ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/2 стр. 8-9
  • Што ни носи иднината?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што ни носи иднината?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата?
  • Одговорот од Библијата дава вистински душевен мир
  • Што е Божјето Царство?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Живеј засекогаш на рајска земја
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Рај на Земјата
    Духови на мртвите — дали можат да ти помогнат или да ти наштетат? Дали навистина постојат?
  • Живот во мирољубив нов свет
    Живот во мирољубив нов свет
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/2 стр. 8-9

Што ни носи иднината?

ЗОШТО Е ВАЖЕН ОДГОВОРОТ? Постапките на човекот во голема мера зависат од она што го очекува од иднината. На пример, оние што не се надеваат на убава иднина понекогаш го прифаќаат гледиштето: „Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме“ (1. Коринќаните 15:32). Таквиот став честопати води до претерано јадење, пијанчење и неспокој — а не до вистински душевен мир.

Точно, ако иднината зависи само од луѓето, не можеме да очекуваме ништо убаво. Воздухот, водата и почвата се загадуваат како никогаш досега. Опасноста од нуклеарна војна и терористички напади е сѐ поголема. Болестите и сиромаштијата погодуваат милијарди луѓе во целиот свет. Сепак, имаме реална основа за надеж.

Иако луѓето не можат точно да ја предвидат иднината, Јехова Бог вели дека тој ‚од почетокот го јавува завршетокот, од дамнина го јавува она што уште не било‘ (Исаија 46:10). Што вели Јехова за иднината?

Што вели Библијата?

Јехова нема да дозволи потполно да бидат уништени Земјата и животот на неа. Всушност, Библијата ветува дека Бог ќе ги ‚уништи оние што ја уништуваат земјата‘ (Откровение 11:18). Преку своето небесно Царство, Јехова ќе ја исчисти Земјата од злобата и ќе ги создаде условите што ги наумил уште од почетокот (1. Мојсеева 1:26-31; 2:8, 9; Матеј 6:9, 10). Следниве библиски стихови ни покажуваат каква иднина нѐ очекува и опишуваат настани што наскоро ќе го засегнат секој човек на Земјата:

Псалм 46:8, 9: „Дојдете, гледајте ги делата на Јехова, зачудувачките работи што ги направи на земјата! Ги прекинува војните до крајот на земјата. Го крши лакот, го здробува копјето, со оган ја пали колата“.

Исаија 35:5, 6: „Тогаш ќе им се отворат очите на слепите и ќе им се отнат ушите на глувите. Тогаш сакатиот ќе скока како елен, а јазикот на немиот радосно ќе извикува. Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци“.

Исаија 65:21, 22: „Тие ќе градат куќи и ќе живеат во нив, ќе садат лозја и ќе го јадат нивниот род. Нема тие да градат, а некој друг да живее во нив, нема тие да садат, а некој друг да го јаде нивниот род“.

Даниел 2:44: „Небесниот Бог ќе подигне царство, кое нема никогаш да пропадне. И тоа царство нема да премине на некој друг народ. Тоа ќе ги сотре и ќе ги уништи сите други царства, а самото ќе стои довека“.

Јован 5:28, 29: „Доаѓа часот во кој сите оние што се во гробовите ќе го чујат [Исусовиот] глас и ќе излезат“.

Откровение 21:3, 4: „Самиот Бог ќе биде со нив. И тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“.

Одговорот од Библијата дава вистински душевен мир

На прв поглед, она што е речено погоре можеби ти звучи премногу добро за да биде вистинито. Но, овие работи ги ветил Бог, а не некој човек. А Јехова Бог „не може да лаже“ (Тит 1:2).

Ако стекнеш доверба во Божјите ветувања и живееш според неговите закони, ќе задржиш душевен мир и во најтешките околности. Ни војните, ни сиромаштијата, ни болестите, па дури ни староста ни помислата на смртта нема трајно да ти го одземат мирот. Зошто? Затоа што ќе бидеш сигурен дека Божјето Царство ќе ги отстрани последиците од сите овие маки.

Како да стекнеш таква надеж за иднината? Мора ‚да го обновиш својот ум‘ и ‚да утврдиш која е Божјата волја — што е добро, прифатливо и совршено‘ (Римјаните 12:2). Сигурно ќе ти бидат потребни и други докази за да можеш да се потпреш на ветувањата што се запишани во Библијата. Затоа, вреди да ги побараш тие докази. Ретко која друга работа во животот ќе ти донесе поголем душевен мир.

[Слики на страници 8 и 9]

Што вели Божјата реч за иднината?

Исаија 35:5

Исаија 35:6

Јован 5:28, 29

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели