немиот ќе пее.“ „И ниеден од жителите нема да каже: ‚болен сум‘ “ (Исаија 33:24; 35:5, 6).
Природна средина. Бог ‚ќе ги уништи оние кои ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18).
Меѓучовечки односи. „Нема да прават зло и штета по целата Моја света гора, зашто земјата ќе биде полна со познавање на Господа“ (Исаија 11:9).
Милиони луѓе имаат вера во овие библиски ветувања и затоа стекнале оптимистичко, позитивно гледиште за иднината. Како резултат на тоа, полесно можат да се справат со притисоците и проблемите во животот. Како може Библијата да стане водечка сила во Вашиот живот?
Спознание кое води во живот!
Науката и технологијата понекогаш можат да нѐ заслепат. Сепак, на повеќето луѓе човечкото знаење не им го направило животот сигурен и среќен. Единственото спознание кое може да го постигне тоа е опишано во Библијата, во Јован 17:3, каде што стои: „Ова значи вечен живот, да примаат спознание за тебе, единствениот вистински Бог, и за оној кого го испрати, Исус Христос“.
Тоа спознание лежи на страниците на Библијата. Иако многумина имаат цврсти убедувања во врска со оваа света книга, малкумина воопшто ја испитале лично. Како е со Вас? Се разбира, за да се прочита Библијата е потребен приличен напор. Но, таа е достојна за тоа. Библијата е единствената книга која ‚е инспирирана од Бог и корисна за поучување, за укорување, за исправање на работите, за дисциплина во праведност‘ (2. Тимотеј 3:16).
Тогаш, како можете да почнете да се запознавате со Библијата? Зошто не прифатите помош од Јеховините сведоци? Тие поучуваат милиони луѓе во нивните домови, и тоа бесплатно. За да Ви помогнат во тоа, тие користат различни публикации што се темелат на Библијата, како што е брошурата Што бара Бог од нас? Таа дава концизни одговори на многу прашања што можеби ги имате во врска со Библијата, како што се: „Кој е Бог? Која е Божјата намера со Земјата? Што е Божјето Царство? Како може Библијата да го подобри Вашиот семеен живот?“
Ако сакате некој Јеховин сведок да дојде кај Вас, Ве молиме, пополнете го купонот подолу. Со задоволство ќе Ви дадат повеќе информации за славната Милениумска влада на Божјето Царство!
□ Би сакал да ја добијам брошурата Што бара Бог од нас? Означете на кој јазик.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија
[Фуснота]
a Овде мислиме на популарните западни гледишта во врска со новиот милениум. Технички гледано, новиот милениум ќе започне на 1 јануари 2001.